Како да пресметам бодови за упис во средно ?

Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
Можи некој да ми објасни како можам да пресметам колку поени имам од 5 до 8 ? ми требаат 35-40 поени за упис а од 5-8 сум со тројка :D ае кој знае
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Можи некој да ми објасни како можам да пресметам колку поени имам од 5 до 8 ? ми требаат 35-40 поени за упис а од 5-8 сум со тројка :D ае кој знае
V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:
 среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
 среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
 дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
 средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех(=збирот на оценките поделен со бројот на предмети од соодветното одделение) од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
не се секирај премногу ке те примат и така секаде има недостаток на ученици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom