Прв пат на трибина:Одамна беше..90,91 година, ,имав среќа да бидам сведок на златните времиња на Битолскиот спорт...на мои 7,8 години почнав да одам на фудбал и ракомет,уште од мал бев загрозен за спорт,на памет ги знаев сите играчи на Пелистер во фудбал и ракомет..тоа време беше мерак за сите спортски љубители,полни стадиони/сали,сите си плаќаа карти(а и имаше за шо да се плати,имаше квалитет)...едвај се чекаше да дојди викенд.....со другарите влегувавме со постари луѓе(само да не платиме карта)
,или чекавме полувреме кога ги отвораа вратите па влегувавме....
Какви утакмици беа само,со Вардар,со Победа на фудбал,со Тутунски,Борец на ракомет...
Не пропуштав ниеден меч на Пелистер во фудбал и ракомет....златни времиња беа тогаш,Пелистер јак во фудбал,уште појјак во ракомет,се би дал само да се врати тоа време,подруг менталитет..сега се си еба матер...
на луѓето им се случи невидено перење на мозок,не треба да не чуди,состојбата во државата си го направи своето,на кој му е до спорт денес?
Првпат запалено пиротехничко средство:не сум по пиротехниката.....
Ултрас или кежуал(и зoшто):За мене нема стил,секогаш си носам реквизит на мојот тим,јас сум на трибина за клубот,не ме интересира ништо друго,......од проста причина шо нашите групи(грото)не знаат каков стил форсираат,сите глумат лудило,ултрасо,хулигани...а не го сфаќаат значењето на овие поими.....
ULTRAS MENTALITA (малкумина го знаат овај поим)....сепак кога би бирал дефитивно ултрас.....
Најдобро гостување за тебе:Многу гостувања сум одбработил,не само со Чкембари,туку и самоиницијативно,со кола....пола Македонија ја имам поминато со колата само за да го гледам Пелистер(фудбал,ракомет,кошарка на времето)....домашна утакмица е домашна утакмица,ама
ГОСТУВАЊЕТО Е ОНА ВИСТИНСКОТО...
Две гостувања се легендарни,пред се заради должината....и
кои се случуваа по пат...
2005 полуфинале на куп во ракомет,во Куманово,против Вардар..како по обичај проблеми со превозот,3 саати каснеа договорените автобуси
леле леле 250 луѓе во 2 автобуси,по 300 дупенки,едвај се обезбедија 2 автобуси,бевме сигурно над 400 луѓе собрани(многумина се разотидоа изнервирани од доцнењето на најавениот превоз)....
во автобусите влегоа најупорните....како стигнавме,а богами како се вративме назад(по толку поминати километри) и сега не ми се верува...
,автобусите беа буквално
размнотирани(од преголемиот број на патници)....
Автобускиот превоз во Индија би ја доловил сликата.....
Второто гостување,во Кратово 2009,по пат се сменија еден куп годишни времиња....во Битола сонце,по пат ветер,град....грмежи...се расипа едниот автобус,,5 саати се ебававме до ебаното Кратово,и за крај да не пречека еден џандар со поздравот
НЕ СМЕЕТЕ ДА ВЛЕЗИТЕ НА СТАДИОН...
Кога го слушнавме ова настана хаос,2 автобуси слеговме,кога видоа дека не си одиме изненадени дека не ја послушавме наредбата....направија кордон
(неискусна полиција)....ставија панцири,викнаа засилување од соседните градови,донесоа и кучиња...како за војна се спремија,
...и не оставија да ја "ГЛЕДАМЕ"утакмицата од надвор...
Еден куп шишиња фрлени кон џандарите,конфети,позирање за крим техника
(да беше друга полиција ќе не прегазеа од ќотеќ,овие беа аматери)....
.....
луѓето од околните куќи коментираа ВАКВИ ДОСЕГА НЕ ДОШЛЕ ОВДЕ...
И по 10 и кусур саати возење во автобус постар од мене,
се вратив за Битола,барем го видов прочуеното Кратово,на газда Зинго....уште еднаш никогаш таму....
Придобивки од трибината:Придобивките се големи,пред се запознаваш многу луѓе слични на тебе....склопуваш другарства,кои долго време траат,стекнав доста добри другари од трибина,не само од мојата група,туку и од другите градови,пред се од Кавадарци....
Има и маани,опасности од гостувањата,некогаш по вина на џандарите,некогаш заради некои индијанци од твојата група кои се губат....и можиш да го јадиш стапот...да те замава некој неписмен џандар,па да броиш модрици....
Сепак придобивките се поизразени....
Како и да е,да не го тупам,секаде во светот навивањето е светост за многу луѓе,кога ќе ги видам Англичаните каков страст имаат за фудбалот и која приврзаност ја имаат кон боите на својот клуб ми е многу жал шо кај нас работите се вакви....
Ни фали менталитет,пред се ни фали квалитетен спорт...па после ќе прајме муабет за навивање и навивачка култура,за жал далеку сме....