Како кучињата го заштитуваат својот сопственик од срцеви и мозочни удари?

Член од
8 јануари 2022
Мислења
3
Поени од реакции
17
Сопствениците на домашни миленици имаат помали шанси да доживеат срцев или мозочен удар, споредено со нивните врсници кои не чуваат куче, велат податоците од истражувањето што го објави американското здружение за срцеви болести АХА.

Истражувањето е спроведено врз основа на клиничките студии, на претходните научни трудови и на анализите на постоечките податоци, и го потврдува позитивното влијание на кучињата врз здравјето на човекот. Заради тоа, секој сопственик на куче, треба да се грижи за совојот миленик и дава правилна храна за кучиња.

Според крајниот резултат на ова обемно истражување, луѓето што чуваат куче за свој домашен миленик имаат 33% помали шанси да добијат срцев удар, и 27% помали шанси да доживеат мозочен удар.

Истражувачите од тимот на АХА, на чело со Глен Левин, истакнуваат дека самото чување куче во својот дом не го намалува морталитетот на човекот што го чува, но процесот на грижа за домашниот миленик дефинитивно е поврзан со шансите да се доживее срцев или мозочен удар.

Тоа го објаснуваат со фактот што сопствениците на кучиња почесто шетаат во природа во друштво на својот домашен миленик, почесто се смеат и постојано чувствуваат љубов, што резултира со зголемено лачење на хормонот окситоцин, а овој хормон помага во регулацијата на крвниот притисок и шеќерот во крвта.

Покрај влијанието врз психичката благосостојба и физичкото здравје, кучињата им помагаат на сопствениците и во обезбедувањето поквалитетен социјален живот и со тоа се активно вклучени во исполнувањето на трите сфери на една здрава личност: душа, тело, социјална интеракција – заклучуваат од здружението.
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.556
Поени од реакции
26.071
Сега е во мода ако не си видел Ковид. Треба текст за ковид да пишеш, срцевите и мозочните удари не се во мода веќе 2 години. Си видел некој да умре од мозочен или срцев удар ?

Ај да напишеше текст: Како вашето куќе ве штити од ковид, и слика како кучето му рже на ковидот... И плус касниш, лани на пример кога можеше да ги шетаат кучињата, можеше на пример да пишеш како со вашето куче да го олесните полицискиот час.... Не си во тек..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom