Калчополи 2.0 Vs. Караванот си врви

Кој ќе се расправа сега и за ова...?

  • Вкупно гласачи
    114

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Епа со минус бодови и ги пратија у втора лига прошли пут ако не се лажам...

Ако добијат парична казна, минус бодови и најбитно од се ако им ги ревидираат финансиските извештаи тешко дека ќе можете да ги откупите Локатели и Киеза....

Без тие двајца Јувентус е на рамниште на Џенова....
Ќе пумпа Елкан пари сега пак, мислам дека и ќе ја предземи контролата над Јувентус пак. Наси се спрема за председател. Ќе видиме
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.051
Поени од реакции
12.508
Ќе пумпа Елкан пари сега пак, мислам дека и ќе ја предземи контролата над Јувентус пак. Наси се спрема за председател. Ќе видиме
Значи на крај и ќар ќе искочите од ситуацијава.
:pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Ќе пумпа Елкан пари сега пак, мислам дека и ќе ја предземи контролата над Јувентус пак. Наси се спрема за председател. Ќе видиме
Значи небитно што ги теретат за проневера на 283м евра, битно Елкан ќе пумпа пари у клубот. Како? Со пумпа за точак?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.790

Таквите игри сериозно влијаат на цената на активите. Се чини дека компанијата е поуспешна отколку што стварно е, сама создава неправилна цена на акциите и лесно привлекува инвестиции. Од извлечените пари прават вистински пари а тоа е неприфатливо.
осомничени се дури седуммина: Андреа Ањели, Павел Недвед, Фабио Паратичи, главниот финансов директор Стефано Черато, неговиот претходник Стефано Бертола, финансискиот менаџер Марко Ре и самиот Јувентус.
Од летово 2021 осомничените биле прислушкувани по налог на обвинителството. Обвинителот смета дека сомнителни се 282 од 320 милиони евра прикажани во прирастот на капиталот.
Клубот во минатото веќе беше обвинет па и ослободен за сомнителни договори, врски со мафијата, нелегална продажба на карти, а обвинет бил и во стотина други кривични дела пред италијанските законодавни домови.
Прочитајте го цел текст, многу детали, се потрудиле од офф-нет. И Интер го ставаат во текстот, be patient.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.790
Лош гугл транслејт текстов на оффнет, жално е што му дадов клик на Трендо.
Не цепидлачи сега, има грешки, реално некои технички работи не знаат како да ги преведат, ама се потрудиле да преведат опширен текст, не како другите медиуми по два реда тука и таму.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.209
Поени од реакции
41.243
Не цепидлачи сега, има грешки, реално некои технички работи не знаат како да ги преведат, ама се потрудиле да преведат опширен текст, не како другите медиуми по два реда тука и таму.
Oбид за квалитетна статија е ова, премногу информации има на оваа тема и избрзале со објавата. Не сакам да јадам гомна за офнет зашто спортскиот дел, кој и да им го води, им е одличен, ама статијава им е мех, дел од работите таму не се ни точни a и формата на цел текст исто, многу грешки има, нетипично е тоа за нив.

@DeviAngel гугл транслејтот погрешно некои работи ти ги дава, 0 истраги има за останатите споредбено со таа за Јуве, 20 други тимови се спомнуваат за зделките со capital gains-от, ништо ново не е тоа, ама кој ти е муабетов, прво ова да заврши па после останатите. Ако некој се терети за криминал не ти е ова шалтер па редица да има, све у пакет ќе се чешла, а не да чекаат прво Јуве да ги казнат па после преминуваме на друг клуб, па на трет, четврти.

Јувентус за други работи ги теретат, не за тоа дека терале со лупхол за да накачуваат capital gains, jaвна тајна се таквите трансфери у лигава, всушност самите Јувентус, преку официјално соопштение на својот сајт цртаат што всушност е проблемот и за што моментално се терети клубот, како и можните казни кои може да ги јадат. Прилично сум убеден дека ПР тимот на Елкан го извадил ова соопштение.
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Значи небитно што ги теретат за проневера на 283м евра, битно Елкан ќе пумпа пари у клубот. Како? Со пумпа за точак?
Со компресор :icon_lol:

Нека пумпа го ебам многу каква му гла таква му капа:pos:
 
Последно уредено:
  • Тажно
Reactions: Syn
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Немав баш време да прочитам многу за целиов случај, не ги знам точно деталите, ама од тоа што го прочитав, ова е тежок аматеризам од директорите на Јувентус. Не знам како воопшто некој во менаџментот на клубот, мислел дека ваков cooking, својствен за афрички земји, ќе помине без никакви проблеми. Посебно што се компанија што котира на берза.
Некој дебело ќе го јаде. Веројатно, финансискиот директор и ЦЕО-то на прво место.

Иако, не ми се свиѓа што Италијаните со ова, веројатно, го затвараат вентилот за плусваленца зделки. Реално, тоа беше единствен инструмент што клубовите - тешкаши, можеа да го користат за да останат на површина, без да мораат да се претворат во клубови што си ги продаваат најдобрите играчи секоја сезона. Ако не ги правеа овие трикови, Јувентус, Интер, Милан и останатите ќе беа веќе одамна станати Дортмунд клубови, а Серие А ќе се претвореше во Холандска лига, што тренира играчи за ПЛ и Реал/Барса.
Гледам дека има најави за ревидирање и на тој т.н. Growth Decree за професионален спорт, што ќе биде уште еден удар за цела лига.
Од друга страна, Милан и Интер 5 години, не можат да добијат дозвола за градба на стадионот. Како намерно да сакаат да си ја саботираат цела фудбалска индустрија.
 
Vidic15

Капитенот
Член од
2 јули 2009
Мислења
587
Поени од реакции
478
Истрагата и сите шпекулации околу неа ке имаат многу поголем импакт врз секојдневното работење и функционирање на Јувентус отколку конечниот епилог и можните казни. Цената на акциите на берзата е во драматичен пад, тешко дека нови инвеститори и спонзори би инвестирале во бизнис кој е под истрага, ќе биде невозможно да земат нови кредити што е пракса во секој бизнис. Ќе мораат да бидат многу повнимателни во понатамошното финансиско работење, тешко дека ке бидат во можност да купат нови играчи, нема да биде изненадување ако мораат да ги продадат најдобрите.

Ова не е само прекршување на фудбалските правила, што се има случено со безброј други клубови, ова е многу посериозно и за жал според мене тешко дека ке видиме јак Јувентус во наредните неколку години.
 
Иначе никаков јувентус не треба да глеаме, ако и за ова се виновни, не јак не слаб, нема поента да постои клубов во овој спорт, и тоа само за работите за кои и се фатени, секогаш, али апсолутно секогаш ќе постои и сомнежот за низата обвинувања и пред калчополи, нарочито за допинг скандалите.

Клуб што работел еднаш криминално ќе кажеш е некаква случајност, веќе 2 пати ако те фатат и у низа истите луѓе и фамилии се вака или така дел од тој клуб, тури му кур, не за џабе во Италија засекогаш ќе останат синоним за фудбалска мафија. Среќа нивна во 2006 не беше развиен интернетот ко денес па откако се врати Ањели со лаги, клевети, и измислување на приказни се обидуваа да си го вратат реномето што некогаш го имаа, до тој степен лажеа што нивните навивачи стварно поверуваа дека ќе им се вратат украдените скудета но не само тоа, и миљарда евра лигата ќе им исплати за тоа.

И сеа бум, нов скандал, овој пат пред очите на цела спортска јавност, која константно се навраќа и на 2006та каде повторно јуве командуваа со фудбалски скандал во Италија, така да ако и за ова го јадат, не глеам поента клуб со ваква црна дамка да егзистира у спортов. Ќе им треба целосен рестарт што секако нема да го направат, ниту пак некогаш ќе се оградат од своето криминално минато, не само што нема да се оградат, и ќе се гордеат со истото и ќе живеат у некој свој глуп свет каде они биле најдобрите па морале така да ги сопрат, таквите апсолутно ништо не заслужуваат, не треба воопшто и да постојат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom