Како да објавам книга?

Член од
28 мај 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво кајганџии.
Би сакала да ве прашам за искуство со издавањето на книга.
Дали книгата може да биде на два јазика (конкретно македонски-шпански)? Би ви била благодарна на секоја информација
Убав ден на сите ! :oops:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Здраво кајганџии.
Би сакала да ве прашам за искуство со издавањето на книга.
Дали книгата може да биде на два јазика (конкретно македонски-шпански)? Би ви била благодарна на секоја информација
Убав ден на сите ! :oops:
Како тоа на два јазика? Првите 50 страни еден, потоа следни 50 друг итн.? Зошто би сакала така? И кој би ја читал таа книга освен тие што ги познаваат добро и двата јазици?
 
Член од
19 април 2014
Мислења
402
Поени од реакции
1.117
Здраво кајганџии.
Би сакала да ве прашам за искуство со издавањето на книга.
Дали книгата може да биде на два јазика (конкретно македонски-шпански)? Би ви била благодарна на секоја информација
Убав ден на сите ! :oops:
Ако до сега немаш издадено книга почни со нешто поедноставно а не одма на два јазика. Убаво кажа Билбо кој би ја читал таа книга освен некој кој ги познава двата јазика? И уште побитно треба и ти самата многу добро да го познаваш јазикот исто како да ти е мајчин, за да личи книгата на нешто. Да не е само знам шпански од филмови, и една година на курс што одев. Поздрав :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.745
LoL, не бре така :pos:
Она не мислеше така - прва половина на шпански, а втора на македонски.

Ваљда мислеше целата книга да биде на двата јазика, као еден збор на шпански, вториот на македонски, третиот на шпански, четвртиот на македонски и така до крај.
Супер идеја!
Земи издади ја, јас ќе ја купам одма!(y)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
LoL, не бре така :pos:
Она не мислеше така - прва половина на шпански, а втора на македонски.

Ваљда мислеше целата книга да биде на двата јазика, као еден збор на шпански, вториот на македонски, третиот на шпански, четвртиот на македонски и така до крај.
Супер идеја!
Земи издади ја, јас ќе ја купам одма!(y)
Те посакувам, mi amor. Dame tu cosita, љубена моја! Donde esta библиотеката, се викам Т-bone, la aranja дискотеката?

Вака некако?:pos:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.745
Те посакувам, mi amor. Dame tu cosita, љубена моја! Donde esta библиотеката, се викам Т-bone, la aranja дискотеката?

Вака некако?:pos:
Баш така. Одлично!
Девојче пишуј књигу одмах!!!
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
107
Здраво кајганџии.
Би сакала да ве прашам за искуство со издавањето на книга.
Дали книгата може да биде на два јазика (конкретно македонски-шпански)? Би ви била благодарна на секоја информација
Убав ден на сите ! :oops:
А бре дечки, зошто се зае...вате со девојчето?
Прво, двуезична книга е кога на едната страна е еден јазик, а на другата друг.
Четеш влево англиски и гледаш во десно и на македонски.
Тоа е отлична идеја, НО, НО, НО.
Една книга се пише, отпечатва и продава.
Ке ја напишеш, ке ја отпечатиш, но как ке ја продадеш?

јас имах писана една книга(финансиска).
Отидов кај издателство. Тиа рекоа, плаштаме хонорар по 2 лева за продаден број. 2000 тираж, ако се продаде ке земеш 4000 лева.

Решив сам да си направа работава.
Отидох во печатница, цената на отпечатване еден број е 1.5 лв. За 350 страници формат А4.
Мека корица, без илустрации.
За 2000 тираж платив 3000 лв.
На книжарница или друг разпространител 30 % или 3 лв.
Т.е. от джебот извадив само 3000 лв.
Продажна цена 12 лв. за книга.
Рекапитулација
2 лв. ДДВ, 1.5 печат, 3 лв. дистрибјуш'н обшто трошоци 6.5 лв.
За мене 5.5 лв. Продадов 1800 - печелба 9900 лв.
Личен данок - 450 лв.
Чиста печелба - 9450 лв.

Се надевам дек сум бил малко от малко usefulllll.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.614
Здраво кајганџии.
Би сакала да ве прашам за искуство со издавањето на книга.Дали книгата може да биде на два јазика (конкретно македонски-шпански)? Би ви била благодарна на секоја информацијаУбав ден на сите ! :oops:
aaaaaa шпански јазик? ааааа пак дојдоа шпанците на дневен ред? :D (сега нема да погрешам)
двојазична книга? како не може...кога ќе излезе книгата баш ќе ти биде бестселер според новите услови на двојазичност во државата!( не ја кажувам која оти на повидок е новиот кум :( )
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Издавањето книги (после пишувањето) опфаќа подготовка (лектура, форматирање, корица, ЦИП ИСБН), печатење, дистрибуција (промоција, маркетинг), продажба (наплата) и складирање.

Издавањето книга во основа има две причини, да се излазе во јавност (да се искаже свое видување, став) и да се заработи.

Во зависност од вашиот приоритет, прашањето е самоиздавање или издавач.

Издавачот е фирма со цел да го умножи капиталот, и не е алтруистичка установа која има меценски испади.

Издавачот, во теорија работи во два мода: 1. самиот да инвестира во издавање на добар производ (книга) кој треба да се продаде во одредено време, бидејќи после станува товар (трошоци за скалдирање, големи попусти скоро без добивка).
2. Тој што сака да издаде книга да ги плати сите трошоци каде издавачот и давател на услуги без никаков ризик. Во Македонија има и 3. да се добијат пари од Министерство за култура.

Сте напишале книга и мислите дека е добра? Тоа е нормално за секој автор. Но за издавачот е важно (од горе под 1.) производот да се продава во огромното мноштво на книги кои истотака чекаат да бидат продадени. Шансите да влезе некој во книжара и на полиците да ја забележи токму вашата книга и да ја купи онака на тепка се мали. Затоа издавачите се фаќаат за нешто сигурно, странски бестселери или реномирани автори кои, низ времето, докажале дека се продаваат.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Еве и конкурсот од министерство се објави и издавачките куќи добиле 1-4 книги финансирани со по ~30% од побараните средства. и тоа се за популарни странски и домашни автори. Така да опцијата 3. нема да ја разгледам.

Прашањето е дали да самоиздадам или да платам издавач за да ја издаде.

1. Самоиздавање, треба да се извади ЦИП и ИСБН (1200)ден Треба лектор , форматирање и корица. Да претпоставиме книгата е 100 страни, за лектура ти требаат 100-200 Еур и околу 150-200 за графичка обработка. Потоа печатењето зависи од број на примероци и дали ќе се оди со дигитално принтање (за мали количини) или офсет за поголеми количини.

грубо зборено, цената по примрок на дигитално и офсетно се изедначуваат накај тираж 300 значи со поголем тираж цената се намалува по примерок.

пример дигитално печатење (1-10 примероци) ваквата книга би била некаде 150 денари а доколку се оди со офсет на 500 примероци , (колку што обично се печатат во МК како макс) цената би била некаде грубо 1 еур.

значи објавување на 500 примероци би било некаде 900 еур.

е сега даваш 900 евра и завршуваш со 500 книги дома. Со тоа што сигурно некаде 50 ќе ти одат подарени (вујни, стрини, наградни игри, родендени, додека сите твои пријатели и роднини не добијат ...) значи производан цена ти е 2 евра или 120 денари. кога ги носиш по книжари на продажба ти семаат само 2-3 и на твојата цена ќе се надградат 30-40% Значи ако сакаш да се исплатиш и да заработиш некоја пара, тогаш веројатно твојата цена би била 240 денари + 80 денари за продавачот (издавачот) значи крајна цена би била 320ден. (или веке колку ти е очекуваниот праг на добивка)

Со дигиталната верзија не даваш одма многу пари, но примерокот тие поскап и малку понеквалитетен од офсетот, особено корицата.

Главниот проблем е е дистрибуцијата и продажбата и наплатата. Многу веројатно книгата ќе се продава 5+ години. така парите што ке доаѓаат само ке капнуваат и нема да ги осетиш.

Тука може да се инвестира и во реклама, постери, букмаркери, флаери, брендирани штандови итн,ФБ, гоогле итн но тоа се екстра пари.

Ако немаш соодветен простор каде да ги чуваш, по 5 години веќе нема да се емотивно врзан ни со книгата и ни со парите што си ги дал и ќе почнеш да ги раздаваш.

Ако платиш на издавач, тој барем ќе ја носи по саеми итн, а ти ке добиеш лимиитиран број примероци и после ке треба сам да си купуваш од својата книга, со попуст јасно. Но по една две години, ќе почне да ја нуди на гараж сејл за сто денари.

Така кога се прави математика за заработката на ваква книга треба да рачунаш дека 20% ќе ги дадеш бесплатно, 20 % нема никогаш да ги продадеш/наплатиш. Значи твојата цел е да ги извадиш парите плус добивка со 40% од продадени книгите. Останатите 20% ќе се продаваат долго време и со попусти и не можеш да ги ставиш во буџетот (иако можеби ќе капе по нешто ретко).

да се вратиме на математиката значи тие 900 евра ке треба да ги вратиме и заработиме нешто со 200 книги. Според истат аматематика 900 евра потрошени пари+ уште толку планирана добивка 1800/200 = 9 евра = 550 мкд +30% продавница= 700 ден крајна цена кон купец што би му дошло малку помалку од Хари Потер.

(Бројките да се земат условно, ама мислам дека даваат осет за редот на величина на бројките)
 
Член од
3 април 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
decki moze li nekoj da mi preporaca izdavacka kuka ili barem nekoj kriticar da mu dadam nekolku poetski tvorbi da mi kaze strucno mislenje... vi blagodaram
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
176
Поени од реакции
232
Здраво дечки ми треба мала помош,
Ќе ве замолам доколку имате искуство или информација за тоа на кој принцип функционира публикување книги на амазон како self-publishing. Ме интересира процедурата околу тоа дали е потребно да се плаќаат некои даноци, дали е потребно да се има сметка во америчка банка и останати дополнителни процедури околу ова?
До сега немам обавувано книга преку амазон, така да било какви искуства и информации се добредојдени
Благодарам многу
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Потребна е сметка во САД или и во некои банки од некои европски држави. без тоа не можеш да продаваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom