Да бидам искрена,во животов сум имала неколку врски и до сега 2 пати имам раскинато од кој едниот не се рачуна зошто беше премногу детско сето тоа у секој случај.Вториот пат....
Викам дека сум јака за се и сешто,дека немам влакна на јазикот,дека сум многу опуштена и се можам да кажам во лице ама раскинување ноу тејнкс!Една од најнезгодните работи ми е тоа и сум посебна кукавица кога се работи за тоа.Страв ми е некако да го изговорам тоа `мислам дека е време да прекинеме` или што и да ми текне во тој момент ако воопшто може,зошто до сега сум немала некоја посебна причина за раскинување...секогаш било поради самата себе,сум сакала да бидам сама и со никој друг и не бил тој во прашање!
Моето раскинување личеше на некоја сцена од филм...искочивме пред кафулето во кое седевме...Целата потресена,ми клецаа колената,теперев како лист..И кога рече што сакаш да ми кажеш,ми стана уште полошо!Му реков само дека сакам да раскинеме ,зошто?Заради мене,сакам да бидам сама и не е ништо поради тебе,јас сум причината.Ако продолжиме можам да те повредам а не сакам и слично.И после долго тресење,кога разговорот мирно заврши како да ми падна камен од раменици и се чувствував толку слободно што не можам да опишам!Жал ми беше во првите денови,ама после тоа ...лајф гоус он!:baeh: