Како да кажам на моите дека сум ГЕЈ и како вие би изреагирале ако вашето дете е геј?

Како вие би реагирале?

  • Вкупно гласачи
    164
Член од
12 октомври 2015
Мислења
6
Поени од реакции
11
Знам дека во последно време отапеа со Геј темите но ова е подруга работа.Значи приказнава оди вака .На 12-11 години сватиф дека Памела Андерсон не ја свиѓам(секако шега е ,во превод геј сум) и ми беше тешко да се прифатам се до 16 години.Измеѓувремено мислев дека тоа е фаза ќе помине и ќе бидам "нормален",но ништо.Сега имам 18 години и да сум имал краткотрајни врски и со двата пола но од кој само со истиот пол(врската) ми се допадна,и не планирам пак да имам нешто со спротивниот пол(колку глупо тоа и да звучи).Се рачунам за нормална личност но дали и вие така ме гледате тоа е друго.Го почитувам другото мислење колку и да е непрофатливо за мене ,така да ве молам ако мислете дека сум болесник или незнам психички пореметен држете си го таковото мислење за себе .Барам да се поставите на мое место и да го видите светот од мој очи.Не сум згрешил никому ,не крадам,не силувам ,не малтретирам,не се мешам во нечиј животи,не сум верник но немам ништо протил религијта.Ете таков хомосексуалец сум станал ни крив ни дужен, осуден сум да живем во вакво предрасудно опшество.Верувајте далеку е ова од избор за сексуална орјентација,кој би скал да избере хомосексуалец ако знае дека ќе биде малтретиран од околината.
Малку избегав од темата но целта ми е дека барам најискрено од вас како би изреагирале ако вашете дете(син или ќерка) еден ден ви кажуваат дека ги привлекува истиот пол и препорака јас што да направам во мојот случај.
П.С гајле ми е граматика не сум за тоа дојден тука
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа
 
M

Moon Child

Гостин
Зависи какви се сфаќањата на твоите родители. Дали се закоравени верници, дали се хомофоби итн.
Јас сум неутрална по ова прашање. Лично не ми сметаат педери, нивни живот со кој сакаат нека се ебат. Мене ми смета нивната нападност. Геј паради и такви глупости и секојдневната пропаганда. Мислам дека таквата пропаганда повеќе им штети отколку што им користи. И да не си хомофоб ќе станеш од што се досадни.
Мислам која е потребата од парадирање? Дали треба ние фанови на Iron Maiden од Македонија да се собереме и да парадираме затоа што сме фанови на Iron Maiden и да им наметнуваме на турбофолкашите да ги слушаат?
А инаку, деца немам сеуште, не би сакала моите деца да го имаат тој проблем, нормално, но ако би се случило сигурно не би се откажала од нив. Сепак се работи за сопствено дете. Ако не е добар за брак, можеби е добар за нешто друго (наука,музика,глума,кариера итн).
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Што правиш во кревет не е нивна работа!
Плус, зошто се замараш со тоа?
Опуштено бе дечко. Премногу си млад за таа „тежина“.
Толку ли е битно кого сакаш да сакаш?
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Знам дека во последно време отапеа со Геј темите но ова е подруга работа.Значи приказнава оди вака .На 12-11 години сватиф дека Памела Андерсон не ја свиѓам(секако шега е ,во превод геј сум) и ми беше тешко да се прифатам се до 16 години.Измеѓувремено мислев дека тоа е фаза ќе помине и ќе бидам "нормален",но ништо.Сега имам 18 години и да сум имал краткотрајни врски и со двата пола но од кој само со истиот пол(врската) ми се допадна,и не планирам пак да имам нешто со спротивниот пол(колку глупо тоа и да звучи).Се рачунам за нормална личност но дали и вие така ме гледате тоа е друго.Го почитувам другото мислење колку и да е непрофатливо за мене ,така да ве молам ако мислете дека сум болесник или незнам психички пореметен држете си го таковото мислење за себе .Барам да се поставите на мое место и да го видите светот од мој очи.Не сум згрешил никому ,не крадам,не силувам ,не малтретирам,не се мешам во нечиј животи,не сум верник но немам ништо протил религијта.Ете таков хомосексуалец сум станал ни крив ни дужен, осуден сум да живем во вакво предрасудно опшество.Верувајте далеку е ова од избор за сексуална орјентација,кој би скал да избере хомосексуалец ако знае дека ќе биде малтретиран од околината.
Малку избегав од темата но целта ми е дека барам најискрено од вас како би изреагирале ако вашете дете(син или ќерка) еден ден ви кажуваат дека ги привлекува истиот пол и препорака јас што да направам во мојот случај.
П.С гајле ми е граматика не сум за тоа дојден тука
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа
Млад си имаш време сеуште да се пронајдеш. (Y)
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Не кажувај. Мојот личен став и на другиве не треба да ти е битен ич. Тебе ти е битно да не завршиш повреден, ниту да ги повредиш твоите. Додека не си самостален и комплетно одговорен за себе во таква работа не ги мешај твоите - исто како што би било несоодветно да се вериш на твои години, ова во таа категорија спаѓа. Иако не е одлука да бидеш геј, одлука е да ги внесуваш другите луѓе околу тебе во таа динамика. Батали додека да си постар.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.019
Поени од реакции
1.278
Твојата сексуална ориентација е твоја работа и никој не треба да има увид во тоа. За кажување ќе кажеш кога ќе се осамостоиш. Ако кажеш сега животот ќе ти се распадне. Главата горе и уживај во светот, а за тие од кои треба да го прикриеш тоа само смисли добра лага и држи се до тоа.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Тешко на твоите родители, независно дали ти си им кажал или не. Таков ужас, не би му посакал на никој да е во нивна кожа.

Пошо твоите одгледале Алфа мажјак и се среќни со тоа така ?

Има луѓе кои што се срамат од тоа што синот им е геј, има луѓе што им е гајле, само он да е среќен.
Има луѓе што ќе го тепаат со стап дур не се преориентира итн. да не навлагам.

Зависи од родителите - ваљда си ги знаеш какви се и како би изреагирале.

Позз
 
Неможе да се преориентира. Може само да стане прикриен педер и да се ожени со жена, да склепа деца за да го сокрие педерлукот.
И ќе настане уште поголема калакурница кога сето тоа ќе излезе на видело.
Еден куп такви прикриени ги има.
Нема зошто родителите да објаснуваат на други луѓе дали е син им педер или не. И нема зошто луѓето да ги интересира дали комшијата е педер или не. Ама пустиот Македонски менталитет...
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И после овие што ти викаат тука не кажувај или у превод криј го тоа од твоите, после на друга тема ќе кажат „абе треба да си тоа што си, треба да бидеш оригинален“, ебате лицемерите ебате...
Не е дека треба да си залепиш ливче на чело „геј сум“ ама сигурно не треба да го криеш од твоите.
Ако се нормални родители треба да те прифатат таков каков што си. Бар ете ја коа сум размислувал како би реагирал ако би се нашол во таква ситуација, моето дете пак ќе си остане мое дете, независно од тоа дали е геј/стрејт/би.

Некој мој совет е пример пред да им кажеш да бидеш реален и искрен пред себе и да видиш дали стварно си геј или си геј за да бидеш различен во општеството, зошто ја знам за случаи што се геј само за да бидат различни.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Пробај со една финта од едно мое другарче кое сакаше да направи зафрканција али преку глава истата ќе му дојдеше :D

И вика на мајка му-Вака и вака жено, хомосексуалец сум, мажи сакам, не ме интересираат девојки и то.
Женава стаписана останува онака, и се рушил филмот за брак/семејство внучиња и слично.

Чека да помини една недела и точно по една недела и вика-Абе мамо се зафркавав, не сум хомосексуалец, зафрканција беше.

И женава му вика-Ако синко, немој сега да се срамиш, јас се помирив, те прифатив таков каков што си, не мора да ме лажиш сега, ок е...........

После месец дена не му веруваше, се преубедуваа, се дури не си фати женска.
Ако си решил да им кажеш кажи им и крај.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Неможе да се преориентира. Може само да стане прикриен педер и да се ожени со жена, да склепа деца за да го сокрие педерлукот.
И ќе настане уште поголема калакурница кога сето тоа ќе излезе на видело.
Еден куп такви прикриени ги има.
Нема зошто родителите да објаснуваат на други луѓе дали е син им педер или не. И нема зошто луѓето да ги интересира дали комшијата е педер или не. Ама пустиот Македонски менталитет...

Нема зашто де ....

Ама во Македонија живееш кај што 99% од луѓето се заостанати и живеат у 19ти век и поише им е страв што ќе речат комшиите него дали роденото дете им е среќно или не.

Затоа спомнав ....
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа
ППСС
попрво треба да се ставиме во кожата на твоите родители
а то е тешко пошто никој не знаеме какви се, можи ќе грабне чифтето и ќе речи “ЈА ТЕ РОДИВ, ЈА ЌЕ ТЕ УБИЈАМ“, можи ќе отвори старата ракија која ја чуваше за да прослави раѓање на внуче и ќе се напие со тебе прашвајќи те “Ако сине, само кажи ти ја играш улогата на маж или жена во таа трагедија?, да знам дал спална ил кола да ти купам за свадбата“
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Ве молам придржувајте се кон темата (види наслов), за дискусии околу хомосексуалноста има друга тема во подфорумов.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Јас мислам дека треба да пробаш да им објасниш.Ако си со некој од родителите поблизок пробај прво со едниот,или ако имаш нешто брат/сестра.Подобро на време да почнат да се справуваат со таа мисла затоа што кога тогаш треба да дознаат,мислам дека барем имаат право на тоа,сепак ти се родители.Ќе им треба време за тоа сум сигурна,но верувам дека работите ќе се средат.После и на тебе ќе ти биде многу полесно а тоа нека ви остане за прво време семејна тајна.Ако ти се решиш да бидеш тоа што сакаш да бидеш,ако тоа те прави среќен и пред се вистински човек,не се враќај назад пријателе,само напред и со среќа.
П.С Очекувам да пишеш што си направил доколку сакаш да го споделиш тоа.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
За секое нешто што ќе им го кажеш на родителите директно во лице, повеќе ќе те сфатат. Се зависи од родителите какви се нивните ставови во врска со сеаксуалната определба.

Сега сум во тие години каде више треба да почнем да создава семејство и сум размислував баш на оваа тема...
Никако нејќам да имам син геј, да хомофоб сум и неможе ништо да ме смени.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Нема зашто де ....

Ама во Македонија живееш кај што 99% од луѓето се заостанати и живеат у 19ти век и поише им е страв што ќе речат комшиите него дали роденото дете им е среќно или не.

Затоа спомнав ....
Ај бе преку куров со ова,Македонија живеш кај што сите се затуцани,сегде на друго место ружи цветаат никој со никого не се замара.У НАЈМАЛА рака,тоа е балкански менталитет,а не Македонски.Преку кур на секоја тема кењате "АМА АМА АМА ВО МАКЕДОНИЈА".
 
Сум живеела во уште две Балкански земји, и сум запознала секакви балкански народи за да ти потврдам дека да, тоа е македонски менталитет.
Во другите Балкански земји по градовите никој со никого не се замара, ниту го интересира. Само по селата бабите оговараат.
Додека во Велес на пример, неможеш да прднеш на раат оти ќе се слушне кај комшиите па ќе оговараат дека гласно прдиш во сопственото веце во сопствениот дом.
Така да, жал ми е.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Сум живеела во уште две Балкански земји, и сум запознала секакви балкански народи за да ти потврдам дека да, тоа е македонски менталитет.
Во другите Балкански земји по градовите никој со никого не се замара, ниту го интересира. Само по селата бабите оговараат.
Додека во Велес на пример, неможеш да прднеш на раат оти ќе се слушне кај комшиите па ќе оговараат дека гласно прдиш во сопственото веце во сопствениот дом.
Така да, жал ми е.
Колку време си живеела и каде ?
 
M

Moon Child

Гостин
Колку време си живеела и каде ?
Живеев 2 години во Црна Гора, во Бар, каде што доаѓаат луѓе од секаде, а најмногу од соседните земји, особено од бивша СФРЈ.
Никој за никого не го интересира, и никој со никого не се замара, секој си го гледа својот дом.
Можат луѓе да се шетаат со пола избричена глава а другата пола шарена ко папагал, никој не им придава значење. Никој не гледа кој како е облечен и дали е два пати облечен во исто. Никој не ти ги знае кавгите дома. Луѓето немаат време за бадијалчење, секој си го брка сопствениот живот и мака.
Во моето живеење во ЦГ јас не си ги знаев своите комшии, ниту они ме знаеја мене. Ниту ги интересираше кога се прибирам, кој ми иде дома, кога се будам, етц етц.
Можам да ти кажам дека и во БИХ е исто. Никого не го интересираат туѓите проблеми, животи, кавги...
Само во Македонија бабите испоседнати по прозорците снимаат 24/7.
Еве ти пример.
Последниов пат кога бев во Македонија, дојдов сред ноќ во 3 саатот. Пази, комшикава од 70 и кусур години, станала и видела дека ламбата надворешна кај нас е запалена. Во 3 саатот ноќе.
Еве ти уште еден пример од мојот комшилук таму.
Иде човек да ме измасира, затоа што имав проблеми со грбот. Завршува терапијава, излегуваме во дворот кафе да се напиеме, еве ти ја друга комшика на оградата, да види кој е мажов непознат во дворот.
Да, ти гарантирам дека тоа е својствено само за Македонија.
Сега овде со мојов живот ти го гарантирам тоа.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Има луѓе кои што се срамат од тоа што синот им е геј,
Тоа е реакција на околината во која живеат и нивните пријатели, роднини итн.

За другите немам коментар[DOUBLEPOST=1444763174][/DOUBLEPOST]
Живеев 2 години во Црна Гора, во Бар, каде што доаѓаат луѓе од секаде, а најмногу од соседните земји, особено од бивша СФРЈ.
Никој за никого не го интересира, и никој со никого не се замара, секој си го гледа својот дом.
Можат луѓе да се шетаат со пола избричена глава а другата пола шарена ко папагал, никој не им придава значење. Никој не гледа кој како е облечен и дали е два пати облечен во исто. Никој не ти ги знае кавгите дома. Луѓето немаат време за бадијалчење, секој си го брка сопствениот живот и мака.
Во моето живеење во ЦГ јас не си ги знаев своите комшии, ниту они ме знаеја мене. Ниту ги интересираше кога се прибирам, кој ми иде дома, кога се будам, етц етц.
Можам да ти кажам дека и во БИХ е исто. Никого не го интересираат туѓите проблеми, животи, кавги...
Само во Македонија бабите испоседнати по прозорците снимаат 24/7.
Еве ти пример.
Последниов пат кога бев во Македонија, дојдов сред ноќ во 3 саатот. Пази, комшикава од 70 и кусур години, станала и видела дека ламбата надворешна кај нас е запалена. Во 3 саатот ноќе.
Еве ти уште еден пример од мојот комшилук таму.
Иде човек да ме измасира, затоа што имав проблеми со грбот. Завршува терапијава, излегуваме во дворот кафе да се напиеме, еве ти ја друга комшика на оградата, да види кој е мажов непознат во дворот.
Да, ти гарантирам дека тоа е својствено само за Македонија.
Сега овде со мојов живот ти го гарантирам тоа.
OФ ТОПИК

Па гледај низ историјата, во турско, комитите и војводите најголем дел биле издавани од самите Македонци. Тоа е тоа македонско проклетство
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.823
Знам дека во последно време отапеа со Геј темите но ова е подруга работа.Значи приказнава оди вака .На 12-11 години сватиф дека Памела Андерсон не ја свиѓам(секако шега е ,во превод геј сум) и ми беше тешко да се прифатам се до 16 години.Измеѓувремено мислев дека тоа е фаза ќе помине и ќе бидам "нормален",но ништо.Сега имам 18 години и да сум имал краткотрајни врски и со двата пола но од кој само со истиот пол(врската) ми се допадна,и не планирам пак да имам нешто со спротивниот пол(колку глупо тоа и да звучи).Се рачунам за нормална личност но дали и вие така ме гледате тоа е друго.Го почитувам другото мислење колку и да е непрофатливо за мене ,така да ве молам ако мислете дека сум болесник или незнам психички пореметен држете си го таковото мислење за себе .Барам да се поставите на мое место и да го видите светот од мој очи.Не сум згрешил никому ,не крадам,не силувам ,не малтретирам,не се мешам во нечиј животи,не сум верник но немам ништо протил религијта.Ете таков хомосексуалец сум станал ни крив ни дужен, осуден сум да живем во вакво предрасудно опшество.Верувајте далеку е ова од избор за сексуална орјентација,кој би скал да избере хомосексуалец ако знае дека ќе биде малтретиран од околината.
Малку избегав од темата но целта ми е дека барам најискрено од вас како би изреагирале ако вашете дете(син или ќерка) еден ден ви кажуваат дека ги привлекува истиот пол и препорака јас што да направам во мојот случај.
П.С гајле ми е граматика не сум за тоа дојден тука
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа
Навистина не знам како да им кажеш на твоите, имаш голем проблем. Никогаш не би можел да се помирам дека моето дете е геј. Би се обвинувал себеси, дека нешто сум згрешил
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Ја не знам за ваште комшии, знам за една баба у мојто мало шо ме прашуваше зошто бил вклучен телевизорот вечерно време кај дедо ми (кој е вдовец) во куќата...

И реков дека ја чека нејзе.

Од тогаш ми нема прозборено...

Инаку да, македонскиот менталитет е дејство на години и години и години водење под мотото „да му умре козата на комшијата / не гледа у својо двор гледа у комшискио двор“, од времето на Александар па до ден денес...
Не само комити, туку после и партизани, и после и патриоти од комунистички гомна, па дури и колеги на факс кој шо рекол за професор па се пренесе тоа и цела генерација презапише предмет...

И народов ни е многу многу уназаден у сексуална едукација, имаме стереотипи страшни, и луѓе кои не се свесни за нешта шо ги имат праено како помлади као машки шо си ги имат дркано со другари еден на друг, женски шо се имат фаќано за цицки и на други места, да не зборам за лапање... коа у другите земји веќе е општо прифатено да се експериментира во млади години, овде се праи као да е најголемо зло ако син и на некоја бил педер, тугооо немој нејзинио син да го попедерчи пошо тоа е некоја заразна болест, а она коа била млада ја прекарал пола студентски дом...

И има разлика меѓу тоа некој да е хомосексуалец, и некој да е Г Е ЈЈЈЈЈЈЈЈЈ!!!

И мене лично понашањето на некои фаци кои сметаат дека тоа шо се хомосексуалци им е уникатноста и мора да го истакнат тоа пошо за нишо не ги бива, ми е одбивно и било кој колку и да е толерантен ќе го направат да чувствува омраза кон нив.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Треба да им каже на родителите и тоа одма .Зошто би криел и би се срамел од тоа што е и тоа што ќе биде ? Тогаш е човек што не се цени и нема карактер .Ако тоа навистина го сака нема за што да се срами и да крие .А ја моето дете кога би било такво најпрвин би отишол во јавен весник би се откажал од него и би му плаќал 100 еу кирија само да не го гледам со жената моја да седи со нас .Јас лично ќе му ја плаќам киријата .Или јас и жената би отишле под кирија само да не седам сам ( и по цена на тоа и да не живеам со жената моја ако она сака да живее со него јас би си отишол од дома ).И некој убивање луѓе со бомби го прави среќен па вие го викате терорист .За мене ни двете не се нормални работи .Јас прво лично не би се гордеел со тоа .За мене ако си другар ти прво среќен и сакаш да бидеш тоа треба да им го кажеш и да бидеш спремен на било какви последици од тоа како ќе те гледа општеството ,родителите ,другарите итн.Во животот сите одлуки имаат последици и најобичните дури .Тогаш ти не си горд и не си храбар ако неможеш да го направиш тоа .Занемари го моето мислење што ја би направил со моите деца ако биле такви .Моето мислење не е многу битно .Сакам да ти кажам да не се плашиш од луѓе како мене ,од мислењето на општеството итн.Луѓето ќе зборат и да си и да не си ГЕЈ ти ако живееш за нив никогаш нема да проживееш .Ќе бидеш робот.(и мислам дека нема потреба некој да ме цитира за моето мислење околу моите деца фала поздрав ).
 
Ми се свиѓа то шо викаш дека ќе се откажеш од детето твое ако е геј и исто така го охрабруваш да се истакне дека е геј.... Дали ти ќе му плаќаш кирија ако татко му е асален у мозоко ко тебе и да го исфрли од дома?

Ја би се плашел од луѓе како тебе, такви како тебе шо мислат дека се е црно и бело у живото и дека нема никаква нијанса и шо мислат дека они секогаш се во право.

И ако сакаш да знаеш постојат теории според кои се смета дека детето е хомосексуалец поради дисфукнционален однос со еден од родителите, и со ова само шо докажуваш како се однесуваш кон твоите деца и твојата жена...
Кажи ми дали уште ја шлакаш жена ти дома оти не го поставила ручекот на маса откако си дошол од работа?
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.223
Поени од реакции
22.401
Ке идеш кај твојте и ке им кажеш `` Денес јавно ви признавам дека сум геј и дека сакам мажи и не ме интересираат жени``.
Ако ти речат `` Супер сине, така треба да не се срамиш од тоа што си`` - Ок
Ако те акнат со сатар, сукало или кључ шеснаеска у чело - Господ да ги благослови
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Може само да стане прикриен педер и да се ожени со жена, да склепа деца за да го сокрие педерлукот.
И ќе настане уште поголема калакурница кога сето тоа ќе излезе на видело.
Еден куп такви прикриени ги има.
Поточно од ова - здравје!
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Навистина не знам како да им кажеш на твоите, имаш голем проблем. Никогаш не би можел да се помирам дека моето дете е геј. Би се обвинувал себеси, дека нешто сум згрешил
+1 одам и се откажувам одма преку службен весник без око да ми трепне, не ме интересира дека е мое и дека сум татко, плус од рок од полаа саат сите партали ке му ги иџиткам од дома и нека фаќа патот кај знае и умее и понатаму не ме интересира што ке прави и кај ке оди а на жената не би и се мешал дали ке се гледа со него или му дава подршка

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Хахаха а знаат твојте дома дека си пе... чекај малце o_O Барем таа финта не можат да ти ја направат веќе :icon_mrgr:

Шала настрана, јас лично кога би дошол во позиција на твоите родители искрено не знам како би постапил. Ипак би те сакал дека си ми син и моја крв и се, ама помислата на тоа што се правиш со друго машко човечко битие би ме натерала да повратам во уста секој пат кога ќе те видам.

Знам дека треба да осеќам емпатија, сочувство, да се најдам во твоја кожа и се ама не можам, појако е од мене едноставно и тоа е мое искрено мислење, ти се допаднало или не.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Биди горд на тоа што си, ако си се прифатил ти, тогаш супер, гајле ти е што мислат, зборуваат или како реагираат тие. Дали некој се замара како ќе го прифатиш ти ако сака да води љубов со жена, а тебе тоа не те исполнува? Биди здрав, жив и среќен, радувај се кога ќе бидеш прифатен, без очекувања да те прифатат. Многу од стоките кој велат ,,ќе го убијам ако е такво" се уште немаат деца за да знаат како би постапиле. И кога ќе ти биде најтешко мотивирај се преку убави мисли на големи и отворени умови, остај ги затапените македоншчини и хомо-фобици кој понекогаш тајно дркаат на машки. :)

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Хахаха а знаат твојте дома дека си пе... чекај малце o_O Барем таа финта не можат да ти ја направат веќе :icon_mrgr:

Шала настрана, јас лично кога би дошол во позиција на твоите родители искрено не знам како би постапил. Ипак би те сакал дека си ми син и моја крв и се, ама помислата на тоа што се правиш со друго машко човечко битие би ме натерала да повратам во уста секој пат кога ќе те видам.

Знам дека треба да осеќам емпатија, сочувство, да се најдам во твоја кожа и се ама не можам, појако е од мене едноставно и тоа е мое искрено мислење, ти се допаднало или не.
А зoштo уoпште јa кaкo рoдител би гo зaмислувaл свoетo дете кaкo имa секс ?
Тoa ти е истo кaкo ти дa си ги зaмислувaш твoите у сред aктoт...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.332
Поени од реакции
3.238
Знам дека во последно време отапеа со Геј темите но ова е подруга работа.Значи приказнава оди вака .На 12-11 години сватиф дека Памела Андерсон не ја свиѓам(секако шега е ,во превод геј сум) и ми беше тешко да се прифатам се до 16 години.Измеѓувремено мислев дека тоа е фаза ќе помине и ќе бидам "нормален",но ништо.Сега имам 18 години и да сум имал краткотрајни врски и со двата пола но од кој само со истиот пол(врската) ми се допадна,и не планирам пак да имам нешто со спротивниот пол(колку глупо тоа и да звучи).Се рачунам за нормална личност но дали и вие така ме гледате тоа е друго.Го почитувам другото мислење колку и да е непрофатливо за мене ,така да ве молам ако мислете дека сум болесник или незнам психички пореметен држете си го таковото мислење за себе .Барам да се поставите на мое место и да го видите светот од мој очи.Не сум згрешил никому ,не крадам,не силувам ,не малтретирам,не се мешам во нечиј животи,не сум верник но немам ништо протил религијта.Ете таков хомосексуалец сум станал ни крив ни дужен, осуден сум да живем во вакво предрасудно опшество.Верувајте далеку е ова од избор за сексуална орјентација,кој би скал да избере хомосексуалец ако знае дека ќе биде малтретиран од околината.
Малку избегав од темата но целта ми е дека барам најискрено од вас како би изреагирале ако вашете дете(син или ќерка) еден ден ви кажуваат дека ги привлекува истиот пол и препорака јас што да направам во мојот случај.
П.С гајле ми е граматика не сум за тоа дојден тука
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
A зашто да кажуваш на твоите? Најголемата грешка кај хомосексуалците е што сакаат сите да знаат за нивните сексуални склоности. Твоја работа си е. Никого не го интересира твојата сексуална определба, колку повеќе истакнуваш пред останатите за тоа колку си прауд геј толку поодбивен ќе си. Интима си е интима, чувај си ја за себе.
 
S

staycalm

Колку „прекрасен“ совет. А да му пишеше и да глуми дека е стрејт, тоа ти фали :rolleyes:
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
А зoштo уoпште јa кaкo рoдител би гo зaмислувaл свoетo дете кaкo имa секс ?
Тoa ти е истo кaкo ти дa си ги зaмислувaш твoите у сред aктoт...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Секако нема намерно да замислувам и да фантазирам за тоа, но мислата е побрза од светлината. Ајде кажи ми ти, која би ти била прватa помисла кога некој би ти изјавил дека е геј?

А во врска со примерот со родителите, во некој момент во животот сигурно таа помисла поминала низ умот на секој сексуално свесен човек. Немој да ми кажеш дека уште мислиш дека те донесол штркот.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Секако нема намерно да замислувам и да фантазирам за тоа, но мислата е побрза од светлината. Ајде кажи ми ти, која би ти била прватa помисла кога некој би ти изјавил дека е геј?

А во врска со примерот со родителите, во некој момент во животот сигурно таа помисла поминала низ умот на секој сексуално свесен човек. Немој да ми кажеш дека уште мислиш дека те донесол штркот.
Знaм луѓе кoи се геј и сигурнo кoa ги глеaм не ми иде вo глaвa сликaтa кaкo имaaт секс двaјцa мaжи. Еднoстaвнo не рaзмислувaм нa тoa и не ми е тoa aсoцијaцијa нa збoрoт геј.

А инaче знaм кaкo се прaвaт децa, не се секирaј зa тoa, aмa тoa не знaчи декa требa дa у глaвa дa си прaaм слики кaкo мoите имaaт секс.

Мaлце oф тoпик.
Ти дa не беше тoј шo пишувaше у темaтa "дaли сте ги фaтиле вaшите кaкo имaaт секс" декa си јa глеaл мaјкa ти кaкo и пoдрипнувaaт цицките кoгa скoкaлa врз тaткo ти ? :D
Oзбилнo имaше член штo гo пишa oвa пa ме интересирa ти дa не беше, дa не се рaзбереме нештo пoгрешнo :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
G

Gosh

Гостин
Знам дека во последно време отапеа со Геј темите но ова е подруга работа.Значи приказнава оди вака .На 12-11 години сватиф дека Памела Андерсон не ја свиѓам(секако шега е ,во превод геј сум) и ми беше тешко да се прифатам се до 16 години.Измеѓувремено мислев дека тоа е фаза ќе помине и ќе бидам "нормален",но ништо.Сега имам 18 години и да сум имал краткотрајни врски и со двата пола но од кој само со истиот пол(врската) ми се допадна,и не планирам пак да имам нешто со спротивниот пол(колку глупо тоа и да звучи).Се рачунам за нормална личност но дали и вие така ме гледате тоа е друго.Го почитувам другото мислење колку и да е непрофатливо за мене ,така да ве молам ако мислете дека сум болесник или незнам психички пореметен држете си го таковото мислење за себе .Барам да се поставите на мое место и да го видите светот од мој очи.Не сум згрешил никому ,не крадам,не силувам ,не малтретирам,не се мешам во нечиј животи,не сум верник но немам ништо протил религијта.Ете таков хомосексуалец сум станал ни крив ни дужен, осуден сум да живем во вакво предрасудно опшество.Верувајте далеку е ова од избор за сексуална орјентација,кој би скал да избере хомосексуалец ако знае дека ќе биде малтретиран од околината.
Малку избегав од темата но целта ми е дека барам најискрено од вас како би изреагирале ако вашете дете(син или ќерка) еден ден ви кажуваат дека ги привлекува истиот пол и препорака јас што да направам во мојот случај.
П.С гајле ми е граматика не сум за тоа дојден тука
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа

Како што гледаш, секакви неурачунливи дебили имаат деца, па затоа мој совет би ти било да си го тераш својот живот, но пред да им кажеш на твоите да си се осамостоиш, за да не доаѓаш во ситуација да те бркаат со секира или да те исфрлат на улица.
Сепак, повремено опипувај ја ситуацијата за да знаеш отприлика еден ден каква би им била реакцијата. Ако нешто приметат понатака, би те советувала да им признаеш во тој момент, но сепак и да пробаш да им ојасниш дека така се раѓа, не се станува - и дека сеуште си истиот ти карактерно.
Кога сме кај дебиливе, нека не те засега ова што ти го говорат. Така си ги лечат своите комплекси, па уште и по форуми, мисламмм...

И на крај, драги дебили, ако имате деца хомомосексуалци, сепак вие сте ги створиле од ваша ДНК, па можеби вие самите би требало да се избркате од дома или да се претепате и убиете.
И наместо да си лечите комплекси по форуми, проаѓајте повеќе време со вашите деца , и учете ги да не бидат крадци, силувачи, убијци ( ова малце тешко од ваша страна ), а за тоа кого сакаат да ебат ЛЕГАЛНО ич гз да не ве боли.
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Во право си, а и не можам да ти докажам дека не си, бидејќи не можам да знам што поминува низ твојата глава, само ти си го знаеш тоа. :)

Знaм луѓе кoи се геј и сигурнo кoa ги глеaм не ми иде вo глaвa сликaтa кaкo имaaт секс двaјцa мaжи. Еднoстaвнo не рaзмислувaм нa тoa и не ми е тoa aсoцијaцијa нa збoрoт геј.
А која е твојата асоцијација за зборот геј? Не знам, можеби јас не разбирам што значи тој збор.

За офтопикот: Извини, не сум бил јас тој. Напаѓај го аргументот наместо мене, да не се разбереме погрешно.:)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Кога би ми признал за тоа син ми ке го рачунам за болен на ист начин како кога би ми признал дека е педофил, зоофил, некрофил или што ја знам, така да неможам да направам разлика помеѓу овие категории на луѓе за мене тоа се болесници, без разлика кога би се наоѓал во ситуација син ми да ми е таков, пу пу недај боже...:semolam:
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Во право си, а и не можам да ти докажам дека не си, бидејќи не можам да знам што поминува низ твојата глава, само ти си го знаеш тоа. :)

А која е твојата асоцијација за зборот геј? Не знам, можеби јас не разбирам што значи тој збор.

За офтопикот: Извини, не сум бил јас тој. Напаѓај го аргументот наместо мене, да не се разбереме погрешно.:)
Првo пoгрешнo си ме сфaтил. Бaш нејќaв тaкa дa сфaтиш декa тебе те нaпaѓaм зaтoa и oбјaснувaв декa сaмo ме интересирaше, aмa не е битнo.

Јa неaм некoјa пoсебнa aсoцијaцијa зa геј луѓетo зoштo зa мене не се ништo пoрaзлични oд некoј стрејт. Еднoстaвнo тoa сo кoј имa секс не ми е битнo и не гo зaмислувaм.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
Нема што да им кажуваш, уживај, никој не мора да знае, може ке ти се смени ставот, коа ке видеш како си ограничени тие луге, тешко е.
Учи
Размисли добро. Не е лесно.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
Живеев 2 години во Црна Гора, во Бар, каде што доаѓаат луѓе од секаде, а најмногу од соседните земји, особено од бивша СФРЈ.
Никој за никого не го интересира, и никој со никого не се замара, секој си го гледа својот дом.
Можат луѓе да се шетаат со пола избричена глава а другата пола шарена ко папагал, никој не им придава значење. Никој не гледа кој како е облечен и дали е два пати облечен во исто. Никој не ти ги знае кавгите дома. Луѓето немаат време за бадијалчење, секој си го брка сопствениот живот и мака.
Во моето живеење во ЦГ јас не си ги знаев своите комшии, ниту они ме знаеја мене. Ниту ги интересираше кога се прибирам, кој ми иде дома, кога се будам, етц етц.
Можам да ти кажам дека и во БИХ е исто. Никого не го интересираат туѓите проблеми, животи, кавги...
Само во Македонија бабите испоседнати по прозорците снимаат 24/7.
Еве ти пример.
Последниов пат кога бев во Македонија, дојдов сред ноќ во 3 саатот. Пази, комшикава од 70 и кусур години, станала и видела дека ламбата надворешна кај нас е запалена. Во 3 саатот ноќе.
Еве ти уште еден пример од мојот комшилук таму.
Иде човек да ме измасира, затоа што имав проблеми со грбот. Завршува терапијава, излегуваме во дворот кафе да се напиеме, еве ти ја друга комшика на оградата, да види кој е мажов непознат во дворот.
Да, ти гарантирам дека тоа е својствено само за Македонија.
Сега овде со мојов живот ти го гарантирам тоа.
ОК, и кога масажорот додека те е измасирал е направил копие на клучевите за вратата и на другиот ден улази у вас во точното време, во кое е разбрал дека нема да си у вас - што се виделе бабите тогаш може и да ти е од корист, нели ?
Поентата е дека ни едното е само по себе лошо/добро, ни другото е обратното по дефолт, бидејки зависи од одредениве отношенија помегју одредениве лјуге.
Инаку може би имаш в предвид, дека тоа тѝ направило поголем впечаток во Македонија, но со сигурност го има во истите мери најмалку насекаде по овие "географски ширини" и тоа не е нужно да биде сфатено секогаш за лошо.
 
Последно уредено:
Член од
12 октомври 2015
Мислења
6
Поени од реакции
11
Oкккејј фaлa ви нa сите и нa вaшите мислењa и пoзитивни и негaтивни.Ќе гледaм дa ги земaм вo предвид без рaзликa.Другo нештo штo би сaкaл дa ве зaмoлaм дa збoрите зa мaкедoнијa знaм декa вo стрaнствo не е истo.И секaкo искaжете гo свoетo мислење без дирекнo или индирекнo дa ме нaпaѓaте мене или билo кoј друг. :D
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Ако веќе себе си се уништил не му го уништувај животот на твоите блиски. Ништо не добиваш со тоа откривање. Почекај млад си, хормоните ти работат и леташ со умот. Слабостите токму се победуваат со непризнавање. Ти си ја отерал многу, ама тука застани и врати назад што може да се врати. Штом јавно се искажеш твојата неприродна склоност ќе биде зацврстена во твоето себечувство. Ако го оставиш тоа внатре, можеби по некој месец или година ќе се променат твоите чувства соодветно на природата на она што си.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Мал rant прво за сите кењатори, паметњаковичи и тие во заблуда кај темава, знаете добро кои сте, ќе се пронајдете.

Ако не можете да прифатите дека детето може да ви испадне поинаку од она што сте очекувале, ич не сте требале да правите деца. Ова е и најдобронамерен совет до сите тие што планираат да бидат идни родители а го имаат истиот став. Едноставно не правете деца. Решен проблем. Бидејќи ја имате утнато дефиницијата и суштината на родителството.

За разлика од популарната филозофија која се негува на овие простори, од страна на конзервативно (повеќе закоравено) и традиционално (читај стагнационо) ориентирани семејства, носиш на свет единка која се однесува индивидуално. Мотото - "јас те донесов на свет, јас и ќе те отстранам" е една од најумоболните ментални склопови што постојат денес. Општо гледано. Рамо до рамо со психопатизам. Таму лежи умоболноста, не кај некој што е геј.

Постапката - јавно откажување во весник и бркање од одма не е многу подобра. Прашање е и колку е похумана. Поголемо прашање е како некој таков може да се нарече родител, и да се смета за таков секое сабајле кога се буди. Остај што многу луѓе што ги знаете или сте блиски ќе треба да им се објаснувате зошто детето/едно од децата не е веќе со вас заедно, па ќе треба да им ја кажете "срамотната" вистина (која повеќе е срам за вас во однос на постапката) или да измислувате филувани лаги, кои може лесно да се сништат со тоа што ќе го контактираат син ви.

Децата, колку и да мислите поинаку, не се ваша лична инвестиција, како приватен бизнис, па ако не оди нешто како што треба, тури му пепел. Има многу работи кои можат да бидат гледани од ваша страна како да се тргнати наопаку. Хомосексуалноста е само една од десетици илјади потенцијални "проблеми" едно семејство денес се соочува. За сите нив резортот ќе ви е - Ќе го откажам, избркам, тепам, убијам?

Хомосексуалноста е само една карактеристика плус кој некој ја има заедно со катањон други. Не мора со сила по секоја цена да мора да го прифатите таков каков што е, но тоа што не го прифаќате е само една работа, и не е во никој случај вредна за такви подвизи. Има поглавја други карактеристики и доблести кои вашето дете може да ги покаже, и можете да останете горди родители на нив и сепак да бидете семејство.

Ова особено го мислам за идните татковци. Пошто повеќе или помалку дури и женската кењаторска популација овде ќе омекне за истово прашање кога ќе има деца, особено ако ваква ситуација им се случи и ним. Што ќе правите? Развод? Ќе ја избркате и жена ви? Што ако имате повеќе деца и тие застанат на страната на жена ви, брат/сестра им што е геј? И нив као партали ќе ги исфрлите надвор? Ако тоа ви е резонирањето, заслужувате стерилизација, ништо помалце. Не се за вас ни брак, ни деца, ни семејство, ништо.

И советиве ќути си и работи што работиш скришум, ала, води двоен живот - тие што ги дадовте во газ да си ги напикате. Од тие двојни животи страдаат и ЛГБТИ популацијата, а страдаат и голем број стрејт мажи и жени кои немаат поим дека се инволвирани со некој кој е геј/лезбејка. Нормално дека не мора да рекламира на чело дали е геј или не, ама нема зошто да се преправа пред друштвото и да одржува илузии или избегава одредени прашања, особено па дома, каде тие традиционално врнат ко дожд и дршат притисок се повеќе и повеќе, колку повозрасна станува индивидуата. Детево можеби прашува и отвори тема затоа што можно е тие незгодни теми веќе почнале да му се поставуваат, и/или неговите го испитуваат за брачни води.

За тие во заблуда - дека ако детево ви излезе со геј бомба, дека нешто не е во ред со вас или брачниот партнер - тоа можете само да си го припишете на неедуцираност. Не само формално образование, него и општо. Акутна неинформираност. Ништо не е со вашите јајце-клетки/сперматозоиди, ништо не е со постапките и околностите на бременоста, ништо не е со вашите гени. Gay just happens. Рандомно. Ако не беше рандом ќе варираше строго бројката на хомосексуалност глобално. Процентот од населението е отприлика ист.

И доста со тоа млад си - не брзај со себе-прифаќање. Човекот кажа дека не сака за тоа да дискутира, дека друго му е прашањето. Плус кажа дека од 11 години знае за себе а сега има 18. 7 години не е малку за "фаза" да пројде. До кога да се преиспитува? Кога ќе фати 25? 30? 40 години можеби? Прост народ навистина.

Мој совет до вас е - Информирајте се повеќе за вакви работи, стапете во контакт со родители кои имаат ЛГБТИ дете и како рационално они се справиле со ситуацијата. Има линк подоле. Ова е добар чекор без разлика дали вашето дете ќе испадне дека е геј или не. Подобро пред време да бидете информирани и изложени на туѓи искуства за истата проблематика, отколку кога веќе ќе се случи ситуацијата. Тогаш нема да ви биде приоритетна мисла - дај да видам други родители како прошле со оваа ситуација. Тогаш работат емоции највеќе.

И имањето пријател хомосексуалец (или повеќе), може чуда да направи со вашите ставови, особено после реализацијата дека не се работи за бабарога или нешто страшно ко што гледате на ТВ. Од лично искуство зборам, луѓе кои претходно имале само идеја за истото, откако запознале некој таков и поминале во пријателство работите стануваат помалку страшни, дури и да дојде со таква ситуација. Работата тука е, за повеќето од вас, хомосексуалците се како еднорози, гледаш слики и појави виртуелно за кои се тврди дека се тоа што се, слушаш други луѓе како виделе еднорог некогаш и некаде, кога патувале во странство, ама самите немате искуство. Коренот на проблемот е што повеќето не ни сакате некој кој е геј во ваша близина. Удобно во е во хејтерската постела, и да се храните со митови, легенди, да ширите неинформирани ставови и спроведувате непродуктивни постапки.

Oкккејј фaлa ви нa сите и нa вaшите мислењa и пoзитивни и негaтивни.Ќе гледaм дa ги земaм вo предвид без рaзликa.Другo нештo штo би сaкaл дa ве зaмoлaм дa збoрите зa мaкедoнијa знaм декa вo стрaнствo не е истo.И секaкo искaжете гo свoетo мислење без дирекнo или индирекнo дa ме нaпaѓaте мене или билo кoј друг. :D
Поздрав.

Ја следам темава откако ја отвори, али не пишав ништо затоа што сакав да видам реакции прво на другиве луѓе. Хетеро-перспективата е битна, не пресудна, но битна, за ваков чекор, бидејќи повеќето луѓе тргаат од себе, особено ако се, или планираат да бидат родители. Битна за земање в предвид. Дава некој просек за тоа како некој како родител би реагирал. Иако и тука имаше недолични и прости коментари, во глобала ова пројде многу подобро отколку што очекував, а и самата анкета говори сама за себе исто така.

Прочита разни постови. Некои одлични, некои недолични, повеќето океј. Мислам покрај се друго на ред е да чуеш и од мене. Малку постар сум од тебе, но имам минато низ повеќе, и како хомосексуалец кој поминал низ ситуацијата која ја постави тука хипотетички, мислам дека и моево мислење е битно колку-толку. Ако си сигурен во тоа што си, никој не може, нити смее, ни да ти сугерира, не па да те тера да се смениш. Тоа ако треба да биде, ќе се случи. Али сегашноста е таа која ја имаш. А звучиш сигурен за себе си.

И со тоа, да ти кажам дека и онака животот на еден хомосексуалец не е лесен, дури и прикриен, отворено геј пред семејство и пријатели може да биде потежок. Зависи и со какви луѓе си опркужен. Во друштвото геј бомбата знае да биде анти-паразитски ефективна. Тие што ти се вистински пријатели, ќе останат пријатели. Ништо нема да се смени. Тие што не ти биле вистински пријатели, тек тогаш ќе си го покажат своето вистински лице. Сиот прљав веш што го собирале и чувале во себе толку долго време сега ќе рикне ко вулкан пошто ќе има плодна почва за тоа. Изговорот нели, дека не си "нормален", па можат поопуштени да бидат во тој поглед. За тебе би било само good riddance.

А луѓе секогаш има за нови пријатели. Како отворено геј со некој со кој што се запознаваш ќе остане само познаник ако е против, а ќе стане пријател ако е толерантен. Своевиден филтер е. Али некогаш тоа доаѓа со цена. Некој ќе изреагира лошо дека си геј, и нормално, педерски (pun intended :D) позади грб ќе шири дезинформации за тебе. Осуда општо од околината јас лично не сум осетил, нити нешто полошо. Али има случаеви каде некои од нас биле физички малтретирани и напаѓани. Јас само за себе можам да зборам.

Али со друштвото не живееш заедно, нити зависиш од нив, плус истото може да се менува во својот состав постојано, ако не ти одговара. Семејството е сосема друга проблематика. Особено ако живеете заедно и зависиш од нив. Јас планирав на моите да им кажам подоцна, барем така беше намерата, но околносите станаа такви да порано се случи споделувањето. Отпрвин беше бурно и драматично, ала шпанска серија :D, но полека се стабилизираа работите. Мајка ми прифати најпрво, на крај се приклучи и татко ми. Може помогна тоа што мајка ми е социолог, плус уште во нејзино факултетско време познавала еден-двајца кои колку-толку играле улога во градење на став преку впечатоци, па и полесно го има искомуницирано истото на татко ми. Особено после ревелацијата зема да чита разни колумни, журнали и трудови од таа област, особено од поглед на социологијата, што уште повеќе ги омекна ставовите.

Со оглед на тоа што доаѓам од ВМРОвско семејство, работите лесно можеа да бидат полоши :D. Така да моево повеќе земи го како исклучок, отколку правило. Во твојата ситуација работите можат да одат и подобро, а може и полошо. Се зависи од менталниот склоп на твоите родители и како стојат со ставови по ова прашање. Помина година ипол како со татко ми ко странци бевме дома и не зборевме ништо, како другиот да не постои. Fast forward неколку години подоцна, едино не правиме муабет на таа тема или приватен живот, али за се друго збориме и се зезаме, стандард со него пратам спорт, со него идам и да купувам што и да е, со него се карам за политикаи бистрам филозофија (пошто со мајка ми имаме доста заеднички ставови, со него ми е поинтересно да се натегам :D). Значи динамиката каква била порано, е вратена. Потребно е време, навикнување, спознавање со одредени факти и информации.

Бидејќи си млад, тек ќе искусуваш факултетски живот, мој совет би бил малце да почекаш. Заврши факултет, снабди се со работа, осамостои се станбено, па после откриј ако сметаш дека мораш или сакаш. Чисто за сигурност, зошто постои тоа сценарио каде нема да ти ги плаќаат веќе студиите, или бркање од дома и сл. Дури би предложил и откривањето да не биде лице в лице, туку преку пишан пат, или видео снимка каде им објаснуваш што и како (бидејќи може да се реагира бурно, или да те прекинат во искажувањето), вака дури и да има реакции, после истите, пишаното ќе продолжи да се чита, а видео снимката може да се пушти повторно да тече, нема простор да бидеш прекинуван. После тоа, зависност од типот на реакцијата, ако сакаат твоите да зборите лице в лице, најдете се негде на јавно место и разговарајте поопширно. Тогаш има повеќе шанси да бидеш сослушан без прекини и убацувања.

Ако имаш брат или сестра со кои стоиш многу добро, можеш прво со нив да споделиш пред да се одлучиш за родителите, па да одлучите заедно дали и/или кога да им кажете на твоите дека си геј. Познавам повеќе луѓе кои и така станале потолерантни. Имаат брат или сестра кои излегле дека се геј. Познавам еден дечко кој имаше интересен coming out случај. Го собрал семејството, им кажал што и како, и родителиве збеснале, го тераат да се исели. Постариов брат негов, се убацува со ултиматум, ако го бркаат брат му, дека и него ќе треба да го избркаат. Улави родители, пошто решил да го прифати брат му како хомосексуалец, и он е избркан од дома. Седеле некое време кај пријатели на брат му, а братов некој гение програмер, собрал доста пари од некои програми што ги продавал кај реномирани фирми, нашол стан, го зел него, и сега живеат заедно. Брат му е сега верен со една и е уште подобар програмер, а он при крај е со студии на медецина и планира да биде доктор. Некогаш цело семејство може да застене против тебе, но има случаи каде доволно е еден да те прифати, и некако коцките сами се местат.

Ако случајно дознаат твоите на некој начин порано, и не дај боже требаш да бидеш избркан од дома - контактирај го LGBTI центарот кај нас, ќе ти се најде на пат. Имаат и правна помош, медицинска, а мислам дека и се уште држат прифатилишта за привремено бездомни ЛГБТИ лица (освен ако психопатите вандали пак го немаат урнисано прифатилиштето). Ќе ти помогне дур не најдеш некоја привремена работа и сл. да можеш да застанеш на свои нозе.

Што и да си решил, со среќа!

http://www.lgbti.mk/

Тел: +389 (0)2 3256 174, • E-mail: info@lgbti.mk
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Виј дента ко ќе му кажвиш, мојт некој од родителите да се подизервират малце и да те сакатит од мање, зеј го во предвит и то. (Само вељам, мојт и да не те сакает од кј знајш)
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.382
Поени од реакции
7.305
Твојот сексуален живот е твоја приватност и не гледам зошто ти би признал на некого .
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Колку „прекрасен“ совет. А да му пишеше и да глуми дека е стрејт, тоа ти фали :rolleyes:
Не треба ништо да глуми кога ќе научите да си гледате своја работа и да не се правдате никому за интимата можда ќе појде работава од место воопшто у опшествово. Што ако му се родители треба да им се правда? Која е поентата? Демек ако му речат "кога женење" треба незгодно да му биде или што ти е муабетов? Ја не сум лезбијка ама не дозволувам некој да ми се меша кога да се мажам ако сакам ич нема да се мажам и немаш ни право зашто да ме прашаш ако ме почитуваш нема уопште да ми се мешаш у интима, моја одлука си е ако не ја прифаќаш значи не ме почитуваш ако не ме почитуваш ич не ми требаш у животот нека биде и мајка и татко и кој сака нека биде.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Вашите родители не се истите родители како и на сите други. Тоа што вас ви даваат право да ги отерате у пичку матер ако ве буцкаат у интима, не значи дека истото пали и кај други. Аман, како на деца да објаснувам...

Гледањето своја работа не треба да е позади 4 ѕида. Се додека другите истата ја тераат и надвор.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Вашите родители не се истите родители како и на сите други. Тоа што вас ви даваат право да ги отерате у пичку матер ако ве буцкаат у интима, не значи дека истото пали и кај други. Аман, како на деца да објаснувам...

Гледањето своја работа не треба да е позади 4 ѕида. Се додека другите истата ја тераат и надвор.
Се зависи од тоа како ќе си ги истренираш :D
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Баш убаво син ми да си најде зет и да се земат и да посвојат 3 црнчиња. Ееееее Далеку е Холандија. Шала на страна сепак подобра опција е холандската отколку да го носиш во Трескавец да му истеруваат духови, џаволи и демони.
 
S

staycalm

Гостин
Не треба ништо да глуми кога ќе научите да си гледате своја работа и да не се правдате никому за интимата можда ќе појде работава од место воопшто у опшествово. Што ако му се родители треба да им се правда? Која е поентата? Демек ако му речат "кога женење" треба незгодно да му биде или што ти е муабетов? Ја не сум лезбијка ама не дозволувам некој да ми се меша кога да се мажам ако сакам ич нема да се мажам и немаш ни право зашто да ме прашаш ако ме почитуваш нема уопште да ми се мешаш у интима, моја одлука си е ако не ја прифаќаш значи не ме почитуваш ако не ме почитуваш ич не ми требаш у животот нека биде и мајка и татко и кој сака нека биде.
:cautious: Некој да соопшти дека е геј на луѓето што му се блиски не е никакво правдање. Не ни мора тоа да му се неговите родители. Не знам уопште од кај тоа дека е правдање.
 
M

Moon Child

Гостин
Доста му зборувате на детето да се освести. Нема што да се освестува, може само да се збуни уште повеќе, и освен својот живот да унесреќи уште еден куп други животи.
Дете, назад нема, верувам дека си сигурен, да не си не би ја отворил темава. Мислам, тоа е нешто што се чувствува и не постои начин да се избегне. Неможеш од педер наеднаш да станеш стрејт и да сакаш жени. Во истиот момент кога си почнал да се замислуваш со мажи и да фантазираш за нив, требало да ти биде јасно.

Јас мислам дека најдобро би било да се помириш со таквата ситуација, за сега немој да кажуваш никому ништо.
И верувам дека нема од што да се срамиш.
Како може да зборувате како родител дека би си го замислувале сопственото дете во сексуален акт!? Какви глупости. Каква перверзија!
И вие најдовте да судите нешто.
Јас дојдов до заклучок дека половината овде немаат ПОИМ што значи да се биде родител.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
Како да кажеш? Шо ке кажеш? Не е ова Америка, немаш услови да се осамостоиш, а тие што ти викат кажи, ако твоите немаат разбирање., ке ти помогне некој од тука? Ке почнеш нормален живот? Тешко

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.642
Поени од реакции
13.092
Ви се намочам во вашите морални вредности каде педофилијата има огромен замав, додека хомосексуалноста е ставена на ниво на палење вештици во среден век.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
Овде треба да бидеш мафијаш, криминалец, дилер, олош, кодош... За да те сакат лугето, а ти шо напрај?

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
44
Поени од реакции
78
Ајде полека малку, давајте мислења со резерва овде, сепак не знаете како ќе ги толкува тој што ја почнал темата, верувам дека не сакате да загрозите нечиј живот не дај боже, кој и онака е веќе несигурен штом решил на ваков начин да се информира. И јас сум голем противник на такви да речам неадекватни избори, но човек си е човек, си има право на свој живот и тоа е тоа.
Пријателе, еве лично јас не те поддржувам , ама ич да не ти е гајле што мислам јас или некој друг овде, одјеби го интернетот и седни размисли си со своја глава што би било кога би било. Иако си педер, верувам дека сакаш да си го задржиш достоинството и да размислуваш самостојно, затоа не се експонирај на вакви начини, ништо позитивно нема да добиеш, дури и позитивните коментари и комплимени би ти се згорчиле.
А останатите, ве молам човечки не го пропагирајте ова како да е нормално нешто, не било нормално до вчера, зошто би било денес нели? Ви ги ценам изборите на сите, но задржете си ги сопствените убедувања за себе, бидејќи на никој друг не му се потребни и корисни. Не е во ред до вчера да се криеш, денес да признаеш, а утре да пропагираш навидум "нормална" работа за која до вчера си се криел, делува крајно несериозно и непромислено, па на тој начин се доведува во негативен контекст терминот геј, веднаш алудира на тоа дека на таа личност нешто и недостига во главата. Има нешто штом таа тематика е одбиена од многу општества, не е само Македонија во прашање овде.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
me as a parent

Тато, јас сум геј.

Ахам. Добро, сине.
Јас сакам да ѝ ги штипкам папуљанките на мајка ти дур сум во неа со вибрирачки кокринг се додека не ми сквиртне на јајца.

Тато одвратен си!

ТИ ПРВ ПОЧНА!!!
 
Член од
12 октомври 2015
Мислења
6
Поени од реакции
11
Dobro znaci dobro pocnavte so karanici gluposti ne mi treba sega da citam so e pravo so e gresno dali ke odam vo pekolot ili deka crno mi se pisuva.Samo vaseto mislenje mi bese vazno i da vidam kakov e makedonski pogled kon ovaa tema.Ali ocigledno skoro site se obiduvate da dokazete t.e da go smenite mislenjeto na drugiot.Toj sam moze da sigo smeni mislenjeto nema sega jas ne nekogo da dokazuvam seka ne sum bolen ,deka ziveam najnormalen zivot ,so drustvo ,semejstvo i to.Pocit baram ...e toa go nema ni kaj heteroseksualcite ni kaj homoseksualvite.Ti mrazi go nekoj no taa omraza VO SEBE.I mene me nervira toa so me smetaat za bolen (iako ne barav za so me smetate) pa dobro majakata svakam ne e sekojdnevno da se so gej luge okolu niv pa da svatat deka ziveeme vo ista propadnata zemja, so isti nameri za podobar zivot no SAMO so razlicna seksualna opredelba.Ako ne go svatat toa tie samite nema ti u glava so sila.

Pozdrav :D

p.s aj neka vi bide ko sok bomba faktot deka nemam seksualno iskustvo a ne se ni brzam .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom