Како на вас делува полната месечина ?

Член од
24 мај 2014
Мислења
4.580
Поени од реакции
4.547
На 29.8.2015 околу 9 часот наутро месецов е полна месечина. Поточно утре. Полна се рачуна целата ноќ, но во одреден саат и одредена минута се знае кога се смета за идеално полна. Нема да тупам со ова него од луѓе што ги разбираат и чепкаат алтернативниве работи ми е потврдено како и од мое лично искуство знам дека 3 дена пред полна месечина како и 3 дена после полна месечина зрачењето од месечината и космосот е најјако и на луѓето делува... Како делува ? Тоа е сосема индивидуално, но на сите нас делува верувајте. Неможам да се пофалам дека мене лично ми делува добро, но на неколку периоди во годината ми делува полната месечина доста лошо во смисла и психички и здравствено ме истоштува. Дури и луѓето што работат во Брза Помош и Болница мои пријатели кои ги почитуваат овие работи ми имаат кажано дека во периодот кога полна месечина речиси трипати повеке имаат работа и дека највеке пациенти имаат од тие неколку болести. Штета шти ги заборавив. На мене не толку, но на моиве блиски како и на повекето луѓе полната месечина им делува на нервозата, ги прави нервозни и напнати. Имам прочитано и дека според некоја статистика во просек за време на полна месечина имало највеке самоубиства што е доволно интересен факт за да се истражува масовно на ова поле.

Познато е дека полната месечина делува на... Плима и Осека, На полна мес. се чистат и се полнат полудрагите камења (кристалите), Се тумачи секако дури и како мит дека на полна месечина ширум светот луѓето неможат да спијат. И ред др. работи.

Интересно е тоа што многу луѓе се инатат во врска со ова така што тврдат дека полна месечина делува само на Плима и Осека односно за тие што не знаат на покачување и намалување на водата во природата. Епа само малку логика и размислување треба значи чим делува на целата вода во природата делува и на нас луѓето со оглед дека сме 70, 80 % вода.

Вие сеирџии и тролачи ве знаеме што сурат сте многу и не ни требате на темава ако не сте за сериозен разговор. Сме виделе и чуле и за вукодлаци и за повампирување на полна месечина не се секирајте.



Епа драги форумџии драги, најдраги повелете со вашите или туѓите искуства. :)
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Како и секоја вечер, заспивам само штом ја допрам перницата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
7.683
Поени од реакции
8.637
Многу сум напнат и нервозен и секогаш знам кога е полна месечина .И со недели да е облачно времето, јас чуствувам кога е полна месечина.

Моите дома одма знаат кога ``не сум со сите`` дека е полна месечина. После кога ќе фати погибелот, сум многу релаксиран
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.580
Поени од реакции
4.547
Еве ви ги сите датуми за полна месечина низ целата 2015 година. Повелете.
tumblr_nhkcyo7VUR1s6ana0o1_1280.jpg
Карактеристичните имиња на крајот од редот имаат некаква специфичност според Астрологијата што и како точно не знам. Исто така и секоја полна месечина е посветена на одреден хороскопски знак. Сакам да ви кажам дека ова што се случи да во Јули се падна два пати да има полна месечина се случувало многу ретко и имаше некое специфично име и значење... Ако некој знае нека ме поправи и надополни.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Исто и женските месечни циклуси се одвиваат по движењето месечината
 

XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Оние што се на повисоко духовно ниво повеќе ја чувствуваат негативноста од месечината.. Имав читано во една книга ,,7-те големи тајни на космосот" од Николај Рерих дека месечината била поранешната планета Луна на која сме достигнале одредено духовно ниво во животински вид, а сегашните животни на Земјата биле на духовно ниво на растенија. Со завршувањето на тој еволутивен период, живите битија преминале на новата планета Земја на која го почнале духовното развивање на повисок ред, минерали во растенија, растенија - животни, животни - луѓе.
Што значи Земјата претставува инкарнација на Месечината која влијае на неа.
http://www.spiritualresearchfoundation.org/mk/polna-mesecina-i-mlada-mesecina-vlijanie-na-mesecinata
 

XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Еве ви ги сите датуми за полна месечина низ целата 2015 година. Повелете.
Прегледај го приврзокот 127586
Карактеристичните имиња на крајот од редот имаат некаква специфичност според Астрологијата што и како точно не знам. Исто така и секоја полна месечина е посветена на одреден хороскопски знак. Сакам да ви кажам дека ова што се случи да во Јули се падна два пати да има полна месечина се случувало многу ретко и имаше некое специфично име и значење... Ако некој знае нека ме поправи и надополни.
Сина месечина, кога има 13 пати полна месечина во 1 година, мислам дека следната ,, Сина Месечина" ќе биде во Јануари 2018[DOUBLEPOST=1440800349][/DOUBLEPOST]
како преминале? Со вселенски бродови?
Само кажав што пишуваше во книгата, а е поврзано со темата со оглед на тоа дека не се работи за научна фантастика
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.264
Поени од реакции
7.470
Од таму изгледа доаѓа изрекана "Once in a Blue Moon"
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
7.683
Поени од реакции
8.637
Извинете, ама изгледа јас сум од повисокиот род, и би Ве замолил во иднина да ми се обраќате со ВИЕ:vozbud:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.685
Поени од реакции
2.874
plima i oseka ima sekoj den bezrazlika dali e polna ili nepolna
i drugo vlijanie osven sto e posvetla vecerta nema
 
Последно уредено:

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
181
Поени од реакции
560
Месечината е прекрасна кога е полна ама ми штети на расположението, напната сум, анксиозна, се нешто ми смета..Дали сум нормална ?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.470
Поени од реакции
4.521
Месечината е прекрасна кога е полна ама ми штети на расположението, напната сум, анксиозна, се нешто ми смета..Дали сум нормална ?
си,изгледа имаш некој вишок хормони за празнење и тоа е СЕ:P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom