Како да се подобрат условите за возење велосипед во Македонија?

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Еве некои сообраќајки кои се имаат неодамна случено.

Пијан прилепчанец усмрти велосипедист

Велосипедист чиј идентите засега не е познат, загина во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила во Прилеп.
Во велосипедистот удрил автомобил „Рено“, управуван од 54-годишниот прилепчанец Т.М., при што истиот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Прилеп бил префрлен во Ургентен центар Скопје, каде им подлегнал на истите.
Увид на лице место извршиле ИС, ОЈО и екипа од ПС-Прилеп. Над возачот извршено е алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,25 промили.

Еве друг сличен ваков случај

Синоќа во 19 часот на булевар „Југославија“, на Пластичарската улица во близина на надвозникот кај Бит Пазар, се случила страотна сообраќајна несреќа во која велосипедист бил тешко повреден.
Велосипедистот се движел по средината на булеварот и во моментот кога сакал да премине на другата страна од коловозот бил удрен од возило марка „голф“ со скопски регистерски таблички, тврдат очевидците кои се нашле на местото на несреќата. Момчето било веднаш пренесено во Ургентниот Центар во Скопје.
80833.png

Тешка сообраќајка пред Судска Палата во која настрада велосипедист

Автомобил со скопски таблички удрил во велосипедист. Страшна сообраќајка се случила на крстосницата кај Судска палата во Скопје.
85989.png


Тешко повреден велосипедист кај Здружение на возачи


Сообраќајна несреќа кај Здружение на возачи во Струмица. Претпладнево во 11 часот товарно возило со скопски регистарски таблички на фирмата „Жито лукс“ управувано од 39-годишниот Д.Ј од Пробиштип удрило во велосипедистот Б.М (70) од Струмица.
Повреденото лице веднаш е префрлено во Општата болница во Струмица каде биле констатирани тешки телесни повреди. По укажаната помош старецот е префрлен на лекување во Скопје. Екипи на надлежните институции извршија увид на местото на несреќата за да се откријат причините поради кои дошло до сообраќајката. Првично, се претпоставува дека велосипедистот преминувајќи преку улица не го видел камионот кој директно удрил во него.
soobrakajka_4.jpg

Ова се само еден мал дел од сообраќајните незгоди кои се случуваат со велосипедисти ширум Македонија. Бидејќи јас возам секој ден точак сум се нашол очи во очи со смрта очигледно сум имал среќа што сум останал жив. Од моја гледна точка ситуацијата во нашиот град Скопје за возење е премногу лоша од прва причина што нема патеки за возење точак каде што е убаво обележано дека тоа е патека за велосипедисти каде што луѓе со деца колички не треба да се движат исто и да не си ги паркираат своите возила на истата патека. Но кај нас иако има доста малце такви петеки исто и како да ги нема бидејќи на нив се паркираат возила па често треба да правиш горе долу со точакот и исто пред тебе се шетаат мајки со деца на истата патека каде што е за возење точак. Друга работа е тоа што самите велосипедисти не комуницираат со возачите јасно е дека наеднаш свртуваат или лево или пак десно а без при тоа да се даде до знаење дека ке се врти но од друга страна ги обвинувам возачите на моторните возила кои сите брзаат некаде да стигнат а без при тоа незнаат да внимаваат на другите учесници во сообраќајот и се однесуваат како целата лента е нивна и секогаш се надминати во брзината од која е дозволена. Џабе е критична маса и останатите такви тракатанци кога не се прави нешто сосема конкретно да се надминат сите овие проблеми бидејќи сепак се работи за живот, за нечиј живот можеби ќе кажеме ај ме боли уво но сепак можете и вие некој ден да бидете повредени.

Прво сакам нешто да напоменам околу комуникацијата помеѓу велосипедист и возач на моторно возило.

За безбедно возење нужна е комуникацијата со возачите на автомобили. Освен основната сигнализација за лево и десно свртување (кревање на левата или десната страна), се препорачуваат и следните рачни сигнали:

„Ве молам, забавете и останете зад мене“ - од левата страна на телото раката е свиткана во лактот, подлактицата свиткана надолу, дланката отворена спрема возачот и покажува надолу.
Целта на овој сигнал е да му објасните на возачот зад Вас дека моментно не е добро да Ве заобиколи (можеби сте во свиок или морате да совладате некоја дупка) и оти ќе мора малку да почека;

„Сега е добар момент да ме заобиколите“- со левата рака направете кружно движење надолу давајќи на знаење дека сега го пропуштате автомобилот. Овој сигнал е мошне корисен оти му дава на знаење на возачот кога може да Ве заобиколи.
Со сигналите за забавување и заобиколување можете да го контролирате сообраќајот околу себе.

„Благодарност на возачот за почитувањето на Вашите сигнали“- стоперски палец угоре, насмевка на лицето и потврда со движење на главата во знак на благодарност.
Без оглед колку чудно звучи, ова е најважен сигнал кој можете да го користите зашто ќе потврдите, а и наградите возачот за неговото трпение и почитување на Вашата сигнализација.
Се смета дека ваквите сигнали со време ќе ги едуцираат возачите за потребите на велосипедистите. А заедно со нив се препорачува и тн. офанзивно возење. Тоа значи дека треба да се вози речиси цел метар од ивицата на тротоарот, никако не на самата ивица. Таквото возење се смета за најбезбедно. Возачите на автомобили подобро ќе Ве забележат наместо да пројурат, а и полесно ќе ги избегнете пречките, како што се дупки и шахти. При офанзивното возење спомнатите сигнали ќе придонесат за подобра комуникација со другите возачи во сообраќајот.

Треба да се спомнат и правилното носење на соодветен шлем, носење на очила за сонце и користење на технички исправен велосипед со добри сопирачки и прописно напумпани гуми.

Меѓутоа, судејќи според урбаната возачка (не)култура, најважно е да не се обрнува внимание на агресивните возачи. При средба со таков треба да го игнорирате и да не влегувате во каква било комуникација.

Прашањето би било следново на кој начин треба да се подобрат условите за возење на велосипед во Македонија на кој начин. Сигурно има некој тука на форумов доста кои се разбираат доста повеќе од мене во тој дел каде што да се стави нешто на хартија а при тоа, тоа да се испрати до надлежните бидејќи сите овие несреќи се случуваат поради сите ти е работи кои ги споменав погоре во текстот.

:) Слободно продолжте вие
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Не е за секој возачка. Било машко или женско.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Никако нема да се подобрат условите за возење велосипед , само можат да се подобри нешто ако се остават велосипедите и да не се возат друго решение не постои .
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
  • Да се направи посебна трака за велосипедите, ама не да биде широка 20см, туку колку за кола.
  • Ригорозни и високи казни за возчите на автомобили кои возат низ град како да се на рели.
  • Часови по возење велосипед во училиште.
  • Промоција на возењето велсипед. Ако може амбасадорката на Холандија да оди на работа со велосипед, можат и другите.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Ние во Кавадарци на пример немаме ниту една велосипедска патека и мора да возиме по улиците, а уште по трагично е што возачите те игнорираат како да не постоиш и си возат без гајле. А за подобрување, малку потешко.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.369
Не е до условите за велосипеди... туку до културата на народот. Фркни казна на пола Македонија за непочитување на велосипедистите и пешачите да видиш како ќе биде се у ред
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
можеби сум офтопик али пак е поврзано
абе се е исполитизирано ни полиција контролира ни ништо.
Еве една случка од Прилепов што се случи пред мои очи.
4 надрогирани возат бмв по булевар маршал тито (главен булевар) со 100 км на час. Губат контрола.
Прават сообраќајка со таксист кој е паркиран на на тротоар. Жената која е во таксито има тешки телесни повреди и уште лежи во кома на болница.
Баткиве извлекуваат жива глава. Видно нанервирани го претепуваат такситот. Иди полиција а разбрукува гужвата и средува се. Истите четворица усвари се келнери во еден прилепски кафич и многу добри другари на локалниот лидер на УМС.
По три дена одам во кафичот каде работат и сите тројца си беа на работа. После дознав дека ги пуштиле само со казна за пребрзо возење. o_O

онтопик,
Условите беа добри пред едно 5 години, кога немаа сите половни бмв, пасати од германија, туку мнозинсвото возеа југа и 101.
Сега убав германски точак е поскап од половен голф, што е страшно. Многу нафурани дечишта сега место точак на 16 години добиваат голф.
Решение: ригорозни казни за возачите. За потежот инцидент дури и затворска казна.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Нема велосипедски патеки,па се движат по сред улица,немаат никаква сообраќајна култура,нормално дека ќе страдаат.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Нема велосипедски патеки,па се движат по сред улица,немаат никаква сообраќајна култура,нормално дека ќе страдаат.
Нема велоспипедски патеки ама има тротоари и пак возат на сред улица , а не по тротоар дури коа им свириш не се тргат туку се вртат да видат кој им свири :pos:. Нејсе може да се направи нешто ко Амстердам патеки и предност прво велосипед , па пешак е дури тогаш автомобилите и слично. Тука би додал присуство на полиција и пајак служби за сите непрписно паркирани кои окупират тротоари , па и цели ленти... Да има туш кабини на работните места и нормално паркинг места кои не се кој знае каква инвестиција , па пред супер маркет нема каде да се остави велосипед , а не па на друго место.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Не е до условите за велосипеди... туку до културата на народот. Фркни казна на пола Македонија за непочитување на велосипедистите и пешачите да видиш како ќе биде се у ред
Се согласувам потполно. Прво треба да се удри по џебот и да се казнат со одземање на возачката.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
  • Да се направи посебна трака за велосипедите, ама не да биде широка 20см, туку колку за кола.
  • Ригорозни и високи казни за возчите на автомобили кои возат низ град како да се на рели.
  • Часови по возење велосипед во училиште.
  • Промоција на возењето велсипед. Ако може амбасадорката на Холандија да оди на работа со велосипед, можат и другите.
1. Па сообраќајќите се случуваат на сред улица. Не се качуваат шоферите по велосипедската патека за да газат луѓе со точак. Иначе според прописи велосипедска патека е широка 1 метар со заштитен појас од 0.25 m. Во зависност од брзината ширината на сообраќајната лента варира од 2.75 до 3.75 метри.
2. Па и сеа ги имаме казните и се високи.
3. WTFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF Што е следно? Часови по одење? Часови по дишење?
4. Како би се промовирало?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
1. Па сообраќајќите се случуваат на сред улица. Не се качуваат шоферите по велосипедската патека за да газат луѓе со точак. Иначе според прописи велосипедска патека е широка 1 метар со заштитен појас од 0.25 m. Во зависност од брзината ширината на сообраќајната лента варира од 2.75 до 3.75 метри.
2. Па и сеа ги имаме казните и се високи.
3. WTFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFF Што е следно? Часови по одење? Часови по дишење?
4. Како би се промовирало?

1. Зборот ми е: да не повлеќе некој жолта линија, и да каже, еве тоа ви е патека, а широка е на пример, 20см.

2. Под ригорозни казни не мислам само на високи парични казни, туку и одземање на возачката дозвола на неколку години.

3. Ај прибери се. Овде не мислам да ги учат в училиште да возат на едно тркало. Децата уште од мали треба да се учат како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, па кога ќе порасанат да не ги третираат велосипедистите како луѓе шо пречат, туку како рамноправни учесници.

4. Ако у мое време се успеа носењето очила од комплекс да стане мода, ако можеше пред неколку години носењето забна протеза да стане моден детал, може и возеењето велоспед. Треба да се направи добра кампања.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Само да се ротираат полицајци (пр. од тетово во струмица, од гевгелија во куманово) и да се намали корупцијата во полицијата.

Проблемот не е што нема жолти траки, што нема велосипедски патеки, или што не се свесни. Најчесто тие што грешат, грешките ги прават свесно мислејќи дека НИШТО НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ или доколку се случи КЕ СВРТАМ ЕДЕН БРОЈ.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
http://kajgana.com/specijalni-brzi-lenti-za-velosipedistite-vo-evropa

Покрај превозот, рекреацијата и уживањето, Копенхаген со ова планира да заштеди и на трошоци на здравството. Велосипедската мрежа во Данска, годишно заштедува 40 милиони евра за здравствениот систем, а нејзината изградба не чини ни приближно толку.


Шведска вложила 4.1 милион долари за брзи велосипедски патеки која пресметала дека ќе ги врати за брзо, додека ние вложивме скоро 6 милиони евра за триумфална порта која ќе треба да ја варосуваме секоја година.
Додека една Австрија ги субвенционира граѓаните да купат велосипед и покрај тоа што нивните примања се за 10 пати поголеми од нашите, кај нас ќе те одерат од давачки ако купиш велосипед од надвор.

Измешани ни се приоритетите нам како држава од поодамна.



 

Kajgana Shop

На врв Bottom