Како да објасниме што е секс, а што е смрт, на мало дете?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
5.841
Поени од реакции
3.796
Некои работи неизбежно ќе ги научат од врсниците, од околината, од цртаните, од филмовите. Тоа не може да се спречи. Сигурно и јас не сум научил се’ од моите.
Татко и мајка на денешниве деца од пред 5 год. некаде, ќе им биде google. Секој треба да биде свесен за тоа, уште не излегле анализи за децава, кај и да е веќе у школо ќе појдат....ќе видиме што ќе испадне.
Само да го потенцирам ова, затоа што е страшно важна работа, од причина што децава се по пола ден на youtube.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
1.799
Поени од реакции
3.107

Важно е многу. Со интернетот имаат пристап до купишта информации а и секое дете уште од рана возраст има пристап до компјутер или телефон. Тешко на денешните родители. Треба многу повеќе внимание и контрола на тоа што гледаат децата отколку порано.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.283
Поени од реакции
8.107
Јас не лажам, ја соочувам со вистината макар била најсурова и несфатлива за нејзината возраст. Рипката замина и нема никогаш да се врати. До секс не сме стигнале, премала е, но знае дека машките имаат пиперки доле. И така. Доста е од бајки и заштита на децата, само противуслуга им праиме така.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
55
Поени од реакции
58
Јас не лажам, ја соочувам со вистината макар била најсурова и несфатлива за нејзината возраст. Рипката замина и нема никогаш да се врати. До секс не сме стигнале, премала е, но знае дека машките имаат пиперки доле. И така. Доста е од бајки и заштита на децата, само противуслуга им праиме така.
Не ја лажеш, ја соочуваш и вистина макар била и за неа несфатлива, - ама машките имаат пиперки!

Ете бајка, од тебе кој рече: „доста бајки.“

Ако, баш даде пример на исправност на бајки:

Бајките изразуваат вистини поточни од било кои ѓоа-фактуелни излагања како тие на Richard Dawkins и на ТВ Дневник. Затоа и се популарни, затоа ги пишувал и Толстој, најголемиот бунтовник против сахаринизирање на стварноста. Бајките на браќата Грим во оригинал се баш *grim*.

Вистината секогаш се изразува преку некој стил. Кој си го избираме секој по свој вкус. На дете и му треба да работите му се кажуваат така, со намагнетизираност од емоции.

Доста за ... млитави и млаки повторувања на едно те исто од луѓе станати рамнодушни за се’ освен нивниот задник, без концентрација - која секое дете ја заслужува од свој старател.
 
На врв Bottom