Како да си направите вебстрана?

JURAGAANTE

Professional !!!
Член од
4 април 2009
Мислења
411
Поени од реакции
31
Извинете а да си земете joomla ili wordpres мој совет нема да згрешите за оние кои имаат некакво веке стекнато искуство барем ке бидат во тек со настаните иначе може и програмирање php,AESP ;)
--- надополнето: 21 мај 2012 во 21:56 ---
Извинете а да си земете joomla ili wordpres мој совет нема да згрешите за оние кои имаат некакво веке стекнато искуство барем ке бидат во тек со настаните иначе може и програмирање php,AESP ;)
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Се извинувам ако се офтопик прашањава али најмногу за овде одговараат,
-Дали можам да бидам сериозно добар и квалитетен web developer/дизајнер иако немам никакво познавање од оваа работа(немам завршено факултет за информатика или веб дизајн) единствена е желбата за да научам?
-Кој е најдобриот хост овде во мк и дали можам да работам со него на повисоко (најсериозно) ниво, во смисла да го употребам за сајтови кои ќе рекламираат сериозни и квалитетни фирми од високиот ранг?

Може прашањава се rookie ама се надевам дека од вас ќе добијам квалитетен одговор затоа што знам дека форумов има сериозни дизајнери што сериозно си ја сваќаат работата.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

-моеш ако стварно те интересира и стварно учиш (рачунај нема да е лесно бидејки пола од времето ќе бараш материјал/лекции за учење)
-боље не користи македонски хост (пошо и онака они се само на некој начин афилет на странски хостинзи, а стварно македноски те не ги бива)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: NYC
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Се извинувам ако се офтопик прашањава али најмногу за овде одговараат,
-Дали можам да бидам сериозно добар и квалитетен web developer/дизајнер иако немам никакво познавање од оваа работа(немам завршено факултет за информатика или веб дизајн) единствена е желбата за да научам?
-Кој е најдобриот хост овде во мк и дали можам да работам со него на повисоко (најсериозно) ниво, во смисла да го употребам за сајтови кои ќе рекламираат сериозни и квалитетни фирми од високиот ранг?

Може прашањава се rookie ама се надевам дека од вас ќе добијам квалитетен одговор затоа што знам дека форумов има сериозни дизајнери што сериозно си ја сваќаат работата.
Зошто да не те биде ? Ако ја сватиш сериозно работата и ако планираш да одвоиш поголем дел од деновите за учење ново и ново ке немаш проблем!
Инаку не користи мак хостинзи!
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Мој совет е само странски хостинзи.. 2 причини
1. Имаат огромен пазар
2. Имаат одлични услуги и customer support

И уште нешто.. ако некој сака име за веб страна и хостинг нека ми се обрати.Зборам за најдобрата хостинг компанија сега за сега... имам купони со што ќе ви скинам 25% од цените.. ако е 8долари хостингот + domain името за вас ќе ви биде 5-6 $..
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Сакам онака чисто информативно да знам, колку од прилика би ме чинело некој од форумот тука ( верувам дека има доста програмери ) да ми изработи веб страна/портал во сличен стил на пример на Кајгана, Точка, off.net.mk или слично. Мислам дека повеќето Македонски портали се изработени во PHP ако не се лажам... Имам јас некое искуство со HTML и CSS но не верувам дека би можел сам да напишам цел портал.

Хостингот и Домејнот јас ќе си ги купам некој само да ми каже колку пари ќе ми треба за да ми ја изработи страната бидејќи имам план во иднина да отворам портал.

Благодарам!
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525

А за што би бил порталот? Ако планираш да биде во стил како Кајгана, ОнНет и сл. мислам дека нашиов етер е веќе преполн со таков тип портали. За поголем успех мислам ќе ти треба нешто ново, нешто што не е толку познато и раширено моментално.
--- надополнето: 25 јуни 2012 во 20:05 ---
Дали некој може да ми поможи да направам веб страна ...Страната сакам да биди за серии,сакам да ги прикачувам епизоди со превод..можеби досаѓам ама голема ми е желбата :)
А можи и казна за пиратерија да лапнеш ;)
--- надополнето: 25 јуни 2012 во 20:08 ---
kazete mi nekoj site builder kako REPTILE poso go napravija da se plaka a najlesen bese za rabota.......nekoj free kazete mi thx....pozz
Пробај со weebly. Еве ја мојата страничка, само не сум седнал асално да земам да чепкам по кодот за да ја кастомизирам, само логото шо си го правев го вметнав и бојата на менијата ја прилагодив на таа од логото.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Сакам онака чисто информативно да знам, колку од прилика би ме чинело некој од форумот тука ( верувам дека има доста програмери ) да ми изработи веб страна/портал во сличен стил на пример на Кајгана, Точка, off.net.mk или слично. Мислам дека повеќето Македонски портали се изработени во PHP ако не се лажам... Имам јас некое искуство со HTML и CSS но не верувам дека би можел сам да напишам цел портал.

Хостингот и Домејнот јас ќе си ги купам некој само да ми каже колку пари ќе ми треба за да ми ја изработи страната бидејќи имам план во иднина да отворам портал.

Благодарам!
Не навлегувам во потребата од Кајгана копии и нивната успешност. Далеку од тоа дека не треба да се појават и дека нема да успеат, зависи од носителот на проектот нормално. Да не должам Кајгана лајк сајт нема да те чини под 5.000 евра по моја слободна проценка. Покрај тоа рачунај и на еден тон документација и преписки пред да се започне, многу невози од кога ќе се започне и сл. Кајгана е тоа не е шега, да беше јајце на око можеби ќе беше поефтино :)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
А за што би бил порталот? Ако планираш да биде во стил како Кајгана, ОнНет и сл. мислам дека нашиов етер е веќе преполн со таков тип портали. За поголем успех мислам ќе ти треба нешто ново, нешто што не е толку познато и раширено моментално.
Истото го мислев и јас, веќе има премногу такви портали и размислував за нешто ново. Ама сепак не планирам ова да биде за скоро време, ако ми дојде некоја добра идеја можеби ќе се обидам па ќе видам што ќе биде.

Не навлегувам во потребата од Кајгана копии и нивната успешност. Далеку од тоа дека не треба да се појават и дека нема да успеат, зависи од носителот на проектот нормално. Да не должам Кајгана лајк сајт нема да те чини под 5.000 евра по моја слободна проценка. Покрај тоа рачунај и на еден тон документација и преписки пред да се започне, многу невози од кога ќе се започне и сл. Кајгана е тоа не е шега, да беше јајце на око можеби ќе беше поефтино :)
Дај не ме заебавај ти ова озбилно? Јас мислев на тоа порталот да биде дизајниран во некој таков помодерен стил, не да биде копирен од некој од сегашните портали, ни на крај памет не ми падна да ги копирам веќе постоечките. 5000 евра....Оваа цифра викаш по твоја сопствена проценка ама си ја промашил проценката и тоа ептен многу. Имам пријател програмер кој дизајнира веб страни но не за Македонскиот пазар. Кога го прашав колку од прилика би ме чинело да ми направи тој страна а јас само да си купам хостинг и домејн ми рече дека за изработката ќе ми наплати од 300 до 500 евра нормално доколку имам некои посебни побарувања. Оваа цифра од 5000 евра не ти е ич реална.
 
Па не дека не сум озбилен. Толку сум озбилен што дури и не мислам дека грешам повеќе од 20% во цената (може и нагоре да иде не само надоле). Ако веќе имаш понуда за 300 незнам зошто воопшто разговараш на тема колку би чинело ... прифати ја и прави нешто (кога ќе имаш солидна идеја нормално).
Но да не останам недокажан, морам да продолжам :) Не само како одговор према тебе, туку како едно грубо гласно размислување. Прво, голема е веројатност да не се разбираме поради терминолошки разлики. Порталот кајгана е составен од колку што јас знам најмалку 5-6 меѓусебно делумно поврзани целини (огласник, видео, форум, и сл.), затоа и го именуваме како портал а не како веб сајт. Ајде нека е тоа причина за мојата голема цена (која ќе повторам за порталот, како јас го разбирам дури може и да е ниска), па ќе зборам само за веб сајтот. За да се изработи истиот мислам дека секоја цена под 2к е мала. Цената на првата поставка, на корот на порталот која мора да се направи и само за еден сајт, ќе си го земе данокот. Она што навидум го гледаме како едноставна сликовница на првата страница во позадина за да функционира како што треба бара многу програмирање и прилагодување. Како што разбрав зборуваме за озбилен сајт/портал во кој мора има многу преддефинирани процеси, привилегии, сервиси, ...

Кога ќе дојде пресудниот момент - давањето на цена, има неколку типови на играчи и тоа оние кои:
- ќе те проценат колку ти е голем џебот и ќе те пикираат на таа цена за да ја добијат работата. Притоа, ќе добиеш решение кое ќе биде непотполно и за кое во иднина ќе треба да има многу доработки од истиот (за што тој се надева) или од друг програмер или пак сам да седнеш да учиш и да доправаш и да го трошиш животот на нешто за што мислиш дека веќе си платил.
- ќе ти понудат цена за да направат се што ќе побараш, што најчесто паѓаат во вода пошто при споредба со првите се многу скапи а навидум го нудат истото. Кај овие вториве е интересно што дури ќе добиеш и можности кои да си ги барал, но кои најчесто нема никогаш да ги искористиш. Тоа поради фактот дека на почеток сите мислат дека им треба којзнае што ... но некогаш и не е лошо да имаш повеќе можности од потребите во споредба со обратната ситуација.
- пријатели, кои нормално ќе ти дадат пријателска цена. Таа цена ако се вистински пријатели, треба да биде или минимална пазарна или пак 0. Ништо помеѓу поради што утре би можел некој да ви товари на глава дека ти помогнал. Не, или ќе бидеш чист дека си платил или ќе бидеш благодарен дека ти направил без пари, се помеѓу е сива зона и потенцијален крај на пријателство. Тука се јавува и проблемот, неможност за активно работење на проектот поради други комерцијални проекти и одложување во недоглед (сепак тоа е пријателски проект а не комерцијален нели). Најбитно, пријателот за самиот да не се осеќа зафркнат, иако не е мое да ви се мешам во пријателството, прво треба да седне и да направи анализа колку тој производ би го продал на пазар, а потоа гласно истото да го дискутира со тебе и да ја каже цената према тебе споредбено со реалната пазарна цена.

Тука најодговорно тврдам дека твојот пријател не направил озбилна проценка на барањата, или пак цената ја дава на база на „пријателство“ во микс со првиот тип на понудувачи. Или пак можеби едноставно не те сфаќа дека си озбилен во барањето и дава цена само колку да не биде дека не ти одговорил.

Нејсе, ова се само мои размислувања, кои во досегашното мое не така мало искуство на работење со покажале точни. Патем, и јас за пријатели понекогаш работам без пари (за некомерцијални проекти), или за најниски можни пазарни цени или пак некој друг точно дефиниран модел на наплата (процент од заработка, партнерство и сл.) со идеални услови за плаќање (кога ќе може) при што на истите им нудам третман како на најголеми платежни клиенти.

И да завршам ... ако твојот пријател прави портал од тип Кајгана за 300 евра, поздрави го од мене и понуди му јас да го „кљукам“ со редовни месечни проекти од тој тип за двојно поголема цена.
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
72
Поени од реакции
12
Каде може да најдам книга за хтмл јазикот?или некакви туторијали во врска со јазикот? :)
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
life different
Ѕирни прво ова, па после кога веќе ќе имаш основа можеш и низ страната на tutsplus а и општо низ нет имаш доста материјали..но прво учи основни работи, па после сам ќе знаеш што треба да научиш.
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
72
Поени од реакции
12
life different
Ѕирни прво ова, па после кога веќе ќе имаш основа можеш и низ страната на tutsplus а и општо низ нет имаш доста материјали..но прво учи основни работи, па после сам ќе знаеш што треба да научиш.
фала многу!:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom