Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.294
Поени од реакции
13.505
Таткото на Калина е уредник во Нова Македонија, па ја користи својата можност да скрене внимание (апсолутно не викам дека ја злоупотребува позицијата, туку, да е некој друг не би бил во таква можност и овие повици не би излегувале во јавност), ама пак гледаме дека нема фајде од тоа.
Инаку Трансферзалец редовно си одржува акции (малку low profile), ама отприлика е како ништо да не се десило.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/после-пет-месеци-родителите-на-трагич/

После пет месеци родителите на трагично загинатите планинари Александар и Калина го посетија Кајмакчалан


„Поминаа пет месеци од несреќата и сеуште не можам да си објаснам како се случи тоа. Сите сме потресени бидејќи вашите деца се првите две жртви планинари за коишто јас знам дека настрадале на Кајмакчалан. Имало повредени скијачи, ловџии, планинари, но ова е прв пат некој да го загуби животот во планинарска тура“. Со овие зборови, изразувајќи сочувство, непосредниот сведок на настанот, инаку вработен во скијачкиот центар Ворас, ги пречека родителите на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, кои зимава настрадаа при искачувањето на Кајмакчалан. После пет месеци од трагедијата, родителите го посетија местото на несреќата, во обид да добијат дел од одговорите на прашањата кои ги мачат изминатиов период, а кои за жал, остануваат заплеткани во инертната процедура на надлежните институции.

Средбата со нашиот домаќин се одржа во селота Панагица, сместено на падините на Кајмакчалан од грчка страна.

-Оваа слика што ја видовте сега горе е сосема поинаква од она што се случуваше на 10 февруари. Тој ден беше најлош во последниве 25 години, такво невреме не се памети во нашиов крај. На групата и беше укажано од самиот почеток кога дојдоа во Скијачкиот центар дека не треба да се качуваат нагоре бидејќи временските услови се исклучително лоши, но таквите апели беа игнорирани – објаснуваше нашиот соговорник, додавајќи дека групата имала некаква импровизирана радио врска која воопшто не била прикладна за местото и условите. Ако се има во предвид дека и мрежната покриеност на мобилните трелефони е слаба околу врвот на планината, тогаш станува појасно зошто комуникацијата на настраданите со спасителите не била на нивото кое го бара една таква ситуација.


Маглата и облаците и во средината на јули ги пречекуваат намерниците
-Тој ден како се да беше свртено против исчезнатите деца. Најнапред доцна ја добивме информацијата дека планинарите се исчезнати, затоа што во такви временски услови секоја минута е драгоцена. Воедно, времето беше исклучително лошо, паметам како сега да се случува. По добивањето на веста дека треба да се бараат децата на врвот, тргнав со ратракот нагоре, но во еден момент морав да застанам бидејќи ја изгубив ориентацијата, толку беше намалена видливоста. Излегов од кабината а скијачките очила веднаш ми замрзнаа. Кога ги симнав, ветерот го носеше снегот во моите очи како замрзнати иглички и речиси не можев ништо да видам. Со последни сили го здогледав едниот од столбовите на ски-лифтот, па тргнав во тој правец да се ориентирам – продолжува сведокот, кој се потсетува и на фактот дека наспроти поголемиот број волонтери но и професионални спасители кои тој ден се собраа во Ворас, само еден од локалните познавачи на планината, инаку лиценциран планински водич, по име Панајотис успеал да се симне до настраданите.


Местото на кое настрадаа Калина и Александар
-За жал, тоа веќе беше доцна кога тој се симна до децата. Тој сам не можеше да ги извлече, бидејќи немаше доволно опрема, а и девојката не беше во состојба самата да се движи. Децата имаа поминато повеќе од седум часа стоејќи во едно место и чекајќи помош, бидејќи практично не можеле да се движат ни лево ни десно во длабокиот снег во кој западнале. Додека тој беше долу под карпата, јас бев горе во ратракот со одговорниот од групата на децава, а во другиот ратрак имаше исто така нивни пријател. Во тие услови ние со двата ратрака само седевме и чекавме што ќе направи Панајотис – објаснува нашиот домаќин.

По ова Панајотис се вратил на карпата со надеж дека набргу од Солун ќе пристигнат специјалните единици за спасување и дека тие ќе успеат да ги извлечат настраданите. За жал, по нешто повеќе од два часа повторно само Панајотис се спуштил до планинарите, а тогаш веќе нивната здравствена состојба била драстично полоша, временските услови уште посложени и акцијата била прекината. Планинарската експедиција на Калина и Александар заврши фатално за нив.



Пет месеци подоцна родителите на настраданите планинари се искачија на планината, предводени од локалниот млад но веќе искусен планинар Ѓорѓи. Токму тој, по игра на случајот требало да биде дел од планинарската тура на 11 февруари, значи ден по трагичниот настан кога групата требало да се искачи на уште еден врв во истиот планински масив, но поради несреќата оваа тура била откажана. Додека се качувавме нагоре се потсетуваше на Калина и средбите со неа на Пелистер и на други тури на кои тој доаѓал во Македонија.



За жал, не беше лесно да се искачува Кајмакчалан, особено што најнапред возилото мораше да потклекне пред природата, па остана само можноста да се искачиме до врвот пешки. Но, емоциите проработеа, нозете стануваа се потешки, па и покрај силната желба и напори, дел од нас се откажавме уште на полпат. Најподготвените се искачија до врвот, каде што се соочија со суровоста на природата, па иако е средината на јули ветерот едноставно ги изобличуваше лицата и на моменти изгледаше како да ќе не фрли отаде границата, која минува на самиот срт на планината. Нормално, првата помисла беше – ако сега во сред лето е неподносливо да се стои на врвот, како ли им било на децата на тие екстремно сурови временски услови додека чекале под карпата, како што им било сугерирано во телефонската комуникација со нивните пријатели кои требало да го организираат спасувањето.



Нема зборови да се опише тагата и болката, загубата е ненадоместлива. Но, останува и горчливиот вкус во недоумица што точно се случило кобниот 10 февруари. Изјавите на сведоците во помала или поголема мерка се разликуваат, официјално надлежните институции не излегуваат со свои заклучоци, освен избрзаниот и тенденциозен извештај на планинарската асоцијација кое беше направено за да се заштитат некои луѓе во страв раката на правдата да не допре до нив.

Двајца млади ги загубија животите на прагот на животот, а истрагата сеуште не излегува со конкретни сознанија. За некои други случаи, под притисок на јавноста, правдата беше брза и решителна. Во случајов не е ниту брза ниту решителна. Одолговлекувањето на случајот само ги зголемува сомневањата дека нешто се сака да се затскрие, некој да се заштити.
 

Комита Ултрас

Ултрас Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
8.771
Поени од реакции
14.046
Нов скандал со „Трансферзалец“, водичот ќе оставел двајца планинари на Кораб

Двајца планинари, од кои едниот со повредено колено, биле принудени да трчаат по автобусот од организираната тура за искачување на Кораб викендов оти водичот на групата решил да се вратат назад без нив. Организиратор на турата било планинарското друштво „Трансферзалец“, кое ја организира и турата за искачување на Кајмакчалан кога загинаа двајца планинари. За последниот скандал алармираа планинари што биле сведоци на одлуката на водичот да тргнат иако недостигале двајца планинари.

„Нè оставија на 2 км од почетокот на патеката за искачување до врвот Голем Кораб и ни кажаа дека автобусот назад тргнува во 17 часот. Од организатори и водичи ни трага ни глас. Стигнав долу прв и морав да го барам автобусот што не беше на најавената локација. Стигнуваат и во автобусот влегуваат изморени луѓе и организаторот сфаќа дека недостигаат двајца и тргнува да ги бара, се враќа сам и му вели на шоферот да си одиме бидејќи се стемнува. Јас сфаќам дека се спремни да остават двајца луѓе сами во темница на планина и почнувам да се бунам. Автобусот тргнува. Двајца планинари што недостигаа се симнуваат по патот и трчајќи тропаат на автобусот со цел да запре за да влезат. Организаторите беа спремни да ги остават, ниеден водич не се загрижи, ниту одеше последен. Еден од двајцата го повредил коленото и морале да одат полека. Никогаш пак со ‘Трансверзалец’“, вели Марко Томиќ, еден од планинарите што го искачувале Голем Кораб.

Водичот од „Трансферзалец“, Јовче Николовски, за „Макфакс“ изјави дека два часа ги чекале планинарите што недостигале во групата пред да одлучат да си тргнат назад.

„Важно, со убаво заврши работата. Беше договорено автобусот да тргне во 17 часот. На сите јасно и гласно им кажав каде да се најдеме. Се симнаа половина. Половина се влечат, македонска работа. Се крена тензија, бараа да тргнеме оти два часа стоевме во место. Тие треба да бидат благодарни што ги чекавме. Уште кога сигнавме на Кораб, еден планинар рече дека ќе оди со приватен превоз, но ќе најави. Ние претпоставивме дека двајцата отишле заедно. Тамам тргнавме пополека, тие дојдоа. Немаа мрежа на телефоните“, вели водичот Николовски, кој се согласува дека не смееле да тргнат без да дојдат планинарите. 10-ина минути по изјавата, Николовски рече дека автобусот се поместувал на локацијата каде што требало да се чекаат, а не дека заминувал.

Од Федерацијата на планинарските спортови објаснуваат дека организаторот мора да се врати со ист број лица колку што имало кога тргнале на турата и негова обврска било да ги чека сите. Последниот водич, според Федерацијата, е обврзан да ги собере сите, дури и оние што евентуално заталкале.

„Не сме запознаени за ова. Деновиве треба да достават извештај, потоа ќе можеме да дадеме детали“, велат од Федерацијата на планинарските спортови.

Од „Трансферзалец“ велат дека викендов организирале две искачувања на Кораб, од кои едното било со ноќевање во шатори. Автобусот тргнал без планинарите дојдени на еднодневното искачување. Водичот Николовски вели дека токму поради тоа што имало две искачувања, кон врвот тргнале со еден водич, а се вратиле со двајца оти таму се споиле двете групи.

Двајцата планинари што трчале по автобусот се недостапни за изјава.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
302
Поени од реакции
441
Повредени планинари трчале по автобус.
Што се нема да прочитам по нашиве медиуми.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.294
Поени од реакции
13.505
https://www.slobodenpecat.mk/kultura/promotsija-na-dnevnikot-na-edna-planinarka-od-kalina-velevska/

Промоција на „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска



На 11 февруари, по годишнината од смртта на двајцата македонски планинари на Кајмакчалан, ќе се одржи промоција на собраните текстови на починатата Калина Велевска објавувани на порталот „Мис“.


Книгата го носи насловот „Дневникот на една планинарка“, исто како и рубриката во која таа ги пренесуваше своите искуства од планинарските тури во кои учествуваше.

Таа и нејзиниот пријател Александар Миновски исчезнаа во невремето на Кајмакчалан на 10 февруари 2018, за време на планинарска тура. Нивните тела беа извлечени од снегот на 11 февруари.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

Промоцијата ќе се одржи на 11 февруари од 20 часот, во бифето на МКЦ.
 

Комита Ултрас

Ултрас Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
8.771
Поени од реакции
14.046
А, со Трансвезалец што бидна? Функционираат и организираат тури сеуште? И со Угриновски и Москито има новости? @Almeida
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.294
Поени од реакции
13.505
А, со Трансвезалец што бидна? Функционираат и организираат тури сеуште? И со Угриновски и Москито има новости? @Almeida
Ако мислиш на одговорност - знаеш колку и јас. Немаше никаков судски епилог.

Пријателиве што се поактивни зборат дека као не е истиот (за Москито) и дека му било многу жал, ама си цепа со акции...а угриновски к** го болело од стално, битно президент да е на 100 години.

Лесна им земја на луѓево.
Грев ми е кога ќе ги видам на слика.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.804
Поени од реакции
9.205
А лошо ли е тоа што продолжил со акции? Мислам дека желба на Александар и Калина би била друштвото да продолжи со акции и да опстојува. И мојот татко починал на времето при планинарска акција на Солунска Глава и планинарското друштво Исак Русо набргу се распаднало. Од сегашна гледна точка ми е многу криво што се распаднало, бидејќи знам колку татко ми вложил во планинарското друштво и колку му значеле луѓето во него. Сега скоро кога сретнав дел од тие луѓе што биле тогашни членови, кажаа дека им е многу криво што се распаднало друштвото . Свесен сум на проблемите што ги имаат планинарските друштва, пред се организациски заедно со безбедносни бидејќи не е исто да си водич на 5 и на 55 луѓе, а сега во мода е планинарството. Плус финансиите секогаш прават двојби, бидејќи секогаш ќе се најдат спротиставени ставови околу тоа дали и каде се распределени парите. Но, мислам дека нивна желба би била да се продолжи со акции, и луѓето уште повеќе да покажуваат интерес за планината
 

Комита Ултрас

Ултрас Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
8.771
Поени од реакции
14.046
Уште од старт се знаеше крајниот епилог и еве значи цела година поминало, одговорност никој не презема и случајот ќе си остане нерасчистен.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.294
Поени од реакции
13.505
А лошо ли е тоа што продолжил со акции? Мислам дека желба на Александар и Калина би била друштвото да продолжи со акции и да опстојува. И мојот татко починал на времето при планинарска акција на Солунска Глава и планинарското друштво Исак Русо набргу се распаднало. Од сегашна гледна точка ми е многу криво што се распаднало, бидејќи знам колку татко ми вложил во планинарското друштво и колку му значеле луѓето во него. Сега скоро кога сретнав дел од тие луѓе што биле тогашни членови, кажаа дека им е многу криво што се распаднало друштвото . Свесен сум на проблемите што ги имаат планинарските друштва, пред се организациски заедно со безбедносни бидејќи не е исто да си водич на 5 и на 55 луѓе, а сега во мода е планинарството. Плус финансиите секогаш прават двојби, бидејќи секогаш ќе се најдат спротиставени ставови околу тоа дали и каде се распределени парите. Но, мислам дека нивна желба би била да се продолжи со акции, и луѓето уште повеќе да покажуваат интерес за планината
Слава му.
Кога? Дали во она зимско искачување кога загинуваат 4 планинари кај Горна Бабина дупка?

Јас не викам дека Трансферзалец треба да се затвори. Едноставно, тие што ги влечат конците на хаосот да се тргнат на страна, кога веќе државата, општеството нема културолошка/човечка свест и совест да ги гони.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.804
Поени од реакции
9.205
Слава му.
Кога? Дали во она зимско искачување кога загинуваат 4 планинари кај Горна Бабина дупка?

Јас не викам дека Трансферзалец треба да се затвори. Едноставно, тие што ги влечат конците на хаосот да се тргнат на страна, кога веќе државата, општеството нема културолошка/човечка свест и совест да ги гони.
Да, за тоа се работи, може и знаеш, секоја година има меморијално искачување "Четири Алпинисти", најблискиот викенд околу 6ти декември. Се собираат планинарски друштва и рекреативци, има доста дружба и секако се посетува местото и Солунска Глава кој сака. Слободно да дојдете следен декември сите љубители на планината, интересен настан е.

Во врска со случајов, мислам дека не би била никаква правда задоволена ако државата кривично го гони организаторот. Јас не ги познавам ниту Москито ниту Угриновски, да не сфатиш дека ги бранам тука. Ама сепак реалноста била дека Калина и Александар своеволно се одделиле од групата, биле опоменати да не продолжат нагоре и биле предупредени каква е состојбата. Се работи за возрасни личности, со преголемо планинско исксутво, кои свесно се одвоиле и се впуштиле во ризик. Организаторот да им ги врзе нозете, не може, не се работи за мали деца па со сила да ги спречиш да продолжат нагоре. Цело време има планински тури каде што некој се одвојува и се изложува сам на опасност, среќа речиси сите поминуваат незаприметено бидејќи ништо не се случува и нема последици, цело време има поситни и посериозни инциденти на планинари што решиле да тргнат во снежно време, планината е таква што е најпривлечна во снег, невозможно е тогаш да нема ризик. Кога водичот проценил дека зголемен бил ризикот, посочил да не се продолжува и тука да заврши турата и искачувањето, да продолжел со групата па да имал директна вина, ама вака...Вина секако може да се најде каде и да бараш, построги наредби и ограничувања за организирање тури, построга обука за водичи, задолжителна бројка на водичи според бројноста на настанот, пример на 4 луѓе по еден водич, ама така со толку водичи дали би била обуката толку построга. Многу работи кои не функционираат, како и многу други работи во државата треба и мора да се сменат. Ете и сам спомна, совеста цел живот ќе го мачи Москито, бидејќи на негов настан и негови пријатели се случило тоа, но како да се гонат кривично кога е превземен чекор на своја рака наспроти сите предупредувања. Како и да е, се дискутирало ова многу пати, тоа е што е.

Не знам дали има нешто, но доколку не се организирало ништо, би било убаво и за Калина и Александар да има меморијално искачување, токму на врвот Кајмакчалан. Може и секој на своја одговорност, во своја организација, на 11 февруари, би било убав гест.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.294
Поени од реакции
13.505
Темава е пополнета со расправии за одговорностите и повеќе од доволно.
Многу малку време имам за форумов во последно време...вчера набрзинка пролистав што сме пишувале лани и стојам на истото. Штом сме такви какви што сме како општество, останува на тие што биле пријатели со овие млади луѓе, да се сеќаваат на нив и да организираат настани како традиционалната "4 алпинисти". Го знам и самиот настан. Неколку пати сум бил на Солунска. Го знам и просторот каде што се случил настанот, а знам и многу други случки кои таму завршиле трагично. Позната е и по лавини, ама е и магнет за громови веројатно заради геолошкиот состав.

Не сум сигурен кој конкретно го организира, ама сигурно видов настан кој викендов ќе се одржи во чест на Калина и Александар, планинарска акција, ама не на Кајмакчалан заради тешката пристапливост во периодов. Кој е заинтересиран нека прочепка по фејсбук. За викендов е предвидено топло време.
 
Член од
22 февруари 2018
Мислења
147
Поени од реакции
61
Темава е пополнета со расправии за одговорностите и повеќе од доволно.
Многу малку време имам за форумов во последно време...вчера набрзинка пролистав што сме пишувале лани и стојам на истото. Штом сме такви какви што сме како општество, останува на тие што биле пријатели со овие млади луѓе, да се сеќаваат на нив и да организираат настани како традиционалната "4 алпинисти". Го знам и самиот настан. Неколку пати сум бил на Солунска. Го знам и просторот каде што се случил настанот, а знам и многу други случки кои таму завршиле трагично. Позната е и по лавини, ама е и магнет за громови веројатно заради геолошкиот состав.

Не сум сигурен кој конкретно го организира, ама сигурно видов настан кој викендов ќе се одржи во чест на Калина и Александар, планинарска акција, ама не на Кајмакчалан заради тешката пристапливост во периодов. Кој е заинтересиран нека прочепка по фејсбук. За викендов е предвидено топло време.
Jas nemam fajsbuk, pa pozelno e da se stavi nekoj link od nastanot.
TY :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.294
Поени од реакции
13.505
Ова е од описот на настанот. Многу пријатели стаиле going....да видим да не верујем.

Jas nemam fajsbuk, pa pozelno e da se stavi nekoj link od nastanot.
TY :D
ЕГ Грин Пауер и Планинарски предизвик „12 врвови„ на 10 февруари(недела) организираат еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа(1150 мнв). Во акцијата како организатори се приклучуват и градоначалниците на општините Градско и Росоман низ кои поминува патеката. За сите учесници ќе обезбедат бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.
Секој учесник да понесе со себе прибор за јадење - чинија, лажица, виљушка.
Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.
ЦЕЛТА на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне земјоделското(рурално) население) во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва.

Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, на дел од патеката ќе се засадат садници обезбедени ЈП "Македонски Шуми".
ДЕТАЛИ ЗА ПАТЕКАТА :
СТАРТ на турата и почетна точка на тргнување : 7.00 часот од центар на село Сирково (270мнв).
Патеката започнува со одење по срт со благо искачување се до вештачкотоПодлешко езеро (660 мнв) од каде продолжува по срт до врвот Клепа.
НАПОМЕНА : За оние кои не ќе можат да продолжат до врв, ќе биде обезбеден превоз од Подлес до манастир Св. Архангел.
Завршна точка: манастир Св. Архангел(410мнв) (помеѓу Г. и Д. Чичево)
КРАЈ на турата : Mанастир Св. Архангел.
Должина на патеката: 18 км во обата правци.
Вкупно времетраење: 7 часа пешачење
Тежина на акцијата: средна.
Висинска разлика : 880 метри.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на 2 литри вода, повеќеслоеста облека, водоотпорна јакна( кабаница), разгазени зимски чевли, планинарски стапчиња, гамашни, шал, капа, ракавици, топли напитоци, челна ламба, два пара чорапи, наочари за сонце .

ТРГНУВАЊЕ : Скопје, во недела(10 февруари) Скопје во 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
ЦЕНА од Скопје : 450 денари.
За Скопје : Информации и пријавување на тел : 071 216 066 (Марио)

За Велес и околните градови : Тргнување во 6.20 часот пред Стоковна куќа НАМА, кај кружниот тек во центарот на Велес.
ЦЕНА од Велес : 300 денари. Задолжителен е капар од 200 денари. Во цената е вклучен превоз од Велес до Сирково и од ман. Св. Архангел до Велес.
За Велес : ИНФОРМАЦИИ и ПРИЈАВУВАЊЕ на тел: 075 361 877 (Игор).

НАПОМЕНА : Секој оди на сопствена одговорност. Организаторот го задржува правото да ја скрати, промени, одложи или откаже турата, доколку проценките на теренот или временската ситуација го наложат тоа.

ВАЖНО : Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
- Императивно, вашето ѓубре да го носите со себе во ранец до првиот контејнер.
 
На врв Bottom