Како сте задоволни од градбите на Настел?

Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Мислам малце ја претеравте. Логиката е таа, пазарна. Понуда и побарувачка ја диктира цената макар и еден човек да купува 100 стана. Меур можда ќе има а може и ќе растат цените, во далеку поразвиени земји се случувало да пукне без некој да предвиди. Станбеното прашање е генерален проблем и во западните земји за нашата генерација, едноставно миграцијата си го напраи своето. Еве ја сум у мисла да купам стан, не планирам да се селам во странство а ни да живеам со моите уште долго. Поише од 40тина квадрати не можам да си дозволам, а кирија да плаќам ми нема логика. За тие со фамилии е уште поизразено ова. Заврши времето коа 3 генерации живеат у една куќа и тоа го движи пазарот, заедно со миграција од помали градови кон скопје. И верувајте дека становите не стојат празни долго, дури на добри локации се препродаваат поскапп него купеното.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Сабајлево слушав на радио за зградите Автокоманда. Со купена тераса се добивало гратис гаражно место или паркинг, баш и не ги дослушав што нудат.
Во секој случај овие се рекламираат дека го кршат законот со кој се обврзува инвеститорот да обезбеди паркинг место со секој купен стан беспари.
И сега кој го тоа дозволува дури и овие закони бедни какви што се, да не се почитуваат?
Едино ако се зезаа.
Инаку едно гаражно место чини од 3-5000 евра и повеќе. Закони за украс.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мислам малце ја претеравте. Логиката е таа, пазарна. Понуда и побарувачка ја диктира цената макар и еден човек да купува 100 стана. Меур можда ќе има а може и ќе растат цените, во далеку поразвиени земји се случувало да пукне без некој да предвиди. Станбеното прашање е генерален проблем и во западните земји за нашата генерација, едноставно миграцијата си го напраи своето. Еве ја сум у мисла да купам стан, не планирам да се селам во странство а ни да живеам со моите уште долго. Поише од 40тина квадрати не можам да си дозволам, а кирија да плаќам ми нема логика. За тие со фамилии е уште поизразено ова. Заврши времето коа 3 генерации живеат у една куќа и тоа го движи пазарот, заедно со миграција од помали градови кон скопје. И верувајте дека становите не стојат празни долго, дури на добри локации се препродаваат поскапп него купеното.
И како ти изгледаат каматите? Грабеж?Со опциите без учество и на најдолга отплата практично плаќаш два стана. Без учество мислам дека и воопшто не може.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Скоро сите ќаруваат со нови згради. Инвеститори, изведувачи, банки, нотари, лихвари, општинари, сопственици на имот. Неретко и судии, во спорови. Преогромен бизнис за така лесно да се откажат од дупови и трупање нови згради на сметка на зеленило, паркинзи, безбедност и животна средина.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.312
Комфорност во 43м2 можеш ако си глушец.

Прегледај го приврзокот 231212
Mestoto e ograniceno, jasno e toa. Ali se prasuvam koja e target grupata za vakov stan? Garsoniera za eden covek? Togas mozebi e i nad potrebnoto a mozese edna golema soba i posebna kujna. Bracen par bez deca? Mozebi, ama spalnata i banjata se mnogu mali. Regal nema da postavis. Poveke lugje i ne bi smestil ovde. E sega, mestoto e mnogu glupo planirano, kako sto rekoa nekoi vlagas odma vkujna. Vo spalna od 10m² tesko golem krevet da stavis, nikako ne izlaga stanov kako sto treba. Proporcijata na stanot na dolgo i ne e korisno so sto gi stesnuva sobite. Barem od moi nestrucen agol. E sega, problemot e sto i samite kupuvaci ne se razbiraat mnogu za da uvidat deka vakov stan e bez smisla. Zatoa i se prodava se i sesto.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
И како ти изгледаат каматите? Грабеж?Со опциите без учество и на најдолга отплата практично плаќаш два стана. Без учество мислам дека и воопшто не може.
Без учество, потрошувачкиот кредит е висок. Затоа глеам квадратура колку што иам учество. Коа ќе го тргнеш учеството киријата со ратата ти е горе доле иста. Значи си дал за учество и коа ќе го исплатиш имаш стан. Станот е поверојатно да ти вреди поише него да стане поефтин од учеството. А секако треба да живееш негде. Дриг град не ми е опција, ниту другата страна на вардар така да 1000 еурс за квадрат минимум :D
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Без учество, потрошувачкиот кредит е висок. Затоа глеам квадратура колку што иам учество. Коа ќе го тргнеш учеството киријата со ратата ти е горе доле иста. Значи си дал за учество и коа ќе го исплатиш имаш стан. Станот е поверојатно да ти вреди поише него да стане поефтин од учеството. А секако треба да живееш негде. Дриг град не ми е опција, ниту другата страна на вардар така да 1000 еурс за квадрат минимум :D
Полека сега. Потрошувачки кредит е едно - го земаат луѓе, по-домаќини, за купување ствари по дома (веш-машина, фрижидер) и по-ебиветри, за одмор, полуматурска забава и слични тривијалности.
Јас зборам за станбен кредит, пошо темава се станови.
Под учество, ако добро разбирам, се подразбира дел од вкупната вредност на станот што имаш да ја исплатиш. Да речеме, стан од 100 000 евра - ти имаш моментално на располагање 20% - 20 000 евра, а другиот дел го отплаќаш на рати. Месечната рата ја определувате заедно со банката во рамки на можностите и желбата да се живее како роб, дали 15, 20 или 30 години.
Каматната стапка може да биде фиксна или првите пет или три години, обично е пониска. Покрај каматата, нормално има мал милион други „трошоци“ што креативните лопови у банка си ги имаат измислено и генерално, што подолго отплаќаш, толку повеќе камата плаќаш, за на крај станот да те чини како два.
Она вчера што го пишувавме за источна, западна Германија и понормални делови од свет, каматните стапки се поразумни. Цените на становите може да се повисоки, ама односот висина на плата - месечна рата за станот е поинаков.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Има многу станови што седат празни. Тоа пред се е поради фактот дека станови кај нас се купуваат и како инвестиција покрај тоа и за живеење. Направил некој денар и ете купува стан да капат паричките. Знам неколку фамилии што ете имаат по три четири па и повеќе станови низ Скопјево.

За разлика од ситуацијата кај нас на Запад за да купиш стан во Минхен, Антверпен или слично треба да чекаш на листа (истото и за стан под кирија), посебно за некои нормални населби. Кај нас имаш илјадници станови за бирање во секој момент. Ама цената не паѓа.

Според мое мислење тоа е поради неколку фактори. Прво, инвеститорите кај нас продаваат станови со маржа повисока од маржата за продажба на кокаин. Тој со 30% продадена зграда си ја вратил инвестицијата па сеа сите други продадени станови му се чист ќар. Втора работа, нема притисок за продавање. Тие што имаат станови за продавање имаат по неколку стана или инвеститори кои имаат многу кеш па и на двете групи не им смета да чекаат месеци или години да дојде некој и да им искешира цената.

затоа пазарот на недвижнини е многу чуден кај нас. Астрономски цени а илјадници празни станови.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Доколку немаш за учество, мора да земеш кредит со повисока камата, као потрошувачки. На тоа мислев. Стамбениот кредит е со помала камата.
За германија не знам искрено како е со камати и кредити, ама во големите градови смештајот е изгор исто така. Не ги глеајте малите градчиња и турските гета, да најдеш таму стан во населба ко аеродром тука ќе те фати ѓавол ипол исто така. Како и да е не ми е целта да споредувам зашто селењето е сосема друга тематика, само сакав да прикажам зашто цените се такви ко што се кај нас.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888

еве ти калкулатор, не да е грабеж, дури и со учество душата ти ја зема банката, ако не оболиш додека си со кредит нема кога.
 
Ехе препродавачи за коли чекаат и не спуштаат цена не па за стан. У најлош случај на децата ќе им остане, а вредност нема да изгуби.
 
Можеш хипотекарен, станот што го купуваш го ставаш секако под хипотека ако ти требаат повеќе пари (никоја банка не ти дава 50к на лепе очи), а ако купиш стан од 50к и имаш 35к кеш за 15 000 и не е страшно, на 5-7 години се исплаќа.
 
Тоа е бираш од две зла помалото. И ја би сакал наследен стан со чиста сметка како и сите други.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Ехе препродавачи за коли чекаат и не спуштаат цена не па за стан. У најлош случај на децата ќе им остане, а вредност нема да изгуби.
така е. Кај нас стан се гледа како светиња, не само место за живеење. Вредност нема да изгуби се дур има некој што е спремен да плати и се дур не му требаат пари.
Кога нема да прават профити и ќе имаат криза за пари, ќе летнат надоле. Ама се дур луѓе купуваат стан со 80% маржа, нема што да се секираат Чифлигамец, Азманов и компанија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Можеш хипотекарен, станот што го купуваш го ставаш секако под хипотека ако ти требаат повеќе пари (никоја банка не ти дава 50к на лепе очи), а ако купиш стан од 50к и имаш 35к кеш за 15 000 и не е страшно, на 5-7 години се исплаќа.
Даваат ако имаш убава плата и учество, брат ми зема без хипотека. Да имаш 35к е лесно после, ама кој има собрано толку. А ова со ставањето на стан под хипотека не ми е баш јасно.
Автоматски споено мислење:

така е. Кај нас стан се гледа како светиња, не само место за живеење. Вредност нема да изгуби се дур има некој што е спремен да плати и се дур не му требаат пари.
Кога нема да прават профити и ќе имаат криза за пари, ќе летнат надоле. Ама се дур луѓе купуваат стан со 80% маржа, нема што да се секираат Чифлигамец, Азманов и компанија.
Најчесто побарувачката на празни станови ја праат луѓе кој купуваат за децата и не знаат што да праат со вишокот пари. Тие 2,3 стана нема да ги продадат за џабе. А чифлиганец не ти чува 100 празни станови ко светиња, ако му е зорт ќе ги продаде ама според мене првата група да буста цената :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom