Кариерата и љубовта

Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Може ли љубовта да ни ја уништи кариерата? Сами ли го правиме тоа,ако веќе се случи,или партнерот/ката ни го уништува професионалниот напредок?

Како може партерот/ката да ни ја уништи кариерата? Зошто би го направил/а тоа? Намерно,или несвесно?

А ние? Сме се прашале ли,дали можеби на некој начин,со некоја постапка,му попречуваме во развојот на партнерот/ката?
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Љубовта не и требало да уништува, таа создава, не потткнува да бидеме инвентивни, да ги сакаме сите, да си ја сакаме работата, ни дава волја за обврските да се исполнат... Доколку е таква што не упропастува нас, нашиот живот и работа - нешто не е во ред со неа. Ако тоа му го правиме на партнерот - пак нешто не е во ред и ќе пукне (најверојатно така и треба).
За мене уништувањето на животните можности ако не е ненамерно туку свесно е ненормално. Не би сакала еден ден да бидам обвинувана од некој дека сум го уништила или пак јас да обвинувам некого!
 
D

Delux

Гостин
ne mi e jasno kako mozi ljubovta da ni ja unisti karierata...jas ne se slozuvam so toa.
Sekogas se nametnuva prasanjeto dali e povazna karierata od llubovta,ili dali bi se otkazale od karierata samo za da bidis so licnosta so koja ja sakas...moe mislenje e deka ne mozime slepo da odime po toa sto ni kazuva srceto.Karierata e mnogu vazna vo zivotot,normalno da ne go zapostavme i partnerot.
Ne znam so kakva postapka jas bi mu poprecil vo razvojot karierata na partnerkata.Moras da ja podrzuvas vo toa sto go raboti,a i taa tebe,so toa dobivame potik za da bideme uste pouspesni vo karierata.Togas ke sfatime deka sme uspesni luge.
 
K

kicodarker

Гостин
ljubovta e dvizeckata zivotna sila i nema logika taa da unistuva tuka taa dava
mnogu raboti i e edna od pricinite za pouspesna kariera!!!
a karierata moze da si ja unistite samite sebesi ili pak kolegata ama ljubovta - nikako!!!
a moze li ljubovta da go unisti zivotot? da da da!!!
 

Mesija

Hardcore Superstar...
Член од
13 ноември 2005
Мислења
212
Поени од реакции
1
Љубовта дава надеж да продолжиш понатаму, и ти дава поттик од сите аспекти од нашиот живот..Љубовта не уништува, љубовта создава поттик за и кога ни е тешко да продолжиме понатаму..А за уништување на кариерата?? Па како може љубовта да ти ја уништи кариерата?? па, ако си ја уништиш кариерата, ти можеш да се обвинуваш сам себеси за тоа, бидејќи со или без налагање си се откажал од кариерата!!

И имам едно потпрашање за сите вас...

„Доколку се најдите во ситуација да избирате меѓу кариерата и партнерот, што ќе изберете??( под услов, во сплет на ситуации да се случи тоа , без налагања од партнерот, едноставно да дојде ситуација кога едно добиваш а друго губиш, ТРЕТО НЕМА??)
 

SteF

I love this Kich
Член од
19 март 2006
Мислења
2.183
Поени од реакции
1
искрено постовиве бла бла бла... ко да гледам некое Амреричко страње.

муабетот ми е некам ја да ви контрирам али реално мене така не ми стојат стварите, ако си имал прекрасна нок со либето, да не кажам секс (али кажав) фала богу утре и овцата на комшијата ке ви биде едно прекрасно суштество кое што господ го создал на плнетава и кога ке отидете на работа све тоа ке ви изгледа прекрасно и на сите ке им се смешкате и со сите ке ви иде муабетот (позитивно фала богу) и таа позитивност кај вас ке влиае кај сите во колината и све тоа ке биде СУПЕр, ко од сништата или благо речено ко на амерички филм,

АМА (како и во скоја прича има ама) секој ден не е велигден :)pusk:) и после некој ден, два еве да речеме и недела ке замре и после тоа ке ве накурчи некој на работа и муабетот ке биде да му цркне на комшијата овцата и се натаму.

тоа како е врзана лјубовта со работата.

а работата со лјубовта е тука веке има и гревчиња, некои што денонокно р`мбаат и р`мбаат за да си изградат кариера и не викам дека за неколку години ако не и декада ке стане директор али од :pusk: ке го гледа само на ТВ (ако има време)

и можеби јас малце забегав од темата али муабетот ми е дека тие две ствари заедно тежат исто т.е. или едното е подобро а другото послабо или обратно (морам да кажам секоја чест на исклучоците)

и да се вратам на темата дали љубовта може да ни ја заебе кариерата ке речам ДА и тоа несвесно, како што и би кажал дека кариерата може да ни ја зае*е љубовта.

пс: ова малце и од лично искуство во однос кариера т.е. работа со "љубов" (гревче:toe:)

псс: не ме свакајте толку негативно околу љубовта,не сум ептен разочара па само серам наоколу.
....фала на разбирањето.
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Ako si prechime vo razvoj ne sme eden za drug. Se gordeam na negoviot uspeh i tuka sum stalno da mu pomognam ako mozam , kako sto ocekuvam deka koga mene mi treba pomosh ili sovet ke mozam da se navalam na nego. Imame potpolno razbiranje za karierite nashi sepak tie ni stavat leb na masa i ne pravata toa sto sme . Golem del od denot go pominuvame na rabota i ako toj del ne e poln so razbiranje i poddrska mnogu potesko se izdrzuva...
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
49
Поени од реакции
6
Абе шо се мора мора, љуби те твоја Зора.
Е вака една Зора му пишала на маж и од кога тој нонстоп трчал по работа,немал време да и посвети внимание.
Да не забегам и јас, по се мислам дека станува збор за индивидуален избор, некој си трча по кариера,некој тера ќеиф...
А ако се прашувам јас, би рекол КАРИЕРА
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Љубовта и кариерата не се споредливи категории според мене.Затоа и јас се сложувам дека една со друга не си пречат,туку се надополнуваат, освен во некои екстремни случаи.

Но,нели мислите дека, ако партнерот/ката ви звони на мобилен 20 пати, додека сте на работа,и ве ремети,тоа ќе повлијае на мислењето за вас, што го имаат колегите? Или, ви се тропне ненајавено, на работа сред состанок,неприкладно облечен/а??? Се напие повеќе од пристојно на некој хепенинг со луѓето со кои соработувате???

Што кога вие се сомневате, дали навистина е со колегите/колешките на службен ручек, или семинар,или состанок,па вртите често,се појавувате од нигде, на местото на настанот...??? Се однесувате презаштитнички,заљубено,неприкладно за службена атмосфера???

Таквите ситуации можат да влијаат на успехот во кариерата.Влијаат на општото мислење за вас и вашиот партнер,па од тука се носат заклучоци за вас како личност и професионалец.

На тоа мислев,кога ја поставив темата!!!:)
 

Волшебник

....твој избор....
Член од
16 мај 2007
Мислења
220
Поени од реакции
4
Мора да имаш приоритет во животот и пред се да знаеш да си го распределиш времето.....Јас и градев кариера и лудо се забавував.....Се се може ако се сака.......
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Не може љубовта да ни ја уништи кариерата,туку ние поради љубовта да си ја уништиме кариерата.
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
ragazza напиша:
Ako si prechime vo razvoj ne sme eden za drug. Se gordeam na negoviot uspeh i tuka sum stalno da mu pomognam ako mozam , kako sto ocekuvam deka koga mene mi treba pomosh ili sovet ke mozam da se navalam na nego. Imame potpolno razbiranje za karierite nashi sepak tie ni stavat leb na masa i ne pravata toa sto sme . Golem del od denot go pominuvame na rabota i ako toj del ne e poln so razbiranje i poddrska mnogu potesko se izdrzuva...
Уште да додам дека од хармонична љубов црпиш сила за успех и тогедер у кан конкер де ворлд.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Па, битни ми се и љубовта и кариерата (што планирам да ја остварам во иднина), и претпоставувам би се чувствувала многу лошо доколку се најдам во ситуација да бирам помеѓу љубов и кариера.
Љубовта е битна, партнерот и се во врска со него е битно. Но како може да се има успешна љубов, без успешна кариера што ќе носи заработка за семејството? Беспарицата носи кавги во семејството и не би сакала да се откажам од кариерата заради повреденото его на партнерот и да се доведам во ситуација да речам: „Ти си крив затоа што немаме пари сега”. Ова го наведов како пример, а може и да се случи обратно, „Те молам не ме оставај, ќе се откажам од кариерата”.

Како и да е, сметам дека партнерите треба меѓусебно да се поддржуваат и да го почитуваат изборот на кариерата. Тука би се согласила со рагаца:)
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
љубовта е се во животот..ако сакаш да ја почуствуваш и доживееш спреми се да се откажеш од некој работи ..можеби во еден момент и од твојата кариера
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Не се взаемно исклучиви. Среќа, ниедна не ме заебала до толку да, например квадрирам или имам проблеми на работа. Мислам дека сум успешен во двете области.
Мада, ако не беше така, го ставам образованието, после кариерата на прво место, љубовта сама ќе си дојде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom