Necrophilia
Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
- Член од
- 13 август 2006
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 140
Парите како фактор за мотивираност
Во последно време особено во глобализацијата на моделот на пазарната економија, недвосмислено се универзализира ставот дека најголема мотивирачка сила во сите активности се, сепак парите.
Тоа произлегува од самата реалност дека со парите се задоволуваат сите видови потреби на човекот и неговото семејство, како што се биолошките, културните, образовните и сл. Може да се рече дека преку расположливата куповна моќ на граѓанинот се определува и неговата положба во општеството, во секој поглед а пак неговата куповна моќ е врзана со неговите примања.
Поради ваквата положба вработените постојано се во борба за повисока заработка, финансиски награди и сл. Практиката покажува дека најбрзи и најефикасни ефекти за извршување на поставените задачи се постигнуваат преку материјалните стимулации, се разбира ако тие се правични и пропорционални со обемот и тежината на задачите кои се дадени како обврска.
Има и обратни случаи, материјалните стимуалции да имаат обратен ефект, дури да има бојкот во работата, ако менаџерите немаат праведен однос при вреднувањето на трудот на секој поединец во колективот или пак ако висината на средствата не одговара на сложеноста и обемотна доверените работни задачи.
Паричната стимулација е најефикасна и универзална, но не и единствена. Таа е ефикасна до определен степен, додека човекот ги задоволи оновните егзистенцијални потреби и тоа за себе и своето семејство. Понатаму како се оди погоре во задоволувањето на потребите слабее улогата на материјалната стимулација како мотивириачки фактор. Тогаш се зајакнува улогата на другите фактори на мотивација, за кои веќе станува збор (награди, признанија, функција, кариера, престиж, моќ и слично).

Сите луѓе работат за пари а живеат за признанија.