Како е подобро да се легализира објектот како приватен или деловен...?

Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Се работи за објект кој се наоѓа во приватен имот (двор) кој е реновиран и ќе се користи за производство на прехранбени продукти,но претходно треба да се легализира и дилемата е како е подобро да се легализира како деловен или како станбен објект?
Дали може да се легализира како станбен (приватен) објект а да се користи за погоре споменатата намена?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ако е деловен објект легализирај си го како деловен. Кошта повеќе али коа ќе дојдат општинарите ќе видат дека на лице место е деловен.
Во принцип не знам дали некој ќе ти се нафати да ти го прави елаборатот така, пошто ризикува да изгуби лиценца.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Едно против десет евра по квадрат ама и да добиеш како за приватно не значи дека некој не може да дојде и виде дека е деловен субјект а не за живеење.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Едно против десет евра по квадрат ама и да добиеш како за приватно не значи дека некој не може да дојде и виде дека е деловен субјект а не за живеење.
Сигурно доаѓаат од општина, тоа е проблемот. Доаѓаат проверуваат сликаат. Нема шанси некој да му се нафати деловен простор да му го пише како стамбен. :D
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Цената не е едно наспроти десет , туку едно евро наспроти полна комунална такса која се плаќа . Таа варира од општина до општина , во Скопјево може да биде и 100-120 евра .
Друго , како што спомна членот над мене , геодетската фирма која ќе го прави елаборатот МОРА да ја евидентира вистинската намена на објектот , во моментот кога го вршела мерењето . Таа намена ТРЕБА да се поклапа со намената која ќе биде кога ќе дојде комисијата од општина , инаку отиде и казна и лиценцата .
Дури да претпоставиме го испразните просторот од машини и алат и го направите стамбен , таков треба да остане година-две додека дојде комисијата од општина . После тоа кога ќе ви заврши легализацијата и добиете имотен лист дека е стамбен простор , треба да започнете постапка за пренамена на просторот од стамбен во деловен . Тоа значи :барања во општина , проекти , пак елаборати , надоместоци за ова она . Така да скоро и не е исплатливо да одиш со легализација како стамбен па после да правиш пренамена . Нормално ако сериозно се користи просторот ако е за само да се најде , друга работа е !
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Едно прашање, дали живеете во СТАН или во СТАМ ... имам дилеми ?
Инаку што се однесува на твоето прашање, во која катастарска општина се наоѓа објектот зашто цената на легализацијата ќе ти зависи и од локацијата на објектот. Инаку доколку се уште ти немаат направен увид на лице место т.е. се уште немаш направено геодетски елаборат за бесправно изграден објект, испразни го објектот направи го некоја остава ... а геодетите нека ти го запишат како П ( помошен објект ) на кој цената за легализација исто така е 1 евро квадрат. Ова би ти било "исплатливо" да го направиш само ако дуќанот ти е во градско подрачје каде цената за м2 може да достигне и до 120 евра(за селско подрачје цената е 5-10 евра м2). Е сеа давачките за легализација можда и ќе ги избегнеш но во иднина ако го користиш како ДП може и да те провери инспекција и да ти залупа казна пошто ќе користиш ДП во објект наменет за П ( да не споменуваме даноци ), и така натака во секој случај еден ден ќе платиш 5 пати повеќе него што ќе заштедиш.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Ги шибнаа у Автокоманда и им забранија да работат. :D
Ќе видиме како ќе се одвива судењето, но не верувам дека некој ќе им одземе тоа што стекнале со криминално работење по било кој основ. Ако не им одземат, верувам дека доброволно ќе има уште еден куп случаеви кои за брзи пари ќе прават глупости, ако направиш добри пари за кратко време нема да ти треба лиценцата :D
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Едно прашање, дали живеете во СТАН или во СТАМ ... имам дилеми ?
Инаку што се однесува на твоето прашање, во која катастарска општина се наоѓа објектот зашто цената на легализацијата ќе ти зависи и од локацијата на објектот. Инаку доколку се уште ти немаат направен увид на лице место т.е. се уште немаш направено геодетски елаборат за бесправно изграден објект, испразни го објектот направи го некоја остава ... а геодетите нека ти го запишат како П ( помошен објект ) на кој цената за легализација исто така е 1 евро квадрат. Ова би ти било "исплатливо" да го направиш само ако дуќанот ти е во градско подрачје каде цената за м2 може да достигне и до 120 евра(за селско подрачје цената е 5-10 евра м2). Е сеа давачките за легализација можда и ќе ги избегнеш но во иднина ако го користиш како ДП може и да те провери инспекција и да ти залупа казна пошто ќе користиш ДП во објект наменет за П ( да не споменуваме даноци ), и така натака во секој случај еден ден ќе платиш 5 пати повеќе него што ќе заштедиш.
Немај дилема , живеам во куќа ! Стамбена !
Ова му го опишав и јас на човекот ама не му го препорачувам. Второ ако му е производствен погон или работилница не е ДП и нема да иде со 100% .
@Идиот на Социјализмот, @Nemanjici

А што бидна со колегиве од акцијата имате некакво инфо, гледам брзо се стиши целата ситуација, тие биле махери за пренамена :D
Не сум од АКН , не ги ни познавам луѓето . Најверојатно ништо нема да биде , ќе настрада еден за пример , другите ако се политички добри ќе искубат опаш !
Имам осет дека државата инсистирајки на силна регулација на имотноправните односи , самата прави простор за барање заобиколни патишта . Сепак се надевам дека Катастарот оди во исправна насока , може ќе поминат уште 10-15 години до каков таков одржлив систем ама му се гледаат контурите !
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Немај дилема , живеам во куќа ! Стамбена !
Ова му го опишав и јас на човекот ама не му го препорачувам. Второ ако му е производствен погон или работилница не е ДП и нема да иде со 100% .

Не сум од АКН , не ги ни познавам луѓето . Најверојатно ништо нема да биде , ќе настрада еден за пример , другите ако се политички добри ќе искубат опаш !
Имам осет дека државата инсистирајки на силна регулација на имотноправните односи , самата прави простор за барање заобиколни патишта . Сепак се надевам дека Катастарот оди во исправна насока , може ќе поминат уште 10-15 години до каков таков одржлив систем ама му се гледаат контурите !
Со среќа нека ти е во стаМбената куќа, а што се однесува до АКН работат најнеписмените луѓе во државава.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Со среќа нека ти е во стаМбената куќа, а што се однесува до АКН работат најнеписмените луѓе во државава.
Мислам дека и станбена и стамбена е ОК според македонскиот правопис .Макар што правилно треба да е со М како на пример Хуан Мата :pos:!
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Мислам дека и станбена и стамбена е ОК според македонскиот правопис .Макар што правилно треба да е со М како на пример Хуан Мата :pos:!
ај да ти помогнам малце : http://www.makedonski.info/search/

СТАМ, СТАМБЕНА СТАМБЕНО и така натака не постои во Македонскиот Правопис, во Српскиот да.
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Легализирај го како сакаш утре мора да ти биде деловен објект за да ја регистрираш фирмата, така да како и да се свртиш газот ќе ти биде одпозади.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Значи вака,дали доколку го легализирам објектот како помошен ќе можам да го коритам за работа т.е за производство,без да ми прават проблеми комисијата од општина?
И ме интересира кој се давачките на годишно ниво помеѓу помошен и деловен објект,која е предноста/негативноста на едниот спрема другиот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom