Го исплашивте човекот со муабетот..
Мајка ми имаше камен во жолчка. Исто и нејзе и рекоа не е страшно, ако почне ептен да ти прави проблем (и болките се неподносливи) ќе ја отстраниме жолчката.
Е сега мојата мила мама, за да не легне под нож, почна да користи домашни лекови (примерот што го посочи
Cannabinoid, маслиново масло и лимон) и уште повеќе ја искомплицира работата. Со тој лек, се скршил каменот и дел од него паднал врз отворот на каналот, ситуацијата беше загрижувачка, почна да повраќа жолтило и веднаш за Скопје на операција.
Операцијата траеше 30 мин., жолчката беше отстранета, и за два дена ја пуштија дома. Единствена забрана и беше да не јаде: црн пипер, краставица, грашок, грав, боранија,ориз.. месо не и забранија. Забраната беше додека се стабилизира организмот, па сега после неколку месеци може се да си јаде, ама нели во умерени количини. Плус самиот организам реагира ако внесеш храна што неможе да се обработи поради недостаток на жолчен сок.
Јас навистина не сакам да ме сфатите погрешно (@sphinx и
Cannabinoid), можеби народните лекови некому помогнале, но воспалена жолчка (жолчка со камен), неможе да се лекува, туку само да се отстрани. Кај ќе отидат камењата со користење на тие лекови, неможат да исчезнат.