Како да се победи депресијата?

Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.065
Поени од реакции
4.551
veni vidi reverti

Вчеравечер пред легнување, застанав пред огледалото, и на тој отспротива му ги истурив сите навреди што тлееа длабоко во мене, па потоа го прашав како се чувствува.
„За кавга се потребни двајца, ете ти го тој во огледалото, па расправај се со него“,
ми одговори тој.
Можеби си образован, така барем изгледаш од напишаното,
ама ЧОВЕЧКОТО во тебе си го изгубил.
МОЛК...
Не си ти за овој свет, врати се од кај што си дошол, му подвикнав разлутено.
Само ме погледна тажно, а огледалото се замагли.
Не можев да го видам повеќе низ солзите.
Збогум...
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.065
Поени од реакции
4.551
Полека бледееш во моето сеќавање...
130041111500530-45K4.jpg
Сите луѓе кои постигнале извонредно тешки работи имаат меланхолична диспозиција која може да поприми патолошки особини. (Аристотел)
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
298
Поени од реакции
568
Како да се победи депресијата па лесно ја фаќаш депресијата за коси и пукаш два три шамари и два три бокса депресијата паѓа на земја во несвес после додека е на земја продолжуваш да ја маваш со клоци по муцка едно 30 пати додека не престане да прета и мрда ја убиваш едноставно да неможе да се врати повеќе.Шала на страна вежбајте дали било тоа одење во теретана дали било возење велосипед правење стомачни и склекој по дома или обична прошетка во парк сето тоа придонесува за отстранување на депресијата и сите негативни мисли.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.065
Поени од реакции
4.551
Никој не ја приметува болката, никој не ја примети ни солзата, а и тагата што тивко врви покрај тебе. Дали е депресија поистоветива со скршено срце? А скршеното парче од срцето го загубив, па не можам ни да го залепам.
Наеднаш те стигнува дијагноза „ослабена лева срцева комора“. И ти вели понатаму: „ако не се соземеш, може да се влоши состојбата.“ Имуниот систем ослабуел. И пробуваат да ти го лечат срцето и телото, а не гледаат дека ти фали голем дел од душата. Се прават паметни, демек времето лечи сѐ, ама Ајнштајн ги негира со релативното му време. И кога ќе дојде времето, нема ништо да боли повеќе...
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.065
Поени од реакции
4.551
Еве ја и пролетта, а тебе те нема. Дали е праведно, сѐ уште да те барам?
Знаеш дека пак ќе те најдам, како тогаш кога ми рече дека ме сакаш.
Ти ја памтам косата разбушавена и мирисот твој заводлив.
... † ...
Ех, кога тагата би била радост, би бил најсреќниот човек на земјава.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Еве ја и пролетта, а тебе те нема. Дали е праведно, сѐ уште да те барам?
Знаеш дека пак ќе те најдам, како тогаш кога ми рече дека ме сакаш.
Ти ја памтам косата разбушавена и мирисот твој заводлив.
... † ...
Ех, кога тагата би била радост, би бил најсреќниот човек на земјава.
...тагата ќе биде радост,така ја коваш својата душа.Дијамантот не станал таков каков што го знаеме преку ноќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom