Камен во жолчка

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од b12, 30 август 2012.

  1. b12

    b12

    Член од:
    5 октомври 2011
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    9
    Ме болеше стомакот и реков да видам од што е, кога на ехо покажа дека сум имал некое мало камче на жолчката. Болките ми беа кај папокот, а како што знам жолчката боли од десна страна под ребрата, а јас таму болки немам. Докторот рече не е страшно не е голем. Некој со слично искуство, како се живее со камен?
     
  2. Tetro

    Tetro Гостин

    Со пиво, против камења во жолчка и бубрези. Најозбилно ова.
     
    На Somnitelno Lice*, b12 и Waxiqaaz им се допаѓа ова.
  3. Vollstandig

    Vollstandig Гостин

    Со камен се живее исто како во камено време само + имаш струја да го пуштиш пц-то и да прашаш.


    Природата дала болести, ама и лек за истиот. Се што треба е човек да го побара. Јас ја почитувам народната медицина особено со билките, па како таква ја сметам и за најефикасна и најбезбедна,нормално доколку знаете да ракувате добро со истата.Ова е текст, сликан од моите книги ,со оглед на тоа што ме мрзеше да го препишувам, ќе се снајдеш и вака. За камен во жолчка помага овај лек, а за камен во БУБРЕГ, се берат Листови од дива крушка (кафеави по боја) и истите тие се сушат, и се прави чај од нив, помагаат поефикасно и од ломење со чекан.


    [​IMG]

    [​IMG]

    П.С. Рузмаринот исто така има и благо наркотично средство, досега непознато, па нека остане и како такво.
     
    На коментатор, b12, OceaN и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ивица ЈМК

    Ивица ЈМК Forza Juve Per Sempre!!!!

    Член од:
    28 март 2010
    Мислења:
    1.399
    Допаѓања:
    269
    За болдов,да ми титнеш коа ќе излечиш така.
     
  5. Vollstandig

    Vollstandig Гостин

    Пивото ја забрзува работата на бубрегот и црниот дроб, и во краен случај кога е потребно излачување на одредена супстанца од организмот се полезни.
     
  6. Tetro

    Tetro Гостин

    Тоа, превентивно само.
    А откако ќе се дијагностицира, станува интересно. Се забрануваат мрсната храна, внесување премнгу храна наеднаш, тесна облека,....

    Отстранување, хируршко или со вибротерапии (за ова не сум баш сигурен дека делува 100%)
     
  7. bookfan

    bookfan

    Член од:
    25 јуни 2012
    Мислења:
    1.863
    Допаѓања:
    1.014
    Навистина пивото се препорачува за камен во бубрег, колку што знам.
     
  8. vaga1985

    vaga1985 Разочарена од се

    Член од:
    30 јули 2011
    Мислења:
    1.564
    Допаѓања:
    417
    Камен во жолчка
    Нема лек освен со хирушка интервенција т.е вадење на самата жолчка. Најбитно што не смееш да пиеш и јадеш се кафе и чоколадото заборави ги засекогаш затоа што ако добиеш напад на жолчка може да пукне и да предизвика смрт. Витамин ц исто не смееш никако да внесуваш и штети на жолчката. Леб и зрнеста храна исто не е препорачливо затоа што тешко се вари во желудникот и тоа допринесува за полоша состојба на жолчката. На крај мрсна храна никако посебно не свинско месо. Тоа не смееш да јадеш ако се одлучиш да го чуваш каменот во тебе ако одиш на операција понатаму докторите ќе ти кажат што смееш што не смееш.
     
    На Nessa Alcarin и b12 им се допаѓа ова.
  9. Cannabinoid

    Cannabinoid Cannabinologist, MMD

    Член од:
    18 јануари 2008
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    465
    На b12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Само Човек

    Само Човек Гостин

    easy мало каменче у жолчка не го плаши
     
    На b12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ивица ЈМК

    Ивица ЈМК Forza Juve Per Sempre!!!!

    Член од:
    28 март 2010
    Мислења:
    1.399
    Допаѓања:
    269
    Се развравме,работам медицина,операциона сала анестезија,така да се разбираме.за бубрезите пиво да,ама за жучка тешко.;)
     
    На b12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nessa Alcarin

    Nessa Alcarin Гостин

    Го исплашивте човекот со муабетот..
    Мајка ми имаше камен во жолчка. Исто и нејзе и рекоа не е страшно, ако почне ептен да ти прави проблем (и болките се неподносливи) ќе ја отстраниме жолчката.
    Е сега мојата мила мама, за да не легне под нож, почна да користи домашни лекови (примерот што го посочи Cannabinoid, маслиново масло и лимон) и уште повеќе ја искомплицира работата. Со тој лек, се скршил каменот и дел од него паднал врз отворот на каналот, ситуацијата беше загрижувачка, почна да повраќа жолтило и веднаш за Скопје на операција.
    Операцијата траеше 30 мин., жолчката беше отстранета, и за два дена ја пуштија дома. Единствена забрана и беше да не јаде: црн пипер, краставица, грашок, грав, боранија,ориз.. месо не и забранија. Забраната беше додека се стабилизира организмот, па сега после неколку месеци може се да си јаде, ама нели во умерени количини. Плус самиот организам реагира ако внесеш храна што неможе да се обработи поради недостаток на жолчен сок.
    Јас навистина не сакам да ме сфатите погрешно (@sphinx и Cannabinoid), можеби народните лекови некому помогнале, но воспалена жолчка (жолчка со камен), неможе да се лекува, туку само да се отстрани. Кај ќе отидат камењата со користење на тие лекови, неможат да исчезнат.
     
    На Anco, Рудници и, langelina и уште 3 други им се допаѓа ова.
  13. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Има лек не го плаши човекот. Станува збор за мало каменче и хирушки зафат е непотребен.
    Лекот се вика Ровахол или Урсофалк. И двата лека служат за топење на камчуња во жолчка и се многу ефикасни. Една кутија со 50 капсули претпоставувам ќе му заврши работа и ќе го исфрли камчето.

    Лекот ти го пишав погоре и немаш потреба да живееш со камчето кога можеш многу безболно и без никакви последици да си го исфрлиш од организмот.
    Инаку луѓе кои имаат камен во жолчка (зборувам камен не каменче) покрај болките во стомакот, често чувствуваат горчина во устата и имаат честа дијареа (пролив)
    Кај ваквите луѓе терапија не помага или истата треба да биде долготрајна и често оперативниот зафат е единствен излез.
    Поздрав и без гајле, не е ништо страшно
     
    На Anco и b12 им се допаѓа ова.
  14. Рудници и

    Рудници и ООЗТ Рудници и железарница - Скопје

    Член од:
    9 декември 2009
    Мислења:
    11.230
    Допаѓања:
    16.258
    Сличен случај кај мене дома, само побрзо се реши на отстранување и за 3 дена се врати од Битола.И еве после 14 години се е ок, никакви проблеми во врска со јадење одреден вид храна.Така да b12, без паника :)
     
    На b12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vollstandig

    Vollstandig Гостин

    Чајот што го пишав погоре, има својство да го топи “каменот“ во жолчката и ја подобрува работата на истата. Доколку е веќе кај типот дојдено “нож до грло“ или е крајна стаза, СИГУРНО дека би идел на операција. Некои работи треба посовреме да се лечат
     
    На b12 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: