Канал 5 остана без главен и одговорен уредник

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Телевизија Канал 5 остана без главен и одговорен уредник. Ацо Кабранов, како што неофицијално дознаваме, побарал од сопственикот на оваа ТВ-куќа Емил Стојменов да биде тргнат од раководната функција и неговото име веќе не фигурира на шпицата на „петка“.

Неделава Кабранов е на годишен одмор и вчера беше недостапен за коментар. Во Канал 5, пак, отворено се говори (но без давање официјални изјави) дека неговото повлекување се должи на новата уредувачка политика. Во медиумските кругови се говори дека тоа е резултат на коалицирањето на партијата на Борис Стојменов (ВМРО-Македонска) со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Сопственик на „петка“ Емил Стојменов не сакаше да го коментира повлекувањето на Ацо Кабранов и кусо одговори дека „главниот уредник е на одмор“.

Во мај, кога се официјализира политичкото коалицирање, младиот Стојменов за „Утрински весник“ изјави: „Тоа е нивна одлука со која јас и мојата телевизија немаме ништо. Поради мојот бизнис, не можам на татко ми да му забранам одредени политички потези, ниту, пак, можам да се откажам од него. За мене е битно дека Канал 5 и натаму професионално ќе си ја врши работата, во ист новинарски состав и оваа коалиција нема да влијае врз нивниот ангажман. Телевизијата е комерцијален бизнис кој зависи од гледаноста, а во Македонија партиска телевизија не може да функционира, барем не професионално“.

Тогашниот главен и одговорен уредник на „петка“ Ацо Кабранов навести дека нема да се согласи со промена на уредувачката политика и рече: „Се' додека има простор за професионално информирање, телевизијата ќе продолжи како и досега. Во спротивно - секој по својот пат“.

Во Канал 5 неофицијално тврдат дека Кабранов, наводно, немал политички притисоци, туку дека самиот почувствувал промени во „климата“, кои биле причина да се повлече од функцијата. Каде ќе замине - допрва ќе се види. Во оптек се имињата на две телевизии - Алфа и Алсат. Дали Кабранов, пак, ќе го повлече и својот тим со кој дојде од А1, никој не потврдува, ама и не негира. Се тврди дека иден главен и одговорен уредник на „петка“ ќе биде сегашниот заменик - Васко Попетрески.

Летово, и уште едно друго звучно новинарско име се нафати на нов ангажман. Од пред еден месец Сашо Ордановски е директор на Алсат телевизијата. „Алсат е една од телевизиите кои се во експанзија и чии сопственици имаат исклучително еманципиран поглед врз македонската политичка и медиумска јавност. Предизвикот е голем, а се надевам дека од септември, кога ќе одлучуваме за промоцијата на новите програмски содржини, и програмски ќе одговориме на тој предизвик. Тимот е млад, ентузијазиран и подготвен да го освои она што му следува на македонскиот медиумски пазар“, објаснува Ордановски.

Извор
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Сето тоа се “пси на хонорарите“,за пари во даден момент стануваат и волци ако треба.:toe:
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Сето тоа се “пси на хонорарите“,за пари во даден момент стануваат и волци ако треба.:toe:
Па тоа е само резултат на Законот со кој се забранува одстрел на тој вид заштитен „дивеч„..на волците конкретно мислам...
:toe:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Летово, и уште едно друго звучно новинарско име се нафати на нов ангажман. Од пред еден месец Сашо Ордановски е директор на Алсат телевизијата. „Алсат е една од телевизиите кои се во експанзија и чии сопственици имаат исклучително еманципиран поглед врз македонската политичка и медиумска јавност. Предизвикот е голем, а се надевам дека од септември, кога ќе одлучуваме за промоцијата на новите програмски содржини, и програмски ќе одговориме на тој предизвик. Тимот е млад, ентузијазиран и подготвен да го освои она што му следува на македонскиот медиумски пазар“, објаснува Ордановски.
Оууу шитттт :nesvest:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Телевизија Канал 5 остана без главен и одговорен уредник. Ацо Кабранов, како што неофицијално дознаваме, побарал од сопственикот на оваа ТВ-куќа Емил Стојменов да биде тргнат од раководната функција и неговото име веќе не фигурира на шпицата на „петка“.

Неделава Кабранов е на годишен одмор и вчера беше недостапен за коментар. Во Канал 5, пак, отворено се говори (но без давање официјални изјави) дека неговото повлекување се должи на новата уредувачка политика. Во медиумските кругови се говори дека тоа е резултат на коалицирањето на партијата на Борис Стојменов (ВМРО-Македонска) со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Сопственик на „петка“ Емил Стојменов не сакаше да го коментира повлекувањето на Ацо Кабранов и кусо одговори дека „главниот уредник е на одмор“.

Во мај, кога се официјализира политичкото коалицирање, младиот Стојменов за „Утрински весник“ изјави: „Тоа е нивна одлука со која јас и мојата телевизија немаме ништо. Поради мојот бизнис, не можам на татко ми да му забранам одредени политички потези, ниту, пак, можам да се откажам од него. За мене е битно дека Канал 5 и натаму професионално ќе си ја врши работата, во ист новинарски состав и оваа коалиција нема да влијае врз нивниот ангажман. Телевизијата е комерцијален бизнис кој зависи од гледаноста, а во Македонија партиска телевизија не може да функционира, барем не професионално“.

Тогашниот главен и одговорен уредник на „петка“ Ацо Кабранов навести дека нема да се согласи со промена на уредувачката политика и рече: „Се' додека има простор за професионално информирање, телевизијата ќе продолжи како и досега. Во спротивно - секој по својот пат“.

Во Канал 5 неофицијално тврдат дека Кабранов, наводно, немал политички притисоци, туку дека самиот почувствувал промени во „климата“, кои биле причина да се повлече од функцијата. Каде ќе замине - допрва ќе се види. Во оптек се имињата на две телевизии - Алфа и Алсат. Дали Кабранов, пак, ќе го повлече и својот тим со кој дојде од А1, никој не потврдува, ама и не негира. Се тврди дека иден главен и одговорен уредник на „петка“ ќе биде сегашниот заменик - Васко Попетрески.

Летово, и уште едно друго звучно новинарско име се нафати на нов ангажман. Од пред еден месец Сашо Ордановски е директор на Алсат телевизијата. „Алсат е една од телевизиите кои се во експанзија и чии сопственици имаат исклучително еманципиран поглед врз македонската политичка и медиумска јавност. Предизвикот е голем, а се надевам дека од септември, кога ќе одлучуваме за промоцијата на новите програмски содржини, и програмски ќе одговориме на тој предизвик. Тимот е млад, ентузијазиран и подготвен да го освои она што му следува на македонскиот медиумски пазар“, објаснува Ордановски.

Извор
Еве како се создаваат про-СДСМовските тв куќи.

Алсат со Ордановски и Алфа со Зиков, зарем треба нешто повеќе да дискутираме?

А Ордановски, ова му е награда за неговата голема заслуга во градењето и добивањето на независноста на Косово.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Аман бе, овие телевизии што работа му отворија на Груевски. А, купи една друга е слободна. Таа ја купи, нова се отвара. Што пари се потрошија и пак се нема монопол над медиумите. Ке се види како ке дејствува АЛСАТ! Ако, тргне фронтално против политиката на Груевски, тој ке мора да одреши пак кеса. Нема друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom