Како приватните универзитети го гарантираат студирањето?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Колкава е гаранцијата на приватните универзитети што запишуваат студенти, дека парите од граѓаните вложени за студирање нема да пропаднат?

А1 побара пристап до банкарските гаранции на приватните високообразовни институции, врз кои добиле дозвола за работа. Денеска само првиот приватен универзитет „Фон” им доставил документ во која се гледа дека квалитетната гаранција е над седум милиони евра. Со оваа гаранција „Фон” се обврзува дека ќе ги исполни сите наставни, кадровски и просторни услови за која и доби дозвола за работа.

Од првиот „Европски универзитет” не сакале јавно да ја покажат банкарската гаранција и решението за работа велат, дека тоа не бил јавен документ.

На веб сајтот, пак, на Министерството за образование стои дека Универзитетот се уште е во постапка на добивање одобрение за работа.

За висината и квалитетот на банкарската гаранција не сакаа да зборуваат ниту од универзитетот „Американ колеџ”, Факултетот за туризам, Факултетот за бизнис, економија.

Од „Њу Јорк” универзитетот Скопје велат, дека нивната банкарска гаранција изнесува 1,5 милиони евра, но документите ќе бидат достапни утре.

Со ова се поставува прашањето, дали родителите плаќаат илјадници евра за студирање на своите деца за кои немаат гаранција?
Сите овие институции, дозвола за работа имаат добиено од Министерството за образование, но никој од таму не сакаше да даде податоци за финансиските гаранции на приватните високообразовни институции.

Велат, дека податоците не ги објавуваат јавно не земајќи го фактот дека секој родител сака да добие гаранција дека го запишал своето дете на вистинскиот факултет.



Извор: А1 вести
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Сите знаеме која е врската на А1 со ФОН, така да немора да ги величаат толку. Гранцијата коа беа заедно еурм и фон пред 2 години мислам дека беше околу 5 милиони, барем така слушнав. Сега 7.000.000 сам ФОН хммм, ај да не зборам
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ovaa godina eurm plati garancija =3.2 milioni denari mislam, imam procitano negde, ama mnogu e jasno toa za A1 i FON kako za Vecer i EURM. Site imaat plateno garancija i veke odmna izlaza listata koi mozat da primaat studenti
 

Kajgana Shop

На врв Bottom