Калиопи на Евровизија 2012

Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Кога слушнав дека Калипои ќе не претставува многу се изнервирав, па се прашува ли народот во оваа земја нешто некогаш ? Па нели Калиопи самата македонска публика не ја сака, никогаш не победила кога се натпреварувала тука, секогаш жирито ја туркало напред, па зошто тогаш да не претставува?
Вака сега кога ја слушнав песната мислам дека е добра, не е ништо спектакуларно ама воопшто не е песна што ќе не избрука. Ми се бендисува песната.
Ајде изгоре жената да оди на евровизија 20 години веќе се туркаше конечно ќе оди, мирна и е душата. Не можам да поверувам дека една жена на нејзини години, може толку да биде опседната со евровизија. Не знам како мислеше пред неколку години да оди на евровизија со таа хорор песна не знам како се викаше.
Македонија треба да праќа нешто свежо, весело, разиграно и модерно. Зошто една од албанскиве пејачки не замине на евровизија, нив баш ги бива за на сцена. Разиграни се, секси и слободни во облекување. Единствена таква преставничка од кај нас беше Елена Ристеска која патем најдобро се пласира од сите наши претставници. Кога веќе немаме квалитетна музика и немаме никаква идеја за нешто посебно, да пратиме некоја секси пејачка со секси глас и настап. Викторија Лоба на пример :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Шо одма тресете овде глупости, каква и да е факт е дека Калиопи има фантастичен глас! Каква е приватно и дали се лигави тоа не е битно, конечно квалитетен глас ќе пратиме. Влатко поарен да не беше?
Или па Мартин Вучич, а да не зборам за XXL со 100% те љубам.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не знам дали само мене ми се свиѓа песнава од Калиопи зашто гледам сите ја хејтаат... Искрено кажано, оваа е единствена песна од нашите евровизиски која не ме нервира, другите сите ме нервирале.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Има посебна тема за овогодинешната Евровизија, овде коментирајте само за Калиопи и нејзиниот настап. :)
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
спотот за евровизиската `црно и бело`
 
R

Roten 96

Гостин
Ма каква Калиопи каква песна црно и бело....ова е срамота!!!!!! Ова ако е песна ццццц.....Рум дум дум беше сто пати подобра од оваа е тогаш требаше да оди со Наум заедно..а не Next time..
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Дека Калиопи го поседува најмоќниот и најквалитетниот женски вокал во државата е факт, тоа никој не го оспорува... ама луѓе беееее, песнава е катастрофа, посебно за на евровизија ИЧ не ја бива, со било која друга нејзина песна да отиде подобро ќе не претстави... Пред се, за евровизија треба или впечатлива ритмична песна, или ептеееен добра балада (што на Калиопи би и лежело), ама ова црно-бело-жолто стварно нема никакви шанси.... П.С: И зарем уште не сфатија Македонциве дека за добар пласман на Евровизија, добриот вокал не е пресуден, а се осмелувам да речам и дека е далеку од доволен??? Сигурна сум дека многу подобро би се пласирале ако не претставува некоја второкласна полугола пејачка која тресе г'з на некоја брза песна без никаков текст и уметничка вредност, отколку најголемата поп дива...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Англиската верзија е многу моќна.... пријатно сум изненаден.... можеле и подобро, но ретко ми се допаднала песна од прво слушање, браво, браво...
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Е добро де, пак да ги пратиме next time
 

Kajgana Shop

На врв Bottom