Да се надоврзам со
@Lester Freamon и
@lion888 ...
Канбера избиши ја од ИТ листата. Има работа таму ама треба и државјанство, иако не е спомнато секогаш во оглас подоцна во процесот сигурно ќе ти бараат. 99% се државни работи или контракти за државни институции и речиси секогаш се бара државјанство а често ако е поврзано со одбрана или безбедност што е 50-70% од работата таму се бара да се откажеш од друго државјанство ако имаш. За прва генерација мигранти тешко е таму освен ако не работиш градежништво или некоја нетолку битна сервис струка. Има прилично голема мак заедница во квинбијан и канбера али на повисоки позиции се углавно деца, втора генерација на фамилии преселни во аус во 80тите или порано.
За девојкати за healthcare знам дека за медицински сестри со шведска едукација им се бара дошколување овде. Имам другар што зема наша швеџанка па тука неможеше да работи иако таму била глава сестра во некој пензионерски дом. За нејзе може да е малку покомплицирано али не е неизводливо, работа има колку сакаш во healthcare мада не е многу платено, слично е ко у шведска. Бизнис и финансии и е подобра опција мада за тоа ќе и треба малку среќа да влезе и да се снајде на почеток а после има добри шанси да растури во Западна Аус поготво ако може да се снајде и да работи со Азија.
Body corporate management што спомнува Лестер е малку специфична тема. Да појаснам, тоа му доаѓа нешто ко станарина у мкд. Си плаќаш додатно за разни сервиси што ти ги нуди заедничкото домување. Е сега кај Лестер у австралиската верзија на Мајами тоа е обично базен, портир, лифт ако е зграда, теретана комуналии (приватно собирање ѓубре), тениски игралишта, заеднички простории, пристап од паркче опремено со скара има и такви што нудат пристап до голф терени и чуда), во Мелбурн и Сиднеј имаш згради сефови во буквална смисла на зборот ама имаш и townhouses каде единствен трошок е приватно собирање ѓубре... Значи тоа body corporate management може да е од 10тина долари до 1000ци долари МЕСЕЧНО. Кај Лестер е поизразено, во остатокот на АУС многу многу помалку (исклучок становите у Сиднеј) еве
@Xibalba или
@пунтер нека споделат ако сакаат колку отприлика иде тоа. Во Мелбурн станбени згради имаш релативно малку, и обично се наменети за студенти или млади професионални брачни парови, не се баш за живеење. Низ населбите таун хаус (ова ти е куќа ама на еден плац што бил да кажеме 900м2 има 3 или 4 една зад друга) обично само ѓубрето и евентуално осигурање на објектот ако се лепенки им е заеднички трошок и тоа е 10 до 30тина долари неделно. За мене и
@lion888 ова не е баш ни некоја тема пошто реално 95% не ни имаме допирна точка со тоа. Законски до 3 куќи на еден плац нема боди корп, над 3 99% од случаевите имаат нешто ситно освен на Голд Кост и Саншајн Кост каде е сосема друг фокусот (луксузно живеење наместо нормален живот) и имаш додатни сервиси наспроти минимумот што е во метрополите.
За Перт и Западна Австралија... Ова мислам е повеќе за тебе.
Најлесно да ја сфатиш Западна АУС би ти препорачал да си ја замислиш ко медитеранска Аљаска... Дел е АУС ама не дел. Има тотално различна динамика во се. Различна економија. Најчесто спортивна на истокот. Кога на нас ни одговара јак долар на нив не им одговара. Кога нас ни одговараат високи камати на нив не им одговараат. Све е некако наопако. Тоа не значи дека е лошо, напротив има доста добри работи... Она што го кажа
@lion888 работа полесно се наоѓа, пошто трендот е после некоја год и младите да бегаат на исток. Поплатено е исто поготово ако влезеш во било што поврзано со рударство. Дури и банкарство таму некогаш знаат да платат 30% повеќе од Мелбурн или Сиднеј само да донесат асален кадар. Некретнината им е ко биткоин у споредба со истокот. Она што денес е 500К утре ако тргне рударството за 3 месеци може и 2 милјона да стигне али може и на 400К да падне преку ноќ ако се стиши... Релативно спор пазар е и со години си се исти - стабилни цените. Практично еднаш секој 10тина год имаат шпиц и после следи стабилизација. Секојдневни производи, све е поскапо од истокот. Многу работи им стигаат со воз, знае некогаш да бидат отсечени... Мусиманишта у споредба со истокот НЕМА (додуше незнам сега како е, мада би било тоа занемарливо). Имаш индонезијци али пристојни, за они да добијат АУС виза обично се капацитет луѓе. Црнчуги, либанци, арапи обично у Сиднеј и Мелбурн. Квинсленд имаш англоси, Западна АУС ти англосаксонци, германци, италјани, чат пат некој кинез од азијатите па може да се каже и доста наши има некој 20тина илјади... Ова е едина држава во АУС каде сме побројни од грците. Од тој аспект Западна АУС е супер место за живеење. Медитеранска клима, суво е што рече дека сакаш така да тоа ќе ти одговара. Лошо е што е изолирано па секој се жали дека после 2-3 год веќе нема што да види у смисла на култура... Рачунај дека и кога гостуваат светски атракции во АУС често Перт го прескокнуваат зашто поефтино е во Нов Зеланд да продолжиш него до Перт... Ако сакаш природа супер е. Ако сакаш луѓе не баш...
Даноците се дел од приказната. За инвестирање во некретнина овде имаш многу олеснителни околности. Преку негатив гириниг на пример можеш да ја намалиш бруто платата и данокот за каматата што ја плаќаш. Амортизација и ред други работи може да се користи под одредени околности така да 150К плата може на крај да ја сведиш на 20-30К ако знаеш што правиш и да не платиш или или многу малку данок. Ако инвестираш на пример на источниот брег можеш еднаш годишно да идеш да си ја „видиш“ инвестицијата и трошокот (одморот) да ти се одбие од платата. Даночниот систем е уствари една од главните прични зашто АУС е подобра од ЕУ за инвестирање, не е само пораст на цените.
Квалитетот на иселеници ти е исто битен. Од една страна имаш ко што рече инжињери од блиски исток а од друга страна асален свет што сака да иде напред. Не дека и овде нема ѓубре ама тоа е углавно концентрирано во делови на Мелбурн и Сиднеј. Почетокот е тежок секаде ама Западна АУС мислам дека е најбалансирана за некој тазе дојден. Истокот нуди повеќе ама и кошта значително повеќе. Транзиција од запад на исток не е толку тешка за понатака. Клучна одлука ќе ти биде кога ќе дојде време да купиш куќа дали ќе купиш за своја душа у западна АУС или ќе инвестираш на исток. Едново ќе ти даде слобода да правиш што сакаш, другото е добра финансиска одлука.