Како до македонски сертификат после вакцијанција во странство (Србија)?

Zombie

...resistance is futile...
Член од
2 февруари 2008
Мислења
388
Поени од реакции
46
Дечки здраво.
Како што гласи насловот, ме интересира како да добијам македонски сертификат дека сум се вакцинирал за Корона вирус КОВИД-19?
Јас се вакцинирав во Србија, втората доза ја примив пред точно 2 недели, што значи, по сите светски стандарди се сметам за целосно вакциниран. Имам српски сертификат, но мислам дека за шетање во странство (на пр. Грција) ќе ми треба македонски, пошто нели излегувам од државата со македонски пасош. Ви благодарам однапред.
 
ToXic_

Booyah!
Член од
19 март 2009
Мислења
275
Поени од реакции
196
Колку што сум запознаен, нема врска од каде ти е Сертификатот и од која земја издаден во твој / мој случај (Србија), додека све е уредно запишано и заведено во (дигиталниот сертификат) т.е точен број на пасош итн нема да имаш проблеми.
 
Zombie

...resistance is futile...
Член од
2 февруари 2008
Мислења
388
Поени од реакции
46
А превод на англиски ќе треба ли, или да си отидам со сертификат на српски?
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Дечки здраво.
Како што гласи насловот, ме интересира како да добијам македонски сертификат дека сум се вакцинирал за Корона вирус КОВИД-19?
Јас се вакцинирав во Србија, втората доза ја примив пред точно 2 недели, што значи, по сите светски стандарди се сметам за целосно вакциниран. Имам српски сертификат, но мислам дека за шетање во странство (на пр. Грција) ќе ми треба македонски, пошто нели излегувам од државата со македонски пасош. Ви благодарам однапред.
Прво и основно, не ти е потребен македонски сертификат.
Дигиталниот зелен сертификат издаден од Србија е интернационално признат за СИТЕ граѓани кои се вакцинирани во Србија. Можеш да патуваш каде сакаш, секако каде што имаме право на влез.
Конкретно јас досега имам патувано со истиот, во Германија и Грција (вакциниран сум со Астра). Нема апсолутно никаков проблем што патуваш со МК патна исправа, а сертификатот е издаден од Република Србија. Интернационален сертификат е.

Во сертификатот во делот за пасош си пишува
Број пасоша / Passport No.
Издат од / Issued by: C1234567, MKD

Дигиталниот зелен сертификат е на српски и англиски. QR кодот кога ќе го скенираш, добиваш линк што води према Влада на Р. Србија. Кога ќе го кликнеш линкот, во него се наоѓаат СИТЕ можни твои лични и вакцинални податоци, со што истиот е невозможно да биде фалсификуван и ги исполнува СИТЕ Европски стандарди (за разлика од Македонскиот каде во QR-от нема ништо, сем број на потврда, име и презиме и дека документот е валиден).

Симни си од тука, кликни на зелениот тастер ПОРКЕНИ УСЛУГУ
- избери јазик српски/англиски
- избери верзија дали ти е за печатење или за во телефон (по желба)
- внеси ја шифрата од потврдата што ја имаш добиено по примена втора доза (во горниот лев агол на листот ја имаш)
- внеси си го бројот на пасошот
- избери држава која го издала пасошот (Македонија)
- внеси меил каде да ти биде испратен сертификатот
- штиклирај тоа дека си согласен да ти се обработат податоците и кликни ПОДНЕСИ ЗАХТЕВ

За неколку секунди го имаш сертификатот на меил. Јас користам печатена верзија, на граница листот го подавам заедно со пасош. Го скенираат QR кодот, ги проверуваат податоците (1 мин работа) и толку. Си влегуваш во државата каде што си тргнал.

За патување во ЕУ треба да бидат изминати 14 дена по примање на втора доза.

Среќен пат!
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Ти стига на маил сертификатот и можеш да патуваш со него надвор. Башка Србија е попризнаена од оваа вукојебина.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Ти стига на маил сертификатот и можеш да патуваш со него надвор. Башка Србија е попризнаена од оваа вукојебина.
Има само една заебанција во тој што го праќаат автоматски по меил :)
На местото на ЈМБГ / Personal No. / EBS: ти стои бројот на пасош (без код на држава)
а полето за бр. пасош е празно.

Се јавив уште пред да патувам во Белград, ми кажаа да си симнам од е-управа нов сертификат, каде што сите податоци ќе бидат на право место, односно бр. на пасош да биде во полето каде што треба, а полето за матичен број да биде празно (бидејќи не сме државјани на Србија).

Јас си симнав нов и со тој патувам. Ако немаш симнато нов, симни си.
 
Фала ти не го видов тоа, ќе си симнам нов сега.
 
Воинот од Северџан

An Orc among Hobbits
Член од
3 март 2021
Мислења
101
Поени од реакции
111
Ти стига на маил сертификатот и можеш да патуваш со него надвор. Башка Србија е попризнаена од оваа вукојебина.
Не дека го бранам џганот од власт, но Блиц те негира во ова. Изгледа сертификатот со код НМК е меѓу првите признаени во ЕУ од Балканот https://www.blic.rs/vesti/drustvo/gde-vaze-zeleni-sertifikati-iz-srbije-nasi-drzavljani-nailaze-na-probleme-pri-potvrdi/5c48ck7
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
Симни си од тука, кликни на зелениот тастер ПОРКЕНИ УСЛУГУ
- избери јазик српски/англиски
- избери верзија дали ти е за печатење или за во телефон (по желба)
- внеси ја шифрата од потврдата што ја имаш добиено по примена втора доза (во горниот лев агол на листот ја имаш)
- внеси си го бројот на пасошот
- избери држава која го издала пасошот (Македонија)
- внеси меил каде да ти биде испратен сертификатот
- штиклирај тоа дека си согласен да ти се обработат податоците и кликни ПОДНЕСИ ЗАХТЕВ
Во основа, внесуваш број на пасош и врз основа на тоа се генерира сертификатот.

Мене ме интересира, доколку имаш и Бугарски пасош и сакаш да патуваш со него, дали може да се внесе и тој број на пасош (и држава Бугарија) и со тоа да имаш два посебни сертификати за секој пасош?

Веќе генерирав еден со македонскиот пасош и патував со него во Грција, но сега ќе патувам со бугарскиот пасош во други европски држави, па се прашувам дали некој има и вакво искуство и дали тоа би ми поминало да можам српската вакцинација да ја искористам со бугарскиот пасош?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523
Ти стига на маил сертификатот и можеш да патуваш со него надвор. Башка Србија е попризнаена од оваа вукојебина.
Македонскиот сертификат од 20ти Август е исто важен колку и оној на било која членка на ЕУ + Турција + Украина.
Еве ти мапа од Европската комисија каде Македонија е обележана со зелена:

Screenshot_20210825-014425_Chrome.jpg

Едит - Сега приметив дека си коментирал на 6ти Јули. Да тогаш македонскиот сертификат беше дно. Со оваа одлука на ЕК значително се олеснија патувањата за вакцинираните од МК.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Да, олеснато е, ама најмногу зависи каква вакцина си примил. Во некои од ЕУ државите веќе издадоа листа кои вакцини ги признаваат (тие што се тестирани и одобрени во ЕУ), а во случај на пример да си вакциниран со Спутник или Синовак треба повторно тест-карантин-тест.
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Во основа, внесуваш број на пасош и врз основа на тоа се генерира сертификатот.

Мене ме интересира, доколку имаш и Бугарски пасош и сакаш да патуваш со него, дали може да се внесе и тој број на пасош (и држава Бугарија) и со тоа да имаш два посебни сертификати за секој пасош?

Веќе генерирав еден со македонскиот пасош и патував со него во Грција, но сега ќе патувам со бугарскиот пасош во други европски држави, па се прашувам дали некој има и вакво искуство и дали тоа би ми поминало да можам српската вакцинација да ја искористам со бугарскиот пасош?
Пробај да го внесеш БГ пасошот во полето број на пасош (избери и држава Бугарија).
Би требало да може, бидејќи колку што знам генерирањето на Дигитален Зелен Сертификат, сега е поврзано со бр. на потврда за извршена вакцинација (од втора доза), не со бр. пасош како што беше порано.
Пробај, па пиши дали успешно го имаш сертификатот во целост, со БГ пасош-от.
 
Член од
17 ноември 2020
Мислења
16
Поени од реакции
37
Zdravo decki,

Primiv vakcina vo amerika, mi dadoa tamu sertifikat i kartonce (pfizer) i sea sakam da zemam i od tuka. Bev kaj maticen mi vika jas nemozam nisto baraj si druga opcija.

Dali nekoj ima slicno iskustvo so ova i kako go resil problemot?

Fala
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
Пробај да го внесеш БГ пасошот во полето број на пасош (избери и држава Бугарија).
Би требало да може, бидејќи колку што знам генерирањето на Дигитален Зелен Сертификат, сега е поврзано со бр. на потврда за извршена вакцинација (од втора доза), не со бр. пасош како што беше порано.
Пробај, па пиши дали успешно го имаш сертификатот во целост, со БГ пасош-от.
Малку доцнам со одговор, но пред недела дена пробав. И да, функцинора. Сега имам два сертификати со таа вакцинација, еден ми е на МК пасош а друг на БГ пасош. И двата ги имам користено, со МК пасош одев летото во Грција, а сега со БГ пасош влегов во Германија. Го покажувам оној сертификат, со којшто пасош влегувам и немав проблем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom