Значи. Најсериозно сеа.
Си купив капучино for the first time in my life и од прееска пробувам да направам кафе со пена.
САКАМ КАФЕТО ДА МИ ИЗГЛЕДА ВАКА !
Сите дома ми солат памет.
„Мешај го додека ставаш вода“
„Нека не ти биде толку топла водата“
Сите пробаа да направат барем по една шолја, не успева.
Кафето не ми изгледа вака.
Објаснете ми како ја праат пењата!
Ја маки се изнамачив уште поодамна со тоа , глеам нескафе во кафич го носат со пења, чоколадирано, купи нескафе дома, ќе излези како чај, поточно филтер кафе, али со тек на време му ја научив финтата на сето то. И кај нас ТОЛКУ неинформираност за кафињата постои, само заради увозниците на кафе што штедат на рекламен материјал. Еве пример, во грција (пошто тука сум видел) купуваш 2 големи кутии нескафе и добиваш машинка гратис, а кај нас таа се купува за ретардирани 400 па нагоре денари можи и кинески да најдиш за поефтини пари... на англиски го викаат shaker,ретардирате “шејкер“ а на наши “Мешаљица“.
Значи,за нескафе ако прави некој - ти треба машинка, мешалка или она што е подоле на сликата:
Со миксер сум пробал : не се лажете не излегува. Машинкава го меша апсолутно добро кафето и се прави пења. Ќе почнам од нескафе оти тоа прво ми излезе на уста, што е потребно да направите нескафе слично како во кафич:
1 чаша голема по можност висока
1 лажичка нескафе
Шеќер по вкус
Млеко
Во чашата се става вода отприлика колку едно чаше ракиено што има волумен (поим немам колку е ова во милилитри али отприлика со 3 супени лажици стигнува таман) и турате една лажица нескафе и шеќер. Со машинката се меша, али грешката кај многу што ја прават што е:
Премногу мешање удират првиот пат, со малку вода, па се прави целата чаша полна со пења, а после наместо кафе пиете само ВОДА и малце млеко. Значи, првото мешање е фактички правење КАЈМАК, и нескафето да добие некој изглед како крем. Значи - МАЛКУ МЕШАЊЕ, а не да направите еден тон пења
Поле тоа се додава вода и се додава млеко, но не се полни догоре, и се продолжува со мешањето, али малку отпојќе мешање сака да добие цврста структура и да се сврзи водата млекото со кафето а не да пиете пења, а после само вода со млеко. Чоколадо ако имате потурете одгоре, ако не, преку таквото
Капучино.
Оти немав млеко денес, а сакав пења да направам како што постави цурата на слика, во прв пост, турив одвишак капучино.Управо коа праам капучино ја прам со 3-4 лажици капучино во една шолја, а не со 1 стандард. И нормално не е мерило тоа, повеќе турете - поубаво капучино.
И се меша со истата мешалка како погоре, и се добива краткотрајна пења...
Али ова не е начинот баш оригинален, за таа потреба се измислени кафемати што кај нас се прилично скапи, освен едни мини-кафемати што ги рекламираат такозвани DolceGusto со цена од 150 евра, према мене не е многу скапо а си имате со него патрони за макијато,еспресо,арабика,итн.
Е сеа, вистинските кафе-машини, во кафичите се повеќе наменски и кафе и пења, и триста чуда па дури и сушат садови после миење, али то е малце поскапа но вредна инвестиција за по дома.
Кај нас морам да признаам и малку се знае како се прават и што се вистинските кафиња а најмногу ме иритира што во кафичите нема ТУРСКО КАФЕ бре!
Има специјални апарати за правење пена. Имам јас такво дома. Ја прави толку добра што кога ќе го превртиш апаратот пената не паѓа. Али апаратот е само за пена.
Еве што сакав да кажам погоре, значи за пењата во капучиното е потребен апарат, што типот вика го набавил 50 евра. Исто и јас мојот толку го купив, и се вика Микробранова.
Ако сакате орѓинал пена, и повеќенаменски апарат, купете микробранова. Во една чаша за млеко се става половина полна чаша млеко, рокајте микробрановата на 2 минути вртење, кога ќе извадите имате орѓинал пена за капучино. А пред тоа, треба: Топла вода, 2-3 лажици капучино, добро мешање со лајца а можи и со апаратчето за нескафе (поубо се меша) и после тоа горе се додава пењата со лажица.
Пробај го рецептов ако имаш микробранова, па кажи ми дали ти успеа.