да додам кој е автор на овие карикатури со тематика од најново време, да не речам од најактуелна македонска сцена, тоа е Сабедин Ејупи - Саугон
Роден бил на 29 јули 1956 година во скопска Патишка Река, за време на основното и средното образование, се истакнувал со музички па и со ликовниот талент од кога почнал со изработка на портрети и карикатури.
Својата триесетгодишна меѓународна кариера како карикатурист и портретист ја започнал работејќи во 1984 година во Корчула, Хрватска па во Порторож, Словенија, за да од1987 до 1990 година активно работел во Пореч, Хрватска, посветувајќи се на изработката на портрети, во 1991 година работел во Скиатос во Грција и во Бодрум, Турција, а подоцна, истата година заминал за во Копенхаген, Данска, во 1992 година работел на грчките острови Парос, Кос, како и во Турција, во Чешме, Анталија и Аланија и Северен Кипар, во 1995 па се до 2007 година, активно работел во туристичкото гратче Ричоне, Италија па во 2008 и 2009 година работи во Охрид, Македонија, а следните две лета ги поминува работејќи во Саранда, Албанија.
карикатури на познати и на обични луѓе од раката на овој уметник...