Сакам да одам на Тенерифе летово/есенва, во игра се и други места ама после сликиве кои ги видов на претходната страна Тенерифе ми е фаворит. Го прочитав тоа што го напишала
@devojka87 и цените се преевтини, меѓутоа мене не ми излегуваат. Хотели резервира преку booking? За десет ноќи, најевтино што најдов е 500 евра за двајца (и дете), само спиење. А авионот скап, или јас не знам да барам. Немам определено точен датум, само да биде после јули бидејќи стариот одмор ми е целиот искористен. А сајтовиве за превоз ми се сите да кажам точен датум и после според тоа да ми дадат резултати, и ми излегува 300 евра од човке преку Барселона што е многу поскапо од она што го читам тука. Помош, некој?