Како да се заштитите од корумпирани џандари

Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Честа е појавата на вакви смрадови во нашето општество, нема да ги наречам полицајци пошто тој термин треба да се заслужи, ќе ги наречам џандарчиња. Овој вид на џандарчиња се често исфрустирани мали човечиња кој некако се доцепале до некаков авторитет и со тоа си ги лечат комплексите. Тие немале никаков тренинг, а џандари станале сосема случајно и нормално со врски. Ако ги начекате на лош ден може да ви накалемат доста работи, вклучувајќи малтретирање поради не познавање на законите пошто нели немаат никаков тренинг, може да ви се закануваат, заплашуваат, да ви импутираат разни докази и зборови кои потоа ќе бидат искорситени против вас.

Јавна тајна е дека постои некоја група на овие напатени души која ја имаат по социјалниве мрежи, каде што заедно се договарале како да наштетуваат на одредени личности. Запишувале регистрации од луѓе кои се 'курчеле' и после ги рендале на секој можен начин... Ова сум слушнал и се само шпекулации, не знам дали навистина постојат такви групи. Но факт е дека постојат такви џандари...

Ова е човек од Америка кои си ги знае добро своите права и како да се заштити од оваа криминална група...

Фразата 'Се повикувам на петтиот амадман' или 'Одбивам да одговарам на прашања' е право на секој човек, ова постои и во нашиот закон, но исто така многу битно е да ја снимате вашата интеракција со џандарот...

Снимањето во Америка е дозволено... Колку што знам и кај нас е дозволено да се снима на јавен простор или доколку си во твојата кола. Доколку не е дозволено да се снимаат интеакциите со полицијата тогаш тоа е големо кршење на нашите основни човекови права бидејќи секогаш вашиот збор со зборот на полицаецот пред судот нема апсолутно никакво значење доколку немате доказ.

Затоа ги повикувам правниците на кајгана да ни објаснат малку повише на оваа тема доколку сакаат нели, за да знаеме сите како да се заштитиме од неправда... Нормално не се силете доколку сте направиле прекршок но и во такви моменти убаво е да се знае дали смеете да ја снимате интеракцијата за да не ви импутираат и други дела во стил 'види го бе уште се курчи, сакаш сеа да ти пишам дека си поминал плус и на црвено?'

До сега сум немал некое апла лошо искуство со полиција но знам доста луѓе што имале. Затоа може оваа тема да помогне да се заштитме во иднина.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Си ги имаше порано 2-3-ца колеги сообраќајци во Куманово, обично делуваа како прокси за пишување на казни. Ако си се замерил со еден од нив, другите двајца ке те лепат со казни. Ако си паметен, ке знаеш од кој ти е. Ако не, ке си ја пцуеш среќата како на тебе 2-3 пати налетале.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
И што мислиш што ќе се деси ако кај нас на полицаец му речеш "Не одговарам на прашања"? Дури и да постои таква можност во нашиот закон (баш би сакал да го прочитам тој дел), и сам кажуваш дека баш тие џандари од кои што треба да се заштитиме со таа реченица воопшто не ги ни познаваат законите.
Така да со таа изјава само појше ќе се закопаш, а не верувам ни дека во Америка е баш така како што прикажуваат овие неколку одбрани примери.
 
Па веројатно си слушнал како некои на суд се бранат со молчење, најчесто по совет на адвокат со цел да не се инкриминираат по грешка, тој закон постои...

Како и да е за тоа треба некој правник да не просветли.

Многу е битен делот на снимање на ситуацијата, доколку не си направил кривично дело или прекршок а џандарот е агресивен и ти се заканува зашто снимаш а ти го имаш секое право да снимаш тогаш имаш валиден доказ пред суд... Поготово ако ти се заканува дека ќе ти го скрши телефонот или набута у гз, или дека ке те тепаат у станица итн итн...

Во Америка имаат право да снимаат а кај нас не знам, знам дека само смееш да снимаш на јавен простор...
 
D

Deleted member 12196

Гостин

А што е тоа ЈАВЕН ПРОСТОР?
Ако добро сум запознаен, не смееш пред врата да поставиш надзорна камера која ќе зафаќа дел од улицата. Ми го напушуваш правото на приватност.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
А што е тоа ЈАВЕН ПРОСТОР?
Ако добро сум запознаен, не смееш пред врата да поставиш надзорна камера која ќе зафаќа дел од улицата. Ми го напушуваш правото на приватност.
Не смее во дворот да ти снима комшијата, на улица немаш приватност.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Американците го имаат 5th Amendment и дел од нив го практикуваат. Се разбира, претходно треба да сте доволно едуциран и сигурен што правите, задолжително да СНИМАТЕ, и потоа може да го користите она нивното "I plead the 5th" што во суштина значи - не одговарам на прашања односно не дискутирам за ништо без присуство на адвокат бидејќи 5тиот амендмент им дава право да не се дискриминираат самите себе, односно свесно или несвесно - да не сведочат сами против себе.

Далеку сме ние од тоа ниво... Кај нас ко ќе те застанат, ако им речиш не одговарам на прашања дур не дојт адвокат, ќе ти ги земат документите и можат да ти речат ај јави му се викни го :) . Нормално, тој кога ќе дојде ќе ја заврши работата без вие да изустите 1 буква, ама тоа кошта бе браД.. ќе те орепа адвокатот. И ко ќе видиш, кај нас соработуваш сакал нејкел.

Кај американците е друго... еве уште еден пример и мене ми е омилен овај:

Последно уредено:
Член од
31 мај 2020
Мислења
92
Поени од реакции
128
Заштита од корупција у Северџанија, не беше тоа парадокс?
Ако на чичо пајкан му се надрви пендрекот ќе го јадеш сосе петтиот амандман. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom