Камиони

Член од
7 август 2012
Мислења
176
Поени од реакции
11
Здраво сакам да прашам дали до сега има некој камион ? Роднина мој ме замоли да прашам. Човекот има 60 илјади евра и сака да ги инвестира во камиони 3, е сега сакам да знам дали има фајде од тоа што ке го инвестира колку би биле добивките месечно или па ич да не купува камиони ?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Ја не се разбирам многу во вакви ствари, ама знам оние што имаат вишок пари ги „инвестираат“ во купување на стан.
 
Член од
19 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
37
Значи човекот можеби ѓи има тие 60,000 евра али вака прво треба тој да си направи солиден бизнис план, значи не е само да се купат камионите, нели? Сака фирма негова да си отвори или пак неговите камиони да ги вози друга фирма, а тој да зема процент или што ти знам? Ако сака негова фирма, прво му требаат повеќе пари отколку само за камиони бидејќи секогаш има додатни давачки, непредвидени некои, даноци, плати и т.н. Второ му требаат контакти, некои соработници во Германија или каде и да планира да ги вози(да му ги возат) тие камиони и тоа е доста конкурентен бизнис, познавам луѓе што имаат и по 50-60 камиони, така да конкуренцијата не е мала.
Но ако сака само да ги купи камионите па некои други да ги „изнајмуваат“ тогаш незнам, распрашајте се, информирајте се, и нека не брза.
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Подобро нека си отвори по една сендвичара до некое училиште или факултет...Таман едно 30-40 можи да отвори...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Подобро нека купи 3 влекчи па правец еу,да им конкурира на чесите,пољаците,романците и бугарите.
Ем ќе ја шета европа ем нема да застане има само да откачува и закачува контејнери.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
4.149
Кај бе со 60 000 ќе купиш три влекачи. Може ќе купиш ама некој стари па дали ќе добиваш дозвола да возиш во земјите во ЕУ. Еден асапен камион еуро 5, еуро 6 ти е од 35 000 па нагоре, а и приколка ќе треба да купиш. За ваков бизнис да отпчнеш потребно ти е да познаваш луѓе да познаваш фирми за да можеш да најдеш роба да пренесуваш. Не е тоа така ќе купам камион и ќе возам. Ако неможеш да најдеш тура за негде за џабе ти е камионот. Во Македонија познато е тоа дека се извезува многу малце, само некој зеленчук и овошје и макстил и факом што извезуваат железо. Така да ако не си навлезен добро во тие води си го јадел бостанот.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Кај бе со 60 000 ќе купиш три влекачи. Може ќе купиш ама некој стари па дали ќе добиваш дозвола да возиш во земјите во ЕУ. Еден асапен камион еуро 5, еуро 6 ти е од 35 000 па нагоре, а и приколка ќе треба да купиш. За ваков бизнис да отпчнеш потребно ти е да познаваш луѓе да познаваш фирми за да можеш да најдеш роба да пренесуваш. Не е тоа така ќе купам камион и ќе возам. Ако неможеш да најдеш тура за негде за џабе ти е камионот. Во Македонија познато е тоа дека се извезува многу малце, само некој зеленчук и овошје и макстил и факом што извезуваат железо. Така да ако не си навлезен добро во тие води си го јадел бостанот.
Од тука секако дека не може ама од Германија може и тоа еуро 5 a може да се начека и некој еуро 6 со МНОГУ километри ама по германски стандард.
За работа е лесно,кој сака да работи има работа остај тоа камионџиите шо зборат дека нема работа се со цел да не му симнува цена.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Од тука секако дека не може ама од Германија може и тоа еуро 5 a може да се начека и некој еуро 6 со МНОГУ километри ама по германски стандард.
За работа е лесно,кој сака да работи има работа остај тоа камионџиите шо зборат дека нема работа се со цел да не му симнува цена.
На пример EURO5:
http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-MERCEDES-BENZ-ACTROS-1844-LS-LOWDECK--14070722593208718800.html
или:
http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-MERCEDES-BENZ-Axor-1840-Blatt-Luft-TOP--14070417583811950300.html
или:
http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-MERCEDES-BENZ-Axor-1843-manual--14070302210189628600.html
или:
http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-IVECO-STRALIS-450--14070305230000263100.html
или:
http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-RENAULT-PREMIUM-450dxi-E5--14061122280362020000.html
и тн.... полуприколка не ти треба, горе се вози во договор со шпедитер, по принцип: закачи полуприколка на точката на ‘‘А‘‘ и префрли безбедно на точката ‘‘Б‘‘.... незнам колку е тарифата 0,8-0,9 Еур/км.... гарантираат најмалку 8,000 км месечно па нагоре.
Ама многу ‘‘ама‘‘ има бизнисов.... ма да изгледа симпатично математиката (8х8) 8000км Х 0.8 Еур/км
Прво треба шофјори со БГ пасоши на кои им се исплаќа 1500 Евра месечна плата...
Натаму +5 камиони, со еден два невозможно, со три може ама потешко....
понатаму: кварови. Сепак се тоа камиони помалку изргани, стари 5-6-7 год, со поминати 500-600,000 км, а сервис посериозен таму горе чини колку четвртина камион...
понатаму: казни... ортов скапи, а на мета се ауслендерите... (не само за шоферите сообраќајни прекршоци) туку наоѓаат и тие некои недостатоци на камионите само да те репнат!
понатаму: пенали за неточност или отстапување од договор.... ОТРОВ!
понатаму: те крадат шофјорите... ептен отров!
Да не спомнувам редовни сервиси на влекачите регистрации и менување гуми на секои 100,000.... и тн и тн.
Не само веселата математика, туку и овие работи треба да се земат во обзир.
Такви барем слушам муабети. А можеби е во право Fringe да не се слушаат шофјори кои по правило кукаат! Нека каже и некој друг, на пример Forca Milan кој вели дека влегол во бизнисо!?
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
dobri pari ima vo kamionite momentalno,no ne e samo aj ke kupam i gotovo,trebe malku da si navlecen vo toj biznis[DOUBLEPOST=1404923763][/DOUBLEPOST]dobri pari ima vo kamionite momentalno,no ne e samo aj ke kupam i gotovo,trebe malku da si navlecen vo toj biznis
 

Kajgana Shop

На врв Bottom