Кактуси и сукуленти

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Мое(цвет)
20200314_134911.jpg ж
(шпанија)

20190422_125251.jpg
(франција)
20190420_130346.jpg
Неколку збора за Euphorbia milii: можеби една од најраспостранетите млечки во култивација, ова грместо растенија се одливуква со листови и со боцкави стебла. Цветот...е всушност малото кружно жолтеникаво чудо опкружено со двете големи црвени листови (прикажано на првата слика).
Растениети не е издржливо на студ...и во некои гранични региони(во последната слика ница и во погорната југоисточна шпанија) станува листопадно(слично на сувите сезони карактеристични за неговата домовина-мадагаскар).
Во култивација се одликува со повеќе форми- дебело стебло и нуско (ница/шпанија), тенко стебло и високо, хибриди со мали боцки, цветови во боја, големи цветови, џуџести култивари итн. Малку по толеранто е на влага и на пониска светлина, но бара одлична почва. Расте релативно брзо. Како сите млечки, лачи отровен латекс ако е оштетено.
(мое, помладо)
20190328_104318.jpg

хибриди, од интернет
1588014234304.png
џуџе(слика од нет)

1588014335667.png
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Малце инсајт во пресадување на кактуси/сукуленти
1. Ова е мојата мешавина. Како што гледате... сваштарник. Во него се има чакал, кршена цигла, перлит, и земја. Можда и нешто екстра. Земјата...е рециклажа од печена што ја користев за никулци. Таква имам при рака, таква користам. У принцип, за просечниот кактус/сукулент, ви треба супер порозна, и преферабилно со голем дел минерални материи.
20200501_085652.jpg
Ова е...ух..пациентот. Хуернија што ја земав за замена што една што ми скапа. Пошто претходната ја изедоа волнести вошки во коренот, битно е на оваа да се исчисти коренот( со млаз вода), и да се стави инсектицид. Траблшутингот е многу важен дел од одгледувањето сукуленти.
Ова е саксијата во која растенијето ќе седи, многу дупки од одздола.
Ова до него..е. лопатка направена од шише омекшивач(лоу тек, ама ништо што продаваат во маркетиве од градинарска опрема може да го замени...
20200501_085706.jpg
Ова е растенијето после садење. Пошто применував екстремно деструктивна метода, за да зацели после садење, две недели без полевање. Битно е да нема многу голема разлика измеѓу оквирот на саксијата и нивото на земјата, да не кисне базата на растението.

20200501_085824.jpg
Ова е пациент број 2. Ребуцијата што цветаша овој период. Ја пресадувам (во истата саксија), оти претходноспоменатото ниво на почва има опаднато(почвата се троши, после година дена, и се собира).
20200501_090121.jpg
Пошто почвата е океј(фабричките почви се апсолуно за никаде, секогаш гледам да ги пресадувам, или понекогаш утки се дешаваат), нема потреба од чистење на коренот и тие работи(тоа што ќе се истресе ќе се истресе). Затоа само една недела неполевање.
20200501_090310.jpg
ова е резултатот после . Како што гледате, растението за цел сантим е кренато погоре.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
20200503_163918[1].jpg
Го купив сабајле(за стотче...колку еден целер ова време), сега го пресадив...
Не мие е прв..не ми е ни единствен(хе хе..имам мало клонче фатено у саксија на друо место...само лиљаков а не црвен)...
Мал велигденски кактуси...за тие како мене што не им се дава по 400 денари...
Автоматски споено мислење:

Пошто е време ...неколку збора за божиќните(и..ух..thanks giving....ќе го викам назабен божиќен)...
Трите типа на кактуси сегашно се сместени во родот Schlumbergera. Многу распространети, лесно се одгледуваат(не бараат претерано специфична земја се додека не се дават во вода),средно количество на светлина(нејќат да се печат директно на сонце, нејќат да им биде многу топло).
Од трите "вида"....бидејќи голем дел се мелези и култивари..ќе ги набројам клацисите и најчестите варијанти. Би сакал внимание да се обрати на формата на цветовите и листовите(сегментите).Забелешка-некои од имињата се или грешни(bridgesi, втора слика) или аут оф дејт(rhipsalidopsis, hatiora..сега сите се под Sclumbergera)
1588518028207.png
1588518056567.png
1. Класичен божиќен-Sclumbergera (x) buckleyii
20200211_124404(0).jpg
20200210_132214.jpg
Маргитните на листовите се испакнати и заоблени. Цветот е долг и цевкаст. Скоро исклучиво е длабока магента боја, но многу ректо може да се најдат варијанти со црвена.Цветна сезона е доцна зима(јануари, февруари, март) на сончев ден.
2. Назабен божиќен..Schlumbergera truncata и.п.к. Thanksgivng cactus
1588518258860.png
1588518306192.png
1588518348806.png
Се разликува од привот преку присуството на запци на до ареолите на листовите. Боите вариаат, постојат многубројни култивари, а најчесто се наоѓаат тие со црвен цвет, магента цвет и бел цвет(но има и други-портокалови, жолти итн). Имаат повеќе бело на цветовите од truncata , но е унверзално. Обликот на цветот е сличен. Цветна сезона декември-јануари.
3. Велигендски-Schlumbergera gaertneri(бифша hatiora, rhipsalidopsis, zygocactus)...
1588518650003.png

1588518781683.png
Главната и највоочливата разлика од другите две е формата на цветот- многу по типична за кактус, што е одговорна за проблемите со клацификација. Другата е дека ивицитете се по рамни од другите(нема бразди или запци, само помали рецки). Последната многу значајна разлика е цветната сезона- средина на април, мај, јуни.Постојат две главни варијанти-црвена како претходно наведениот пост, сега во пупка, магента боја(имам клон). Исто како и назабениот божиќен, има култивари и во други бои(светло розева, портокалова итн).
Кактусите потекнуваат од средна америка, и сите се епифити...
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Време за уште една ребуција- Rebutia heliosa.
Како сите ребуции, представува мал глобуларен кактус, што најчесто расте во колонија.
Oва растение е нешто што би го нарекол реткост. Најчеста форма што може да се сретне е калемена 20190319_081022.jpg
За жал, како и сите калемени форми, растението може да живее ако калемењето е добро и базата(во големопродажба секогаш змејско овошје/dragon fruit -hylocereus) e жива. Ова, дури и во мое искуство е прилично тешко да се оддржи...
Постои потеницијал да се прекалеми или да се одкалеми, но
тоа е друг предизвик што немам намера пак то да превземам
Се работи за кактус со предоминанто порткалови цветови, со зелени дршки, збиени ареоли и вдлабнат центар.
Имав прилика да најам и на сопствен корен
20200501_152927.jpg 20200514_074520.jpg
20200514_114059.jpg
20200515_073014.jpg
Што бара овој кактус? Иста приказана како другите ребуции- полу сенка надвор, внатре до прозорец, почва екстремно порозна, зимска кома итн. Во принцип, иако ребуциите се едни од понапорните кактуси(од родови што полесно се наоѓаат), ако се исполнат основните услови и се почитуваат основните правила, не треба екстра тормозење.
Слики од други:
1589539724773.png
1589539852850.png
1589539873786.png
1589540247231.png
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Немам постирано x време во темава..
20191231_143025.jpg
Моето пред пресадување
20191108_114254.jpg
(не се мои растенија)
20200226_103019.jpg 20200226_103057.jpg
Овој мал колоничен катус се нарекува mammillaria prolifera. Името prolifera грубо се преведува како "носи потомок".
Адекватно име, кактусот брзо расте(пушта нови глави, и цвета на релативно мала големино. Составен е од многу глави во спомнатите со релативно безбедни боцки, цветовите се само опрашувачки, и пуштаат црвен плод. Кактусот лесно се наоѓа, и еден од тие што би ги препорачал за почетници.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
191
Поени од реакции
146
Не знам кој вид се, како се одгледуваат па ако може мала помош. На колку време се полеваат,дали е проблем што се во еден сад сите заедно,каква земја итн итн.. Kaktusi.jpg
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Не знам кој вид се, како се одгледуваат па ако може мала помош. На колку време се полеваат,дали е проблем што се во еден сад сите заедно,каква земја итн итн..Прегледај го приврзокот 264931
Видови
-Haworthia limfolia striata(сукулент сроден со алое)
-Gymnocalycium friedrichi cv Hibotan(црвен) накалемен на змејско овошје(hylocereus)
-Echinopsis ancistophora subdenudata/dominos- ехинопсис
-Mammillaria prolifera(за нејзе пишував тука некаде).
Да проблем е да бидат заедно. Хавортијата сака по темно и по суво од другите
Црвенкото ќе се исуши или скапе, ако сакаш, исечија гранката од зелениот дел, почекај недела дена и посадија ја нејзе. Иначе тоа е субдина што за жал ги следи сите калеми.
Почва кактусите две(mammillaria и echinopsis)
сакаат минерална почва , што подразбира бајги чакал и ако може да најде перлит со помал дел тресет/хумус. Значително помал.
Хавортијата и змејското чат пат.
Полевање.... на лето 10 дена, на зиме месечно.
Држи ги кактусите на ептен светло, хавортијата на светло, ама не директно.
Ова последното е најбитно, премногу луѓе не го знаат тоа.
Автоматски споено мислење:

20200831_115549.jpg
Ајде мал квиз-кој знае што е ова(освен мене)?
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2012
Мислења
191
Поени од реакции
146
Фала на советот @Стев .. Само не разбрав како да го пресадам зелениот дел. Кога ќе го исечам , како да го чувам една недела?
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Фала на советот @Стев .. Само не разбрав како да го пресадам зелениот дел. Кога ќе го исечам , како да го чувам една недела?
На суво и топло(ама не многу). Исеченицата(глеј екстра остар нож да користиш) треба да формира тврда кора(како дрвенеста.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
191
Поени од реакции
146
@Стев
Како и претходно барам совет за овие видови. Кој со кој може во иста саксија,полевање,почва??

Благодарам однапред.





viber_image_2020-11-04_12-47-31.jpg viber_image_2020-11-12_10-22-29.jpg
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
@Стев
Како и претходно барам совет за овие видови. Кој со кој може во иста саксија,полевање,почва??

Благодарам однапред.





Прегледај го приврзокот 274136Прегледај го приврзокот 274137
Би ги остаил сами по себе, не би мењал големина на саксија АМА, и ова е многу битно, би им сменил земја одма. Ти зборам крупен песок и чакал (70%) без ситна материја помешена со 30% земја.
И бојата на овој последниов(pachycereus pringlei) е лажна, вака треба
1605194946724.png
за сонце, сите овие се за високо сонце, внимателно со опунцијата(opuntia microdaysis ruffida) и кактусот со бојата.
Препорачувам кујнски штипалки.
Истреси ја земјата со стискање, и со четка(нежно) и полевај 10 дена. После тоа постепено.
Иначе видови
-десна колона, од напрет кон назад
1. Красула(дрво на пари)- crassula ovata, грмушест, спор сукулент
1605195885158.png
2.Опунцијата(opuntia microdaysis ruffida), мал грмушест кактус со глохиди(мали боцки што нервираат) 1605196004785.png
3. Ешеверија- Echeveria black prince- за темна боја треба многу сонце, мал сукулент во форма на розета
1605196027310.png
4 . Орбеа - Оrbea variegata- располсан сукулент од африка, личи на кактуси но има цветови што мирисаат на мршо(carrion flower)- само миризбата е релативно слаба на оваа всерта
1605196042946.png
Среден ред-Mи изгледа на красула.Дали perforata или rupestris не знам Мали сукуленти од африка, распослани и колонијални.
1605196207758.png
трет ред
- Ми изгледа како хибрид на ешеверија и нешто друго. Eве примерок од граптовериа(echeveria x graptopetalum). Розетни сукуленти, хибридите знаат да се разгрануваат полесно и да растат повисоко
1605196393587.png
-кикирика, распослан колонијален кактус, со чудно потекло. Овој прскај го со вошки со неопитроид, близу коренот. Бара зимски сон. всушност општо по ретко и помалце полевај во зима...
1605196363872.png
-oбоениот, името го спомнав(пахицереус), дрвенест кактус од мексико, побрзо расте од неговиот роднина од аризона(сагуаро), зимски сон итн,
1605196589430.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom