Целиот процес на слабеење всушност е губење на наталожени масти. Финтата е што ти доколку си на 30% масти (пример) за да ја намалиш тежината треба да ги симнеш нив. Така да кога ќе дојдеш на нормална бројка 10-15% масти тогаш тоа ти е вистинската тежина. Она што ќе го загубиш нема да бидат мускули и нормално дека ќе изгубиш на тежина, така да на крај ќе ти останат мускулите и ќе видиш дека и немаш толку многу.
Како што гледаш на сликата истата тежина масти vs. мускули, каде што мастите всушност те прават да бидеш покрупен. На крај кога ќе ги стопиш ќе се намалиш во обем, помири се со тоа.
Е сега околу темата, целиот процес на слабеење се базира на фактот да потрошиш повеќе калории отколку што внесуваш. Кардио, теретана, повеќе физичка активност, нема полесен пат. Другиот начин е со диета. Кога зборувам за диети не мислам на изгладнување туку на начин на исхрана. Значи чисти протеини (пилешко, риба, јаткасти храни, мешункасти производи), јаглехидрати (ориз, компир, само треба внимавање со овие, не е добро да се јадат секој ден), потоа растителни влакна (зелка, брокули, карфиол, зелена боранија), витамини (овошје), здрави масти итн. Благо и инстант шеќери што е можно помалку, базирај го внесувањето на шеќер по природен пат, исто и чипсови,
Ова е многу тешко да се изведе. Во поглед на финансии пред се, потоа дисциплина, време и други причини. Исто така, факт е дека нема да станеш манекен со 1 ден поминат во теретана или трчање. Процесот трае долго, година-две-три, зависи од факторите наведени погоре.
Ова е накратко. Доколку знаеш англиски на гугл и јутјуб има милион програми и водичи за бодибилдинг. Се што треба е посветеност и да почнеш.