Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Дискусија во форумот 'Хоби' започната од bijons, 11 февруари 2018.

  1. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.118
    Допаѓања:
    10.279
    Треба текстов да го стаам у другана тема што е за планинарење, ама не сакам да збориме таму за вакви работи затоа што е убава тема. Нека одлучи модераторот.
    Има прилично многу врска со ова, а и тука ми е непријатно затоа што многу лоши зборови испокажавме зимоска.
    Само ќе напраам паралела - кога може амди, што да не и угриновски. Ние сме држава за која има еден графит, не знам каде е точно и мислам дека е некаде во Србија, а се однесува на Црна Гора, ама и нас не гаѓа меѓу рогови „Људи су говна, али су планине прекрасне“.
    Не само што абер нема од истрагата за случајов. Не само што абер нема од поднесување оставка и понесување морална одговорност, туку има желба за нов мандат. Човек на залез на живот, со никаков вреден багаж позади себе, со несреќи, хаос и купови проблеми, со спорт оставен на поединецот, на иницијативи, на случајности - зошто да не истера уште 5 години? Па може сега ќе му тргне.
    Само во нашава скапана држава може повеќе пати да се скокне у амбис - е ова е тоа.
    Да пројде собраниево и сите што ги познавам, а се претседатели на клубови ќе ги исчистам од фејсбук ако не го тргнат гомнаров. Пишува во информацијава, а и не сум слушнал до сега од никого дека има некакво организирање за смена.
    Еве ова е реалноста у која живееме.

    http://www.emagazin.mk/vesti/vest/4...ite-drushtva-da-go-smenat-vechniot-ugrinovski
     
    На Ilumious, PeterBayern, Ailurophile и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Trpe Grozni

    Trpe Grozni

    Член од:
    17 март 2014
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    441
    Имаш идеа кој би бил противкандидат ??
     
  3. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.118
    Допаѓања:
    10.279
    http://www.emagazin.mk/vesti/vest/49189?title=samo-edno-planinarsko-drushtvo-saka-promeni-vo-фederacija-drugite-kalkuliraat

    Во текстов е спомнат Горан од Макпетрол. Ама не потврдува тој. Не сум чул дека има некаква организирана промена, да се соберат клубовиве и да го мафнат стариов лакташ.

    Горан има лиценци за планински водич во Словенија, па и на Алпи мислам, со тоа што, познавајќи го, мислам дека нема да се нафати. Во однос на совесност како водич (ова од искуство што сум бил со нив на тури), мислам дека е многу совесен. Со Москито не би го споредувал. Москито би те однел у пустелија и би те остаил таму и не е никаков репер за ништо, а се разочарав кога дознав дека Трансферзалец си цепаат и си праат тури ко ништо да не се десило (не знам кој им оди искрено). Е сега совесноста на тури е една работа, а организационата способност нешто друго.

    Мој личен став е дека треба да биде некој помлад, ама не да се врти све околу еден чоек. Сега според статутот е така. Поентата е да има претседателство и да се средат многу сфери во кои нема никаква регулатива - конечно планинарските тури да влезат у некој закон, да се работи на одржување и конторлирање на планинарските патеки, нешто да се потегне во врска со домовите, заклони исл.
    --- Споено дупло мислење, 19 мај 2018 ---
    Инаку, морав да го искоментирам ова....„друштвово“ кое единствено бара смена, да не беше Угриновски, веројатно уште немаше да бидат дел од Федерацијата и по организациони способности се најблиски до Трансферзалец, ама ете ја иронијата. Па уште како гласно си ги критикуваа колегите, а единствена разлика во клубовите им е по бројот на загинати луѓе, што е чисто среќна околност.
    Ама тоа е, Маќедонија вечна...
     
    На A__ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.655
    Допаѓања:
    14.291
    А бе Алмеида како недораснато дете си. Пак провоцираш. Таман одморивме, мораше по 32 пат да збориш против Зоки и Трансверзалец.
    lol
    Ај ако не па нека клечат пред гробовите на Калина и Александар или уште подобро нека се самоубијат.
    Нема никаква причина зошто Трансверзалец треба да цепаат на некој поразличен начин за да ти дадат тебе до знаење дека они сфатиле дека нешто се десило.
    Ти знаеш уопште што имаат преземено Трансверзалец?
    Што треба да преземат Трансверзалец?
    „да го прекинат постоењето на клубот“ loloololol

    Ти ги знаеш сите „дупки“ и организациски вештини на Трансверзалец?
    Поправи ме ако грешам, освен директни напади кон Зоки, не прочитав нешто поконкретно.

    Иначе еве, ти предлагам бидејќи си толку многу засегнат и загрижен за Трансверзалец и луѓето што одат со нив, направи некои протести против нив (отворај фејсбук групи, цртај графити по град, блогови, сајтови итн) за да им укажеш на луѓево да не одат со нив.

    Биди вистински загрижен, не вака по форумов.
     
  5. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.118
    Допаѓања:
    10.279
    Јас се откажав од членство по клубови откако видов какви ебиветри од претседатели и водичи има. Ај за онаа (да ја наречам) стара генерација од "планинари" шо одат со по 3 литра ракија до некој локален руиниран "дом" и се праат тикви пијани - од нив ништо не очекувам. Не создадоа ништо во последниве 30 години, а во меѓувреме се случуваа повеќе несреќи отколку успеси што е логично. Тие создадоа еден стереотип дека планинар е глупав чоек што оди во смрт без причина, што не може да биде подалеку од вистината. Помладиве се во филм или "елита" или гледаат да организираат тура со илјади учесници за да уштекаат кеш за некоја летна тура до алпи и слично.
    Ставот за зоки нема да го сменат твоиве постови без нога стаена на планина. А со "плачењето на гробовите" - не ти личи баш. Ако сака да планинари нека си оди сам или во мало друштво, а не да носи луѓе у гроб, за што има искуство докажано до сега. Не знам кој е твојот "аргумент" за ова, освен терање контра.
     
    На A__ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.655
    Допаѓања:
    14.291
    Нерелевантно.
    Никој од моето пошироко познанство не знае за овој стереотип.
    Јас не сакам да ти го променам ставот за Зоки. За волја на вистината, твојот став можеби и е точен, што знам. Мало искуство имам со Зоки (еве ради тебе и ја треба да се повторувам сега) но ти ми одиш некако ептен на лична база и можеби базирано на 1-2 работи.
    Јас имам проблем со твоето упорно повторување и глумење душебрижник на ПОГРЕШНО место.
    Делуваш мнгоу загрижено. Ова е нешто локално за кое можеш да делуваш на подобри места од Кајгана форум. Ти кажав погоре што треба да преземеш.
    Не мора да плачат, да клечат само.
    Така нема да можат да организираат тури и + ќе ти дадат до знаење дека нешто се десило.
     
  7. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.655
    Допаѓања:
    14.291
  8. Klin

    Klin Колце

    Член од:
    6 јануари 2014
    Мислења:
    2.968
    Допаѓања:
    3.034
  9. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.118
    Допаѓања:
    10.279
    Ја има дискусијата во темата за планинарење. Ова е друг случај и сепак не се работи за несреќа. Лесна му земја на чоекот. Во сериозни години отишол, а Хималаите не простуваат. Во веста во која е пренесена несреќата пишува и за други повредени и загинати, такво си е местото.
     
  10. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.655
    Допаѓања:
    14.291
    Кај е водичот да го врати???
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.118
    Допаѓања:
    10.279
    Мислиш дека ме "закопа" со коментаров? Еверест е станат најкомерцијален врв на планетава. Шерпасите некои клиенти буквално на ушка ги носат до горе, а во базниот камп, ако имаш пари, можеш да нарачаш еспресо од она кафе што го какаат мачките или божоле од 68-ма на собна температура. Така да, не ти држи многу нападов и баш е во корист на тоа јас што го зборам. Друга фора е она шо го праи Здравко и негови еквиваленти, што трошат месеци и месеци во припреми и логистика, собирање шерпаси што ретко одат на тие врвови и нема никакви претходно поставени скали и фиксни јажиња. Читај малку поише, интересна тема е. Јас не ти пишувам од инает.
     
    На A__ и Anon им се допаѓа ова.
  12. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.655
    Допаѓања:
    14.291
    Значи и кај овие за на Хималаите треба редефинирање на правила... Ццц. Го расипава планискио спорт.
    Имало и таму некои Москитовци шо праат ујдурми.
     
  13. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    23.948
    Допаѓања:
    28.441
    Срцев удар.
     
  14. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.118
    Допаѓања:
    10.279
    Ах бе Анон, не се вика проблемот москито, туку, конзумеризам, капитализам, комерцијализација...
     
    На A__ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.655
    Допаѓања:
    14.291
    Па луѓето се криви што потпаѓаат на тие „задоволства“.
     

Сподели преку: