Кариерата на SanIker

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Конечно излезе проклетиот крак, па сега може да заборавиме на се и да се посветиме на ФМ. :)
Пошто Слоба претходно ми ја инсталираше играта и ја проучив што како има ново во оваа верзија, штом излезе кракот можев уште одма да почнам со вистинско играње. (го форматирав компјутерот и отиде тоа се што ми инсталираше Слоба).

Отсекогаш на менаџериве најинтересно ми било да почнам без клуб, па така и сега. После околу 5 месеци барање на соодветен клуб, конечно наидов на неколку интересни клубови во кои аплицирав, и на крај ме прифатија во Мурсија, тим од втората лига на Шпанија.


Мурсија е тим кој потекнува од истоимениот град Мурсија. Основан е во далечната 1908 година, а своите натпревари ги игра на Estadio Nueva Condomina, коj има капацитет за 33.045 гледачи.

Овој тим воглавно се натпреварува во втората лига на Шпанија, таканареченета Сегунда каде што има поминато дури 51 сезона, 18 сезони има играно во Примера, 7 во Сегунда Б (трето по ранг натпреварување во Шпанија), и 5 во Терцера (четврто по ранг натпреварување во Шпанија).

Клубот го превземав на 3 ноември, и дотогаш се наоѓаше во ужасна состојба. Последно место на табелата, освоени само 5 бодови, нерасположени играчи, лоша финансиска состојба, и така натаму. Првиот мој натпревар беше против Гирона, натпревар кој донесе многу промени во формацијата, нови тактики, и сето тоа на крајот се исплатеше со одличен резултат како за прв натпревар, 1-1. Како одминуваше времето тимот се повеќе и повеќе се прилагодуваше на мојата тактика и резултатите идеа сами по себе.

Резултатите од досега одиграните натпревари: (да напоменам уште еднаш дека јас го превземав клубот на 3 ноември)




Еве како изгледа и тимот, нема пари за трошење така да не можам да се засилам со некој играч во зимскиот преоден рок..



Најчесто ја користам оваа формација, освен кога играм против потежок противник или кога бранам резултат, тогаш тие СМ ги прекомандувам во DM. Моментално страничните бекови ми се можеби најслабата алка, али ќе ја изгураме сезонава со нив па догодина се надевам дека ќе се засилам на тие позиции.

Моментално на полусезона се наоѓам на одличното 13то место, одлично бидејќи пред да дојдам тимот беше убедливо последен, па мислам дека првичната цел која ја имам сезонава а тоа е опстанок ќе биде лесно остварена, а наредната сезона со некое засилување да се атакува на некое од местата кое водат во првата лига... Нареден апдејт кога ќе се заврши првата сезона. :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Мурсија се чита инаку не Мурчија :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719


Успешно завршена првата моја сезона во Мурсија, велам успешно затоа што целта ми беше колку-толку да го извадам тимот од калта во која беше заглавен до пред да го превземам. Главната цел ми беше да обезбедам опстанок, и тоа и се случи. Можеби ќе забележев многу подобар резултат ако во клучниот дел од сезоната не ми се повредеа неколку важни играчи, и сето тоа резултираше со само една победа во десет натпревари. На крајот откако се опоравија сите играчи успеав да сврзам неколку победи по ред и да обезбедам опстанок. Од играчите можам да го издвојам напаѓачот Кике кој беше втор најдобар стрелец во лигата.

Во новата сезона цел ми е да се пласирам некаде околу средината на табелата, али јас се надевам дека со неколку засилувања по мој вкус ќе успеам да се борам за влез во Примера. Ќе биде ова интересна сезона, повеќе инфо на полусезона. :)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Успешно завршена првата моја сезона во Мурсија, велам успешно затоа што целта ми беше колку-толку да го извадам тимот од калта во која беше заглавен до пред да го превземам.
Признај си дека е затоа што Барса Б испаднале во 3. лига :icon_mrgr:

Иначе играм и јас со Енерџи Котбус во втора лига, па гледам дека е доста потешко да се позајмат играчи од прва лига. На ланската за младите играчи не бараа никаква доплата, ни плаќање на процент од плата. Сеа обавезно бараат бар 50% ти да плаќаш. Каква е кај тебе ситуацијата? Сеа за „џабе“ можеш изгледа само од партнерски клуб да добиеш играч.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Признај си дека е затоа што Барса Б испаднале во 3. лига :icon_mrgr:

Иначе играм и јас со Енерџи Котбус во втора лига, па гледам дека е доста потешко да се позајмат играчи од прва лига. На ланската за младите играчи не бараа никаква доплата, ни плаќање на процент од плата. Сеа обавезно бараат бар 50% ти да плаќаш. Каква е кај тебе ситуацијата? Сеа за „џабе“ можеш изгледа само од партнерски клуб да добиеш играч.
Исто е и кај мене... Eдино успеав да позајмам еден играч од Динамо Дрезден, и самиот не знам колку понуди испратив али никој не сакаше.. А уште еден проблем е што немам parent club, побарав од бордот али не сакаа да го реализираат тоа.

И да, отвори тема. :icon_mrgr:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719


Ииииииииии конечно... После долго време Мурсија е повторно во Примера ! :D

Табела:


Зaсилувањата за изминатата сезона:


Доста добро се покажаа сите засилувања освен Родри кој не успеа да се снајде во нападот покрај Кике (32 гола, најдобар стрелец сезонава). Урета беше втор најдобар асистент во лигата, а исто така и Лосила и Диелна имаа одлични бројки на крајот на сезоната.

Искрено не очекував дека ќе се пласирам директно во Примера, особено што во седмото коло се наоѓав на 20тата позиција, но, потоа следеше една серија од 16 натпревари без пораз која ме донесе до врвот на табелата, и до крајот требаше само да се оддржува предноста пред останатите. Сега во првата сезона после долго време во Примера главната цел е да се обезбеди опстанок, па за неколку сезони со добри засилувања да се атакува и на местата кои водат во Европа... :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Апдејт нема нешо? Како ја помина првата сезона во Примера.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Апдејт нема нешо? Како ја помина првата сезона во Примера.
Арно ме потсети.. :)

Првата сезона во Примера ја завршив на одличното 11то место, иако се предвидуваше дека ќе се борам за опстанок. Во купот стигнав до полуфинале каде што бев исфрлен од Атлетико Билбао.

Ова беа трансферите направени за таа сезона:


Одлично се покажаа скоро сите засилувања, освен Пачеко кој цела сезона не успеа да влезе во форма и беше продаден на крајот од сезоната. За мое изненадување, најдобар трансфер ми беше македонецот Шиков кој беше земен за без пари, а е вистински столб во одбраната, во втората сезона ми е играч со најголем рејтинг.

Втората сезона во Примера со Мурсија ја завршив уште подобро. Седмо место во првенството, освоен купот на Шпанија. Во финалето го декласирав Реал со 4-0, и самиот не знам како се случи тоа... :)

Трансферите кои беа направени таа сезона:


Марко Мота ептен разочара, па најверојатно после 6 месеци ќе биде продаден, исто и најскапото засилување не се покажа кој знае колку добро, не дека беше лош, али за тие пари очекував многу повеќе. Останатите играчи имаа добра сезона, највеќе сум задоволен од Роберто Лаго.

Одлична сезона, седмо место во Примера, најголем успех на Мурсија во историјата, обезбедено место во Европа преку купот, така да очекувам газдата да го одврзе ќесето и наредната сезона да се избориме за место кое води во Лигата на шампионите..

Стигна и една одлична понуда:


Долго време се мислев дали да ја прифатам, затоа што со Анжи многу полесно би стигнал до резултати во Европа, али решив да останам тука каде што сум и да пробам со Мурсија конечно да ја прекинам доминацијата на Барса/Реал во Шпанија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom