Кампања: Уживај во Македонија (Да живее Македонија)

Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Подолго време бев во колебање дали да ја отворам темава, дечкиве се или тешки ентузијасти или кретени, едниот од нив дури и гостуваше на емисија поради документарниве видеа кој што повеќе се трагикомични, па ме интересира вие што мислите.
Ќе издвојам неколку поинтересни видеа:

1:30 па натаму

:pos::pos::pos:

МАКЕДОНИЈАААААААААААА !!!!!!

Линк од јутуб каналот.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
За промена, дечкото од видеото ги истражува заборавените македонски села и природни убавини, додека некој дреме на форум и стега сеир и таму кај што треба и нетреба.
И додека дечкото организира хуманитарни акции и дава надеж на семејства заборавени од сите, некој од ракав отвара тема и прва карактеристика е кретени.

Татковината се сака на повеќе начини. Што е покретенски? Извикување За Македонија во македонско село или планински врв.....или дерење на партиски митинг или штаб.

Добронамерен совет....пред некому да стегнеш ремет, погледни се во огледало и запрашај се што сум подобар од овој што го реметам и што направив денес добро за некој друг осем себе.

Можеби начинот на кој ја сакаат Македонија и им помагаат на другите за тебе е кретенски, но барем се обидуваат да направат нешто....што направи ти денес?
 
M

Moon Child

Гостин
Дечкиве се супер деца бтњ, кретени во никој случај. Жално е што глупиов народ ги интерпретира погрешно.
Жално е што глупиот народ интерпретира погрешно тоа што не треба, а тоа што треба - го сфаќа сериозно.
 
K

kicodarker

Гостин
Штo инa идиoтски вo тoa дa се уживa вo земјaтa вo кoјa живееш? Кoлку имa aмерикaнци енглези фрaнцузи штo еднo кaмче ќе гo снимa и ќе јa фaли земјaтa вo кoјa живее? Идиoтски е дa сметaш декa земјaтa вo кoјa живееш е срaње пoрaди пoлитичкaтa сoстoјбa. Сите сaкaме дa емигрирaме пoрaди пoплaтени рaбoтни местa aмa 80 % се сo телo и дух тукa.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Јас не гледам тука баш нешто кретенско, освен ако кретен е човек кој си ја љуби својата држава.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Снуп дог сними спот со љупка и не ти текна да отвориш тема, или и за тоа долго време ќе се колебаш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom