Како одлучувате што ќе читате?

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Се што ќе ми дојде под рака подзачитувам, па ако ми „фати“ - убаво.:toe:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Често се случува некоја книга од одреден жанр да ме натера да читам книги од истиот. На пример по Господарот на прстените прочитав повеќе книги со теми од фантастиката, хоророт, авантурата или мистериите.
Истото стана и со Дина на Херберт.
Некогаш одредени автори препорачуваат на овој или оној начин некој друг писател.
А за мајстори од типот на Достоевски, Шекспир, Андриќ или Конески не се потребни препораки.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Kнигава беше иницијатива на.. другарка. :icon_lol:
Поради тоа што е над 550 страни и историско-религиска мистерија.

Доаѓа во склоп на Кодот на Да Винчи, нудејќи откровение за вистините на христијанството, Светата Трилогија и Светиот Грал. Тематика која ми е привлечна за читање.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Како ќе ми каже другарката што е по книги.:back:
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
122
Поени од реакции
4
Se kacvam gore vo mini "bibliotekata" na moite i baram kniga:smir:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Најчесто прво отварам книга на 2-3 места и читам по некој пасус ако не знам воопшто ништо за книгата.Ако ми се допаѓа стилот почнувам да ја читам.
А тоа што ќе читам зависи од расположението.Некогаш сум расположена за полесна литература а некогаш читам некои по психолошки романи
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Што знам, влегувам во книжарница, и по 40 минути до саат, излегувам од таму со книга :) Тоа би било кратката верзија на прикаската.

Не знам како се одлучувам, не следам рецензии, ниту па препораки, иако реално слабо сум опкружена со луѓе со кои би муабетела за литература и би разменувала препораки за дела и слично. Едноставно се заглавувам во книжарница и ги разгледувам подетално сите могучи книги (освен рафтот со "how to" книги, шо увек го скокам, зошто мрзам водичи со десет чекори до подобар оргазам, 15 начини да напраиш пари или 100 прашања зошто животот е тежок), па најпосле ќе се одлучам за некоја, иако од толку книги, не ретко се случувало и да згрешам при изборот. :)
При изборот ми помага и принципот на елиминација, значи тоа што НЕ сакам да го читам, како хау ту книгите што ги спомнав, или некои автори кои ми се неомилени, како Коељо или Николас Спаркс.

Инаку читам буквално се`, од белетристика до класични романи, преку раскази, па чак и поезија, што не значи дека се` ми е по вкус :)

Во поново време дојдов до заклучок дека е нездраво човек што го љуби пишаниот збор да нема членска картичка во библиотека, па решив дека мора да се зачленам во најбрз миг :) Океј, при оваа одлука поголемо влијание имаше фактот што пола плата ми иде по книжарници, а тешки времиња се, рецесија ово оно, мора нешто да се предузме :icon_lol:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
У бибкиотека 15-20 минути барање по тоа рафтовите. Обично тражам книга на лице место, значи гледам кој наслов ќе ме привлече, а ретко одам со препораки!
 

Eka_88

bLuE bLoOd
Член од
1 јули 2009
Мислења
22
Поени од реакции
0
Како одлучувате што ќе читате?
Најчесто слушам препораки од познаници со коишто знам дека имам сличен вкус и размислувања,но за секој случај барам накратко да ме воведат во приказната пред да ја земам книгата


Сакате лесна литература за релаксација или дела од кои можете да научите нешто, дела што ќе ве држат напнати до самиот крај исто ко да гледате трилер?
Читам секакви книги, зависно од расположението,но најважно е да успеат да ми го задржат вниманието. Ама сумирано може да се рече дека преферирам трилери,но сепак и тие некако повеќе ги класифицирам во полесна литература,за разонода...а не во некои дела од којшто можеш да научиш нешто посебно...
а ако сакам нешто да научам -поточно ако нешто посебно ме интересира и сакам да дознаам повеќе на таа тема бирам други книги,кои се многу потешки за читање (дефинитивно не се трилери),но за нив треба повеќе слободно време...

Често се случува некоја книга од одреден жанр да ме натера да читам книги од истиот. На пример по Господарот на прстените прочитав повеќе книги со теми од фантастиката, хоророт, авантурата или мистериите.
Истото стана и со Дина на Херберт.
Некогаш одредени автори препорачуваат на овој или оној начин некој друг писател.
А за мајстори од типот на Достоевски, Шекспир, Андриќ или Конески не се потребни препораки.
Па да,тие во главно се сметаат за веќе прочитани...ако не друго барем сите се запознаени со нивниот стил и тематики.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
моментално само ја пребарвам домашната библиотека , па шо ќе ми се види интересно почнувам да го читам
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Многу слаб маркетин за книгите во Македонија едноставно е многу тепшко да најдеш квалитетна книга многу е лесно да најдеш популарна книга а разликата во добра и популарна книга е голема сепак мислам дека ако во македонија се направи барем една реклама за некоја книга сите ќе се заинтересирани да ја прочитаат на пример во скопје имаше добра промоција на хари потер многу популарни книги ама ништо интересно но сепак маркетингот си го прави своето да се вратам на темата книги најповеќе од книгите ми се препорачани ичи преку авторот на пример од горден јустејн ја прочитав девојката со портокали и потоа побарав од истиот автор книга и ја најдов светот на софија и мислам дека беше прекрасна книга доста обемна но вреди да се прочита
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Добро, има одредени промени, на подобро, од 2009та година.

Нашите издавачки куќи имаат солиден маркетинг. Скоро сите имаат своја бев страна и се активни на социјалните мрежи. Книгата е поблиску до читателот. Но скоро сите издавачки куќи сеуште се само централизирани во Скопје! Во Охрид знам дека има 2-3 книжарници, а во Кавадарци само една! Книгите можат да се најдат само по поголемите маркети, што е доста лошо. Мора да поработат на тоа поле, макар и сите заедно да се заложат и барем по 2-3 книжари да има во сите поголеми градови и населени места. Кога бев во Унгарија се загубив во нивните книжарници, а неколку такви (како онаа на Академска Книга) има и кај нас.

Затоа најголемиот број на граѓани само на саемот купуваат книги, што е лошо.

Назад на темата. Имам неколку извори. Goodreads. Гледам што има ново и коментари. Дава прегледност, но дава и препораки. Она што не е преведено или има солена цена си го симнувам пдф.

Како помошна алатка ми е и Јутуб. Има интересни видеа за препораки на книги или критики на одредени книги. Ми излегуваат како препорачани видеа.

Тука се и филмовите и сериите направени по одрена книга, книги или серијал. You ми се допадна многу. Треба да ја почнам Hidden bodies. Одамна веќе требаше да биде прочитана. :(

Форумов едно време исто ми беше, ама овој подфорум е релативно неактивен.

Тука е и преведената литература. Најчесто што се преведува, тоа и се чита. Лично, пред сѐ Три и Арс Ламина. Другите како Матица, Магор, Бегемот, Антолог, Икона, Академска...ми се само за саемските посети.

Арс и Три имаат скоро секој месец по некој попуст, другите, колку што пратам, многу слабо. Тука се традиционалните или родендените и тоа е тоа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom