Како да пресметам ah во wh

Член од
16 ноември 2019
Мислења
12
Поени од реакции
2
Поздрав до сите електричари и молба за мала помош.
Имам стартер и полнач на акумулатори во едно на кој нема наведено колку ah полни.
Како можам да измерам колку ah струја испорачува и потоа тоа да го претворам во watt.
Инаку само да наведам дека од струја имам само основни познавања,ампер клешта и униметар имам доколку е потребно.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
напон х струја = моќност
volt * amper = watt

тоа h ти е час, 1ah ти е 1 ампер во тек на цел час
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Поздрав до сите електричари и молба за мала помош.
Имам стартер и полнач на акумулатори во едно на кој нема наведено колку ah полни.
Како можам да измерам колку ah струја испорачува и потоа тоа да го претворам во watt.
Инаку само да наведам дека од струја имам само основни познавања,ампер клешта и униметар имам доколку е потребно.
Акумулатор пример од 55 Ампер часа може да дава струја од 1А 55 часа.
Ако полначот полни со 5А тогаш му треба на акумулаторот 11 саати(55/5=11) за да наполни. Сега како се полни напонот му се изедначува и така паѓа и струјата со која се полни така да би додал тука онака од карти уште 30% па би дошло негде 13 саати приближно.
Ова е едноставна пресметка, без да се замараш со моќности и работа.
Прво мериш струја со клештата нели, па после пресметкава....ова е за паушална пресметка :)

П.С. Стартерот е сигурно повеќе од 3КW, струјата со која ќе полни зависи од разликата на напоните и од внатрешен отпор на акумулаторот. Арно ама повеќе од 14V ти е ризик, да не ти експлодира акумулаторот, пази!
Може ќе полни и со струја над 50А.....не е заебанција со 3КW ѕвер да полниш акумулатор
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Полнењето акумулатори е посебна приказна. Препорачливо е да се полни со 1/10 од неговиот капацитет (45 Ah > 4,5 А) 14 часа.
Полначот на празно треба да дава 17-18 V, додека приклучен на акумулатор напонот безмалку се изедначува со напонот на акумулаторот. Точно е дека струјата на полнење паѓа како се полни акумулаторот (под услов полначот да не е „модерен“, со посебна регулација на напон и ампеража).
Има многу да се пишува на оваа тема.

Ампер-клешта во овој случај е бескорисна. Не може да послужи.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Полнењето акумулатори е посебна приказна. Препорачливо е да се полни со 1/10 од неговиот капацитет (45 Ah > 4,5 А) 14 часа.
Полначот на празно треба да дава 17-18 V, додека приклучен на акумулатор напонот безмалку се изедначува со напонот на акумулаторот. Точно е дека струјата на полнење паѓа како се полни акумулаторот (под услов полначот да не е „модерен“, со посебна регулација на напон и ампеража).
Има многу да се пишува на оваа тема.

Ампер-клешта во овој случај е бескорисна. Не може да послужи.
Он има стартер, на 17V ќе му ебе матер на акумулаторот :)
И битно е како го мериш тој напон, затоа што практично он е наизменичен ако не го испеглаш со кондензатор на пример.....долго и широко е темава, тачно хахаххах
На него му е битно да не помине струјата некои 30А, и да не стои до акумулаторот додека се полни :D
 
D

Deleted member 12196

Гостин
При полнење акумулатори овој конвертер е бескорисен.
затоа што практично он е наизменичен ако не го испеглаш со кондензатор на пример
Не, напонот не е наизменичен туку пулсирачки со фреквенција од 50 или 100 херци, во зависност од начинот на трансформирање. (Најчесто 100 херци).
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
При полнење акумулатори овој конвертер е бескорисен.
Не, напонот не е наизменичен туку пулсирачки со фреквенција од 50 или 100 херци, во зависност од начинот на трансформирање. (Најчесто 100 херци).
Знам, затоа пишав практично......затоа што унимер ќе го покаже неточно. Се разбираме ние, иако немам електро факултет ама нешто од нешто знам :D

Тоа плавото е после црецов спој...за тие што не знаат :)
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
12
Поени од реакции
2
Ви благодарам на сите за одвоеното време сега повеке од работите ми се појасни но сепак главното прашање не ми е јасно па затоа ке пробам да го преформулирам и затоа ке го поставам во друг контекст за да се сватиме.
Значи купуваш да речеме полнач за акумулатори некој си стар тип(не модерен со регулација) на кој што има 3-ри подесувања за полнење,полначот нема никакви ознаки се е избришано,како ке дознаеш или пресметаш на кој степен колку ампери максимално струја испорачува полначот,нели обично пишува на пр. под 1.(5А) под 2.(10А) итн ама на овој не пишува.
 
па ќе измериш со унимер. поврзи го да полни и мери колку струја тече за секое подесување
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
12
Поени од реакции
2
Нели нормално за да знаеш колку време да полниш одреден акумулатор ти требаат излезни ампери на пример 50 ампера акумулатор 10h×5A=50A, сега ова е оквирно плус, минус некој ампер ама од кај можеш да знаеш може полначот(стартерот) на 1ца испорачува 15-20А ?!
Автоматски споено мислење:

па ќе измериш со унимер. поврзи го да полни и мери колку струја тече за секое подесување
да во принцип тоа е точно ама и тоа зависи од тоа колку е празен акумулаторот ако е многу празен ке повлече повеќе ампери ако скоро скроз полн ке повлече помалце ампери
Автоматски споено мислење:

ако не се лажам мислам дека секој полнач има максимално ограничена ампеража на секој степен поентата е дали постои начин тоа да се измери или пресмета
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom