Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Во секој сектор е таму така за жал... Научени сме да немаме тука па кога ќе појдеш на такво тло можеш да пркнеш ненормално... Знам толку многу македонци што имаат толку големи компании и вртат убави парички а тука биле никој и ништо...

Само работа и учење и можеш да станеш што ти душа сака :)

И да појдеш на такво тло, бидејќи таму го можеш тоа.

Бравос за двајцата погоре околу инфото за Австралија.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
И јас неможам да ве разберам за ова со бугарските пасоши. Луѓе со бг пасоши работат во Германски компании, Шведски, Холандски, бугари има насекаде и работат. Ме буни ова што го кажувате. Да не не им треба работна дозвола од 2014 нив? Тоа да не е кочењето.
А во кој град во Германија се наоѓаш?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па планирам да одам во Дизелдорф за совет ако ми треба нешто затоа
Ти кога ќе одиш, прашај низ темиве ќе се најде некој што го знае градот во Германија да ти помогне.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Jas licno ne go preporacuvam Sydney za novodojdeni, koj saka kako saka neka kaze ama kako novojdojden vo Sydney posebno ako e so edna plata nema da vide nikakva razlika nego vo MKD, So nedelni primanja pod 1200 -1300 dolari si bankrot.
Ако гледаме секаде е така. Сега како ново дојденец сакаш да се мешаш со богатиот народ и бизнисмените?
Па и во Скопје се знае дека тие што доаѓаат од други градови ќе бидат сместени во населби каде што е поефтино. Јас немам видено ниеден студент од страна да живее под кирија во стан во центар или Аеродром. Пошто е изгор.

Цените на становите во Аеродром се движат од 60,000 евра па до 100,000 евра, во строгиот центар знам станови и по 150,000 евра тоа е премногу за наш стандард. Сега на македончето злато да му даваш, дијаманти ќе бара. Пак колку толку огромни се шансите да стекнеш капитал, да изградиш имот и да се селиш полека полека кон центарот на градот.

Скап е градот ама е еден од најубавите во светот. Или ќе живееш во помало место и ќе имаш поголема куќа или ќе живееш во помала куѓа ама со луѓе во поголем град. Граници немаш за тоа дали Грујо ти бил мајка, сестра или чичко. Колку што постигнуваш тоа си е за тебе.

Јас верувам дека човек и во Мелбурн да отиде ако не работи ќе живее полошо од Македонија.
 
Член од
16 јануари 2015
Мислења
10
Поени од реакции
4
Некој има информација како стојат работите во Сиднеј на музички план? Како да се контактира со бендови формирани од македонски, или независно, од било каде, но како да се научи дали некој има потреба од одреден инструмент во групата? Маж ми свири на повеќе инструменти има и завршено соодветно образование (мислам нема врска тоа, само да напоменам, знам дека не е признато таму и слични работи), само ме интересира дали постои можност да се заработува со таа професија, еве конкретно во Сиднеј? Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom