Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И да поверуваме во ова? Секој може да направи лажен профил и сам да си пишува пораки демек некој се заканува и со тоа ја попречува истрагата.

Имаше лажни профили што коментираа, ама на некои не им одговараше тоа дека и Калина беше водач и тие што продолжија се виновни а не Зоки, па ги блокираа таквите.



Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Член од
15 април 2012
Мислења
37
Поени од реакции
64
Е Снеже Снеже, едно време беше дури и новинарка.

Сепак да сме на чисто - Снеже никад не била новинарка. Презентерка и Соработничка на МВР да, и денес и спремаат емисии само да ги презентира.
 
Член од
25 јули 2017
Мислења
28
Поени од реакции
19
Законскиот хаос кај нас.
Моментно четири служби би требало да можат да организираат ГСС служби.

- ФПСМ
- Црвен Крст на Република Македонија
- ДСЗ
- Министерство за внатрешни работи.

Сите овие си имаат некој вид вакви служби, ама нити една правно не е добро обликувана. Некои работи им е забранети на поедини од овие служби, некои работи им се забранети на сите служби, а некои работи им се дозволени на сите овие служби, при што овластувањата им се преплетуваат и не се знае кој јаде-кој пие. Секој си ја префрла одговорноста на другите и сите бараат финансирањето да биде кај нив.

Додека они се договорат, пациентот мртов.
За жал.
постои паралелна организација МПА македонска планинарска асоцијацијана К, Циривири
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Знам, ја спомнав порано, само што таа нема организирано ГСС служба.

Инаку наместо МВР треба да стои ЦУК (Центар за управување со кризи), МВР би требало да се користи какоиспомош на овие служби.
За жал, кај нас сега за сега работи само МВР како што треба.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
http://telma.com.mk/do-kade-e-istragata-za-zaginatite-planinari-prashuvaat-rodninite/



До каде е истрагата за загинатите планинари, прашуваат роднините

Изминаа два месеци од смртта на Калина и Александар, а молчат државните инспекциски служби, Планинарската федерација, која и понатаму издава лиценци за водичи а Трансверзалец повторно си организира планинарски тури, без никој да утврди дали тоа им е дозволено, велат роднините.

Ги гледаме нивните насмеани лица, меѓу нив и славниот туристички водич Москито, кој иако казнет, ја организирал турата на Кајмалкчалан на 10. 02. 2018. Очигледно, паднаа во заборав двете смртни последици и фактот дека државата требаше да ја утврди одговорноста на сите чинители за купот повреди на законските прописи. Затоа што, Судот во Стразбур, во овие случаи, најпрвин утврдува дали државата, нејзините институции и приватни лица ги поседувале и ги ставиле во погон сите механизми и мерки за обезбедување на животите на лицата, кои се под нивна јурисдикција и кои има обврска да ги заштити, се вели во писмото од роднините.

Се прашуваме што направи нашата држава овие два месеци, во правец на утврдување на причините за трагичниот настан? Да почнеме по ред. Дали инспекциските служби го затворија Трансверзалец заради бројните повреди на законските и интерните прописи? Дали Москито, јавно заштитен од Угриновски, кој, сред зима, „остро“го казни со непостоечка казна (суспензија на лиценцата за летни услови, со оглед дека за зимски услови никогаш не ни имал), повторно си игра водич и организира нови тури ? Дали вечниот Угриновски, во меѓувреме го пријави инцидентот на Светското планинарско друштво? Очигледно не, туку продолжи со своите ефтини манипулации, па присуството на претседателот на Словенечката планинарска федерација, чие доаѓање му било договорено одамна пред овој настан, го искористи, за на фамилиите, лажно да им го „подметне“како доаѓање на лице од Светската планинарска федерација? Колку и обвинителството да утврдува вина, неспорен е фактот дека водичот Москито и лицето Дени, никому не се јавиле, ниту на МВР, ниту на нашата војска, ниту на професионално обучени, за зимски услови, спасители од Македонија за да побараат помош во една животно загрозувачка состојба за Калина и Александар! Дали воопшто, во една нормална држава, давањето на лиценци за планинарски водичи и надзорот над овие спортови, во кои се гине, се остава на непрофитни организации, или тоа го прават безбедносните органи, а превенствено, МВР, прашуваат роднините.

Додека ја чекаме бавната правда, очекувавме Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетеа да организираат едно меморијално искачување во спомен на загинатите со планинари. Можеби тие, кои беа во групата на 10.02, кои тогаш не се јавија никому, ниту постираа на ФБ, или на било што, еден обичен апел за спасување на Калина и Александар и поради тоа срамно молчат.

https://www.24.mk/ugrinovski-na-raspit-vo-ojo-semejstvata-na-zaginatite-planinari-reagiraat-na-bavnata-pravda

Угриновски на распит во ОЈО, семејствата на загинатите планинари реагираат на бавната правда

Претседателот на планинарската федерација Јовица Угриновски на распит во Јавното обвинителство - дознава тв 24.

Семејствата на загинатите планинари упатија писмо до медиумите реагирајќи дека и по два месеци од смртта на Калина и Александар институциите молчат. Обвинуваат дека планинарската федерација и понатаму издава лиценци за водичи, а Трансверзалец повторно си организира планинарски тури, без никој да утврди дали тоа им е дозволено.

Семејствата се разочарани од како што велат бавната правда и очекувале Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетат да организираат меморијално искачување во спомен на загинатите.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Инаку чисто како споредба, минатиот викенд 16 планинари (турно и обични скијачи) загинале на алпите само за еден викенд. Меѓу нив имало и водичи, високогорски водичи и спасувачи.

http://pistehors.com/4-deaths-on-chamonix-zermatt-haute-route-25418532.htm

Ова не би требало да не теши и да не натера да си помислиме дека ние сме (скоро) совршени, бидејќи сме далеку-далеку од тоа, ама барем да сватиме дека планината не е играчка и дека несреќи се случуваат ма колку да сме припремени да ги спречиме.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
а што се случи со истрагата на кајмкчалан? или уште не е почната
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Планината е непредвидлива, ама смешно е да се прави споредба со планина како Кајмакчалан и алпите.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Не правам споредба, само велам дека и кај многу поорганизирани и поспремни за вакви работи, локации се случуваат вакви работи.
Пак ќе кажам, не смееме на ова да се потпираме, туку треба да работиме на подобрување на сите работи за кои сметаме дека го загрозуваат планинарењето.

А за истрагата, па што може таа да докаже ?? Дека Зоки е крив ??
За што, организирал тура во странство ?? Па сите ние тоа го правиме. Ако чекаме некоја туристичка агенција тоа да го направи за нас, нити ќе го добиеме тоа што го сакаме а трошоците со сигурност ќе ни бидат поголеми.
Ниедно планинарско друштво не се потпира на вакви приходи, или имаат спонзори (ретките среќни) или имаат некој наследен имот (планинарски дом или канцеларии) или се само на членарина и на поединечна ретка донација (најголемиот дел од клубовите).
 

Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
И по малку рушвет од договорена зделка(сместување и други организациски активности).
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Истрагата би била за грчките спасувачи и нивните неодговорни постапки. Пишав "би била" затоа што треба да ја прави грчкото обвинителство, што мене ми е тешко за верување, посебно што мислам дека чувствуваат тие помалку одговорност заради прилично неодговорните постапки и од нашите планинари и не верувам дека ќе си осудат свои граѓани. Веројатно ќе донесат одлука да нема обвинение и да си останат чисти, за разлика од тоа што кај нас стандардно ќе се заташка, за да останат после тоа милион дилеми.
Штом до сега нема ништо, би било изненадување да покаже некој свест и да уведе ред у хаосот.
Пак ќе пишам - лесна им земја на загинатите и сочувство до семејствата за пеколот што им се случи.
Не би праел споредби со Алпите затоа што се многу попосетени од нашите планини. Сите држави низ кои се простираат имаат огромна инфраструктура и вековна планинарска култура, меѓутоа се работи за огромен ланец млади планини со глечери, вечен мраз и снег, дури и сеизмички активен регион, убеден сум дека ситуациите во кои се случиле овие случки се далеку покомплицирани од случкава за која е целава тема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom