И ние имавме дома барем 5-6 вида кактуси кои пуштаа цветови, ама за жал измрзнаа лани, не ги заштитивме на време.
Останаа само чуваркуќите. Не се кактуси нели, ама слично им е шо долго издржуваат без вода. Добро е шо чуваркуќите многу се размножуваат па може човек прилично да си ги изнастава насекаде по двор и по тараси.
Шуваркуќите се тоа што се нарекува сукулент. Подразбира било кое растение што има адаптации да преживее суви услови преку создавање ткиво што чува вода, во листови, стебла, корења или други органи.
Чуваркуќата чува во листови(исто и другите красуловиди, некои и во стебло)
Исто и делоспермата( и другите месембрити)
исто и познатите алоиња
и агавињата, од кои се прават алкохолните пијалаци текила и мезкал
во стеблото, имаш како два сорти-сукуленто стебло и кауидикиформн.
разликата е што сукулентонто стебло е зелено и прави фотосинтеза
најпознати се кактусите...иако има и не сукуленти кактуси..
потоа се млечките(еуфорбија) што луѓето најчесто ги мешаат со кактусите..разликата е дека се екстремно отровни, имаат латекс, мали..и најчесто грди цветови...и немаат формации на боцки како катусите
потоа стапелидите. Варијабилни(церопегијата на пример..) имаат и стебло ама и листести. Имаат цветови што ги опрашуваат мушички..некои од тие цветови смрдат. Ги реклацифицираа скорешно и сега е куршлуз..
каудикиформ(џатрофа... истово ова растение го купив по две години)
и адениум(мојот не е ваков)
исто имаш и сенецио...што е и он разноврстен