Камери во кафани

Член од
11 март 2023
Мислења
6
Поени од реакции
7
Кафана е јавно место секој може да влезе. Снимањето е дозволено со закон се додека е јасно назначено дека објекотот се снима. Аудио е забрането значи само слика, така да може да те снимаат со швалерката или швалерот ама не може да знаат за што се зборувале.

Опции имаш да си отвориш своја кафана или да идеш на места кај што нема камери. Реално во Македонија имаш еден куп кафани без камери.

П.С Можам слободно да ти кажам дека луѓето со кафани се премногу зафатени да се замараат што се снимало на камерите(освен ако нема кражба) со исклучок ако идеш кај некој роднина/познаник па он те видел со швалерка/швалер.
Не ми пречи мн. Што ме гледа сопственикот или кому тој дал пристап од дома да ги следи крлнерите/ортакот што прават и дали го крадат.
Мн е лесно да даде пристап било кому. На пр. побарав од пријател пристап од камерите од неговата викендица и за 2 мин гледав снимки од целиот објект на мибилниот. Толку е лесно и едноставно.
Замисли си непријател, бизнис ривал, службите, корпорации, политички партии и сл. Имаат пристап до материјалот и како може да се злоупотребува.
Денес може не постои софтвер што чита македонски од усни но постои на англиски, германски итн. Прашање на време е кога ке има софтвер што од видео запис за неколку секунди ке извади транскрипт и се што имаш изговорено засекогаш ке биде во некој дата центар.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.255
Поени од реакции
1.964
Камерите се потребни поради безбедност.
И луѓето си сликаат и снимаат со камерите на мобилните.
И маалската оговарачка снима со поглед што се дешава, па раскажува наоколу.
Така што, џабе се буниш. :icon_lol:
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
879
Поени од реакции
1.403
nema nesto poglupo, sea pa i u kancelarii pocnaa da stavaat nevestive na mazive, ne mozes da prdnes
 
Член од
11 март 2023
Мислења
6
Поени од реакции
7
Камерите се потребни поради безбедност.
И луѓето си сликаат и снимаат со камерите на мобилните.
И маалската оговарачка снима со поглед што се дешава, па раскажува наоколу.
Така што, џабе се буниш. :icon_lol:
Не е за безбедност. За контрола и сервилност е
Пточитај малку за social credit score system и изгледај некој документрец на таа тема
Автоматски споено мислење:

nema nesto poglupo, sea pa i u kancelarii pocnaa da stavaat nevestive na mazive, ne mozes da prdnes
Од тоа што знам законски не смее да се снима во канцеларии без писмена согласност од сите вработени.
Исто не смее да се снима влез на зграда без согласност од сите станари.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
nema nesto poglupo, sea pa i u kancelarii pocnaa da stavaat nevestive na mazive, ne mozes da prdnes
Vo kancelarija e zabraneto so zakon.
Автоматски споено мислење:

Не ми пречи мн. Што ме гледа сопственикот или кому тој дал пристап од дома да ги следи крлнерите/ортакот што прават и дали го крадат.
Мн е лесно да даде пристап било кому. На пр. побарав од пријател пристап од камерите од неговата викендица и за 2 мин гледав снимки од целиот објект на мибилниот. Толку е лесно и едноставно.
Замисли си непријател, бизнис ривал, службите, корпорации, политички партии и сл. Имаат пристап до материјалот и како може да се злоупотребува.
Денес може не постои софтвер што чита македонски од усни но постои на англиски, германски итн. Прашање на време е кога ке има софтвер што од видео запис за неколку секунди ке извади транскрипт и се што имаш изговорено засекогаш ке биде во некој дата центар.
За ова си во право само што ако цел на шпионажа реално нема бегање. Било кој може во кафаните што ги посетуваш да стави шпионска камера без знаење на сопственикот или да те снима од далечина.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ти си знаеш што правиш, каде и со кого се движиш и што зборуваш но не знаеш кој се има пристап до снимениот материјал.
Размисли сам што може да се злоупотреби.
Истото се случува и во маркетите, имаат право да снимаат во просторот поради безбедносни причини. Не само за гостите, туку и за персоналот. Ако те уценува (или ти се заканува) со снимениот материјал, прави кривично дело. Во деловните простории само во ходниците и магацините смее да се снима, но не и во работниот простор (канцелариите) на работникот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Замисли си непријател, бизнис ривал, службите, корпорации, политички партии и сл. Имаат пристап до материјалот и како може да се злоупотребува.
... денес со ова компјутерска технологија ако сака да ти наштети некоја конкуренција, воопшто не сим им потребен, доволно е да најдат сличен како тебе двојник, облечен како тебе и да „снимат филмче“ како ти да си бил, па дури може и ти да бидеш со сечење и лепење на таа снимена лента ќе си се намести кадар каков сака, така да не дај Боже некој да ти го фрли пикот, а инаку сите камери што снимаат т.н видео надзор, најчесто ако нема „нешто интерсно“ се самобришат или се преснимува само тој момент „што е интересен“, но не е лошо да се потсетиме што вели законот:


Правила за видео надзор
  1. Одговорното лице за видео надзор мора да ги информира сите кои ќе влезат во полето на снимање (видео круг) дека просторот се снима, преку истакнување на известување кое мора да биде јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што им овозможува на сите субјекти на лични податоци да се запознаат со вршење на видео надзорот.
Известувањето мора да ги содржи следниве информации:
  • Дека се врши видео надзор
  • За името односно називот на контролорот (одговорното лице) кое го врши надзорот
  • За начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.
2. Одговорното лице (контролорот) со цел да ги заштити личните податоци кои ги собира, обработува и чува, мора да преземе соодветни технички и организациски мерки и да го уреди начинот на вршење на видео надзорот со посебен акт за да спречи евентуален неавторизиран пристап до податоците. Тоа значи дека само овластеното лице има право да гледа на екранот и да го прегледува снимениот материјал. Прибраните податоци мора да се чуваат заклучени и пристап до истите има само овластеното лице.

3. Камерата мора да се постави под агол во чии видео круг ќе биде опфатено само она подрачје (цел) заради кое се поставува камерата. На пример, ако камерата е поставена во зграда не треба да се гледа што се случува во становите од зградата. Контролорот може да врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен.
Тоа значи дека ако се поставува видео надзор заради заштита на сопственоста или контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории целта ќе се постигне со поставување на камера само на влезот од објектот, а не во сите ходници, сали за состаноци, канцелари, предавални, холови и сл. Секогаш кога се поставува видео надзорот треба да се почитува правото на приватност на вработените, клиентите, учениците, студентите, пациентите, купувачите и останатите категории на субјекти на лични податоци.

4. Камерата се поставува заради заштита на луѓето и сопственоста, а не за друга цел. На пример, продавачот не смее да ги користи фотографиите за маркетиншки цели или за некоја друга незаконита цел.

5. Снимките не смеат да се даваат на користење на други освен ако е тоа потребно во евентуална доказна постапка. На пример, продавачот не смее да ги дава на користење или да ги продава фотографиите на друго лице.

6. Снимките согласно Законот за заштита на личните податоци се чуваат најмногу 30 дена (освен ако со друг законот не е предвиден подолг рок), а по истекот на овој рок истите мора да се избришат. Доколку е сторена штета и истата може да се утврди на снимките, тој дел од снимениот материјал може да се чува до завршување на постапката. Доколку на снимениот материјал ништо особено не се случува истите треба да се избришат.

7. По исклучок, снимките направени од видео надзорот може да се дадат на користење на Министерството за внатрешни работи единствено со судски налог.

8. Забрането е вршење на видео надзор во гардероби, соблекувални, санитарни чворови, лифтови и други слични простории.

Видео надзор на работното место

Следењето на работниците на работите места преку видео камери предизвикува негативно чувство (губење на концентрација) и непријатна работна атмосфера. Новата технологија, може да влијае на здравјето и физичката состојба на работниците и на работната способност.
Видео надзорот на работното место може да се инсталира, само ако е потребно за заштита на животот или здравјето на луѓето, заштита на сопственоста, заштита на животот или здравјето на вработените поради природата на работата или поради обезбедување на контрола над влегувањето или излегувањето од службените или деловни простории.

Вработениот треба да биде информиран доколку е под видео надзор. Вработените не треба да се под постојан видео надзор. Работодавецот треба да ја почитува приватноста на сите вработени додека се на работното место, односно работодавецот мора да го почитува начелото на пропорционалност во однос на целта заради која се поставува видео надзорот.

Видео надзор во станбени згради

За вршење на видео надзор во станбените згради потребно е да се добие согласност од сите сопственици во станбената зграда. Воедно при вршење на овој вид на надзор забрането е снимање на влезови на индивидуални станови и на други сопственици, што значи дека е дозволено да се снимаа заедничкиот влез на зградата и останатите заеднички делови од станбената зграда без притоа да не се навлегува и нарушува приватноста на индивидуалните делови (станови).

Видео снимките од надзорот на станбените згради забрането е да се пренесуваат преку кабелска телевизија (јавна или интерна мрежа), преку интернет или други електронски средства за пренос на податоци....“
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.691
Поени од реакции
9.528
Дали е забрането поставување камери во угостителски објети и што може да се направи да се спречи?
Лично мене мн. ми пречи и ги бојкотирам таквите "угостители" бидејки ме загрижува потенцјалот за злоупотрба во моментов а уште повеке за во иднина.
Што велат законите? Како да се избориме да ги нема камерите?
Што е толку страшно да работиш под видео надзор?
Јас сум 8 часа и не ни приметувам, едноставно забораваш дека постојат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Што е толку страшно да работиш под видео надзор?
Јас сум 8 часа и не ни приметувам, едноставно забораваш дека постојат.
... ееее има различни фетиши и навики, јас знам колешка која идејќи по ходник сметајќи дека нема никој се уште ги мести алиштата од идење во тоалет! :D
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.690
Поени од реакции
878
Не ми пречи мн. Што ме гледа сопственикот или кому тој дал пристап од дома да ги следи крлнерите/ортакот што прават и дали го крадат.
Мн е лесно да даде пристап било кому. На пр. побарав од пријател пристап од камерите од неговата викендица и за 2 мин гледав снимки од целиот објект на мибилниот. Толку е лесно и едноставно.
Замисли си непријател, бизнис ривал, службите, корпорации, политички партии и сл. Имаат пристап до материјалот и како може да се злоупотребува.
Денес може не постои софтвер што чита македонски од усни но постои на англиски, германски итн. Прашање на време е кога ке има софтвер што од видео запис за неколку секунди ке извади транскрипт и се што имаш изговорено засекогаш ке биде во некој дата центар.
Во право си за се ова , ама ако сака чоек да прави нешто тајно или полутајно ( состанок со некој или слично ) тогаш сигурно нема да оди во кафана или друг јавен објект и таму да го прави тоа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.504
Поени од реакции
34.612
Во право си за се ова , ама ако сака чоек да прави нешто тајно или полутајно ( состанок со некој или слично ) тогаш сигурно нема да оди во кафана или друг јавен објект и таму да го прави тоа.
оооооооо во грешка си, сите бизниси се договара во кафана!

zaev-i-gashi-na-kafe.jpg

....најтазе од Струмица, ЗЗ + Gashi!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom