- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.295
- Поени од реакции
- 5.860
На 29.8.2015 околу 9 часот наутро месецов е полна месечина. Поточно утре. Полна се рачуна целата ноќ, но во одреден саат и одредена минута се знае кога се смета за идеално полна. Нема да тупам со ова него од луѓе што ги разбираат и чепкаат алтернативниве работи ми е потврдено како и од мое лично искуство знам дека 3 дена пред полна месечина како и 3 дена после полна месечина зрачењето од месечината и космосот е најјако и на луѓето делува... Како делува ? Тоа е сосема индивидуално, но на сите нас делува верувајте. Неможам да се пофалам дека мене лично ми делува добро, но на неколку периоди во годината ми делува полната месечина доста лошо во смисла и психички и здравствено ме истоштува. Дури и луѓето што работат во Брза Помош и Болница мои пријатели кои ги почитуваат овие работи ми имаат кажано дека во периодот кога полна месечина речиси трипати повеке имаат работа и дека највеке пациенти имаат од тие неколку болести. Штета шти ги заборавив. На мене не толку, но на моиве блиски како и на повекето луѓе полната месечина им делува на нервозата, ги прави нервозни и напнати. Имам прочитано и дека според некоја статистика во просек за време на полна месечина имало највеке самоубиства што е доволно интересен факт за да се истражува масовно на ова поле.
Познато е дека полната месечина делува на... Плима и Осека, На полна мес. се чистат и се полнат полудрагите камења (кристалите), Се тумачи секако дури и како мит дека на полна месечина ширум светот луѓето неможат да спијат. И ред др. работи.
Интересно е тоа што многу луѓе се инатат во врска со ова така што тврдат дека полна месечина делува само на Плима и Осека односно за тие што не знаат на покачување и намалување на водата во природата. Епа само малку логика и размислување треба значи чим делува на целата вода во природата делува и на нас луѓето со оглед дека сме 70, 80 % вода.
Вие сеирџии и тролачи ве знаеме што сурат сте многу и не ни требате на темава ако не сте за сериозен разговор. Сме виделе и чуле и за вукодлаци и за повампирување на полна месечина не се секирајте.
Епа драги форумџии драги, најдраги повелете со вашите или туѓите искуства.