Како да се зголеми продуктивноста во фирма?

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Дали мислите дека е ова успешен модел?

Текстот е од почетната страна на кајгана.

Вработените во една маркетингшка фирма имаа еден прилично забавен петок, откако експериментално ја тестираа својата работната продуктивност кога работаат - голи. На соблекување ги натерал нивниот директор Мајк Овен кој идејата ја добил од психологот Дејвид Тејлор. Досетливиот шеф во фирмата вовел правило на „гол петок“, ден кога сите на работа мораат да дојдат без облека.

На ваква екстремна мерка за подигање на тимскиот дух директорот се одлучил откако морал да отпушти 6 вработени, поради финансиски проблеми.
Проектот е успешен, тимскиот дух на многу повисоко ниво, а компанијата започнала со многу подобра работа. Вработените се воодушевени од „голиот петок“, а еден од нив изјави дека сега меѓу соработниците нема никакви бариери.
„Експериментот беше брилијантен. Сега, откако се видовме голи, немаме никакви бариери меѓу нас“, изјави 23 годишната Саманта Џексон.
Според психологот идеолог на ваквите петочни активности, вработените кои имаат можност да работаат без облека, меѓу себе разговараат многу поотворено и поискрено.
Иако некои вработени на почетокот пружале отпор, на крај сите се согласиле на работа да дојдат „како од мајка родени“, освен една девојка и еден маж кои одлучиле да останат во долна облека. Пред да се соблечат за прв пат, психологот им подготвил еднонеделни подготовки во кои биле вклучени задачи како „фотокопирај си еден дел од телото“ и скицирање на гол модел кој бил доведен во компанијата, пo што колегите дискутирале за истото.
Дури тогаш, според психологот и директорот, вработените биле подготвени за целосно соблекување. Мајк Овен е многу задоволен и гордо истакнува дека на неговата компанија конечно, добро и тргна.
Како работеле со клиенти во голиот петок, сеуште е непознаница :) Целиот експеримент е снимен и ќе биде презентиран како документарец на 9. јули на британскиот кабелски канал Virgin 1.


Моето прашање е дали би можеле да работите во ваква атмосфера? Дали не би биле деконцентрирани т.е. дали вниманието ќе ви остане фокусирано онаму каде што треба?
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Би сакал барем еден петок да видам колешката дали е навистина женско овде буквално си ги мерат на работа не верувам дека можам да бидам попродуктивен со овој метод и останам фокусиран можеби ќе се подобри некоја релација помеѓу претпоставен и работник ама лично не би се согласил.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Уффффффф што имам две колешки :vozbud::vozbud::vozbud:

Радо би зголемил продуктивност :pipi:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Значи ако опаѓа продуктивноста, слечете се голи и ќе тргни работата. Немојте никако да ги барате причините за лошите резултати само слечете се голи :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Значи ако опаѓа продуктивноста, слечете се голи и ќе тргни работата. Немојте никако да ги барате причините за лошите резултати само слечете се голи :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
А колку ке трае работното време................:tv:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Значи ако опаѓа продуктивноста, слечете се голи и ќе тргни работата. Немојте никако да ги барате причините за лошите резултати само слечете се голи :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Мешаш поими.

Ти може да си продуктивен, а може и да си уште повеќе продуктивен.
Како да те стимулираат да го даваш максимумот е поентата, а не да исправаме лоши резултати.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Искрено ова ми е прилично глупава идеја. Сфаќам дека идејата било да се доближат вработените еден до друг, да се подобри тимскиот дух, но не би сакал вакво нешто.
Особено ако има добри колешки, тогаш концентрацијата нема баш да ми биде на работата така да ќе се постигне контра - ефект.:)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мешаш поими.

Ти може да си продуктивен, а може и да си уште повеќе продуктивен.
Како да те стимулираат да го даваш максимумот е поентата, а не да исправаме лоши резултати.
Мене жена гола да ми се слечи готово, си иба мамата нема работа :pos::pos::pos::pos:.
Отиде вниманието од продуктивност на работа, во креативност на нејзинотот тело :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Чекај малце, меркава им е за зголемување на продуктивноста или (ре)продуктивноста?:icon_lol:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Чекај малце, меркава им е за зголемување на продуктивноста или (ре)продуктивноста?:icon_lol:
Замисли да е фамилијарна фирмата (браќа, сестри, братучеди) заебан ефект нема што.
Инаку врие ова интернетов од секакви експерти по економија по психологија, прават системи ветуваат ридови и планини. Што се немам сретнато живи глупости, ама очаен човек најлесно се лажи :toe:.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Слична мерка може да се примени кога инспекторите на УЈП шетаат од дуќан во дуќан како деновиве во Прилеп,сигурно вака “облечени“ нема да наидуваат на затворени врати пред скоро секој дуќан.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom