Како поминаа вашите часови по возење?

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Не биди п***а,само не давај “гас“ на снегот и ке немаш проблем. :helou:
Овие денови морав пак да полагам за Е категорија и немаше проблем,тестовите на прва,возењето на прва и сега ке уживам 5 години до наредното полагање?
ЊТФ???

Од кога полагање на 5 години :tapp:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Започнаа вака...
Инструкторот: ова е бравата и тука се става клучот за палење. Кога ке дадеш контакт свети црвена сијаличка за маслото...
јас: што те интересира да ти кажам за подмачкувањето во моторот :)? Палам Југото, овај зачудено ме гледаше. Прв ден на полигон, наредниот одма надвор од град (кога виде дека знам да возам, не џабе ја крадев колата уште од 8-мо). Остантите ги маткаа по 4-5 дена (часови) полигон.


Понатаму беше лудило. Се познававме од порано, па идеше од дома ме земаше, и до дома си одев со авто-школата како со такси :).
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Започнаа вака...
Инструкторот: ова е бравата и тука се става клучот за палење. Кога ке дадеш контакт свети црвена сијаличка за маслото...
јас: што те интересира да ти кажам за подмачкувањето во моторот :)? Палам Југото, овај зачудено ме гледаше. Прв ден на полигон, наредниот одма надвор од град (кога виде дека знам да возам, не џабе ја крадев колата уште од 8-мо). Остантите ги маткаа по 4-5 дена (часови) полигон.


Понатаму беше лудило. Се познававме од порано, па идеше од дома ме земаше, и до дома си одев со авто-школата како со такси :).
Јане или Коле? :pipi:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Јанчи... Го видов пред некој ден, Јане го зеде белото Југо, а Коле плавото. Авто школата затвори, останува Народна Техника да фигурира под државна капа но незнам до кога... Можно е Јани и Коле да ги видиме во некоја друга авто школа, и двата се добри инструктори.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Јанчи... Го видов пред некој ден, Јане го зеде белото Југо, а Коле плавото. Авто школата затвори, останува Народна Техника да фигурира под државна капа но незнам до кога... Можно е Јани и Коле да ги видиме во некоја друга авто школа, и двата се добри инструктори.
Уште ко полагав јас (2006), Јане го имаше белото Југо, а Коле синото. :)
Јас со белото си возев. Закон беше. :)

Кој и да ги земи, нема да згреши. Супер се двата. Имаат и однос спрема студентите, и се останато. :)
 

Dead Wrong

Love United Hate Glazer
Член од
8 септември 2007
Мислења
220
Поени од реакции
1
Пред да ги возам часовите, колку толку знаев веќе да возам, ама за време на часовите беше лудило, глупости со инструкторот цело време.... еден незаборавен дел од мојот живот :):):)
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
полагање шоферски испит

:vozbud:пошто сум јас поооостар од вас моето полагање беше таму некаде 1985 или 6.Инструкторот ми беше манјачиште,сега гледам е некоја фаца таму у АМСМ.Ме тераше по к...и дури до зелениково демек сме имале час на отворено:tapp:,а после го враќав дупе пијано до тогашен југосигнал позади собрание:vozbud:.Во секој случај инетресно полагање земајки у предвид дека заради него морав уште 30 допунски часови да земам.Ама затоа ме научи дека ламела мењаш у старт на кола(кутро фичо),а за ситни зезанции под дифолт се подразбира.Сепак ме научи да возам така да до сега фала богу без сообраќајка:vozbud:освен по некое столбче урнато или цвеке прегазено кај дедо ми у двор:toe:
 

Biker_boy89

Driver
Член од
17 јануари 2009
Мислења
105
Поени од реакции
0
Јас кога полагав инструкторот првиот ден од двор ме зеде се префрли на совозачкото седиште и ми вика правец Граница (Ново Село).И секој ден така ми здосади и мене и нему да се возиме низ град и на полигон и ми вика абе ајде знаеш да возиш не мора повеке оди си на полагање на тестови.Еден ден имав проблеми со педалото за гас (заглавуваше :vozbud:) па ја го правев:vozbud: :vozbud:
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
бидејки знам да возам оште од 7 одд ... часовите лесно со инструкторот муабет заебанции и се дојде време за полагане тестови положив од прва градска од втора првиот пат ме соборија демек сум настапил некоја пуна линија и да сум ја настапил за една линија не можат да те соборат ама тоа е пари да земат.... и сега си возам... :))
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Член од
5 октомври 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
Пред 2 години кога јас возев часови во автошколата, ми дадоа да возам со едно Југце, кое верувам дека нови гуми немаше видено никогаш во животот освен на првото излегување од фабриката:vozbud:. Ме мачеше инструкторот 2 дена на полигон, и потоа секој ден додека возев градска пак морав да ги поминам гаражите по еднаш. Така, некаде 3-4 ден колата качи температура на полигонот во 6 часот наутро(летно време беше, бараш да биде ладно додека возиш) и застанав на сред полигон. Инструкторот имаше пауза за цигара:tapp: и ме праша зошто сум застанал, па му објаснувам што се случи. Се фаќа тој за глава, како ќе сме се врателе до градот(полигонот беше надвор од него), а треба да чекаме уште саат време за да дојде некој. Инструктор+механка=тапа. Колку што се разбирав јас од коли перката од ладникот ја поврзав директно на акумулаторот, се олади колата и се вративме назад. Остатокот од часовите го поминав како таксист, тој не гледаше ни како возам само ми кажуваше сврти тука, сврти таму и гледаше жени:toe:.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Прв дел 90% од часовите ми беа во април пошто поладно и тие идеа скоро подмачкано онака школски со таа разлика што инструкторот воглавно со раката надвор од кола пушеше цигари и се ѕвереше по ........добро де веќе сите знаете, по жени. Последните неколку часа ги земав непосредно пред полагање во средина на август. И еден многу битен момент имаше тогаш. А тоа беше час полигон во 2 часот попладне средина на август, во незаменливото југо. Како и да е сите три испити ги положив од прва во рок од два дена. И што е најсмешно додека земав часови и дури кога полагав неносев каиш пошто беше заглавен и не функционираше.
Потоа кога првпат седнав во сеичентото на мајками ми стана јасно колку е изедена ламелата на едно југо од автошкола.
 
Член од
12 август 2019
Мислења
21
Поени од реакции
102
Часовите одлично, ми се погоди многу добар инструктор, млад дечко 5-6 години постар, срцка беше. Муабети цело време, смеење и што е најважно не ме напнуваше, не бев по притисок и да направев грешка ми кажуваше каде грешам и ме оставаше следен пат да се поправам без негова помош. Тестови и полигон од прва положив, а градска од втора. Ко за чудо немав воопшто трема кога полагав градска, бев сосема опуштена и се понашав ко да сум сама во кола, само ги слушав нивните инструкции. Сѐ на сѐ предобро поминав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom