Карантински аквариум

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
karantin.jpg

Имајте на ум дека "несаканите гости" чукаат на вратата за влез во аквариумот т.е. болестите. За да го спречите влезот на болестите во аквариумот треба да ги третирате новите риби и растенија со карантин. Добра идеја е сите нови риби да бидат во карантин од четири до шест недели пред да ги ставите во аквариумот. Чувајте го аквариумот во добра форма и изведувајте го рутински одржувањето.

Ако купите една или две риби доволен ќе биде карантин од дваесетина литра. Единственото нешто што треба да го има карантинот се филтер (обично се става hang on), греач и некои лажни растенија за да мислат дека се во природата.

Дали треба да се лечат?
Лекување на новите риби, не е лоша идеја (во карантин). Рибите се подложни на одредени проблеми или често ги имаат при набавка.

Дали е добра идејата, да се лечат во украсниот аквариум за да се спречи некој вид инфекција? Апсолутно не. Овој вид третман е веројатно ќе создаде повеќе проблеми отколку што би можел да ги реши. На пример, со овие третмани може да се уништи биофилтрацијата т.е. корисните бакетрии. Исто така, постои веројатност да се создадат нови видови на бактерии, кои се отпорни на антибиотици или да и гo ослабнете имунолошки систем на рибата.

Нема ништо лошо во тоа да се стави сол во аквариум, но нешто друго не е во ред со тоа. Размислете - овие се слатководни риби. Нивната животната средина, е без сол. Па зошто би им била потребни солта во аквариумот? Солта може да се користи како лек, но да се додава во аквариумот е глупост. И секако, рибата треба да се лечи во карантин, не во заеднички аквариум со други риби.

Сол
Дозата на сол варира, од 1 лажица за секои 5, 10, или 15 литри.
Некои риби и растенија се многу многу осетливи ставањето сол во аквариумот, треба да истражите прво информации за рибите па после да ги лечите со сол.
Солта се користи како третман, за ограничен временски период. Таа не испарува, така што ако ја користите во украсниот аквариум ќе ви требаат многу промени на водата за да ја исчистите, а дотогаш растенијата ќе се уништат, а рибите осетливи на сол ќе умрат. Исто така, солта не треба да се користи како додаток во одстоената вода за неделната промената.


Автор: Горан Маневски​
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom