Како да го инсталирате Windows Phone GDR3 пред останатите?

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.705
Поени од реакции
32.869
Знаеме дека неодамна Microsoft ја најави најновата надградба за Windows Phone, наречена GDR3 (или General Distribution Release 3) - или пак по нашки: "Третата надградба за Windows Phone" :)

Кои се новостите кои ги носи оваа надградба?
Во кратки црти и непреведено, ова:
  • Support for 1080p display for new devices like the Lumia 1520
  • Support for new processors including Qualcomm’s Snapdragon MSM8974 quad-core CPU
  • Close apps by tapping on the X on top right in multitasking view. The icon of the app appears below.
  • Custom tones for text or IM, voicemail, email and reminders
  • Better storage management: New storage settings make it easier to free up space on your phone and manage temporary files. A new category view shows what's taking up space at a glance.
  • Screen Rotation lock: When auto-rotate screen is off, your screen will stay in the current orientation when you rotate your phone.
  • Driving Mode: Turns of all notifications except texts and phone calls when you're driving. You can also turn calls and texts off completely or set Driving Mode to text and automatic reply like "Hey, I am driving right now. I'll reply you later." Driving Mode can start automatically when your phone connects to a Bluetooth device.
  • Connect to Wi-Fi in OOBE when switching on your new phone for the first time or after you your reset your phone, so you can restore your data even before connecting to a cellular network.
Дали вреди да се изврши надградбата? И да и не. Ако имате недоверба кон новите надградби и се плашите да не си ја уништите гаранцијата, тогаш немој да ја извршите надградбата. Ако сте тазе Windows Phone корисник кој неодамна мигрирал од Android и ви недостигаат функциите од типот на "Auto-rotate off" (како мене) и не сакате да чекате додека не излезе официјалната верзија - тогаш апдејтирајте преку следниве едноставни чекори за инсталација.


УПАТСТВО ЗА ИНСТАЛАЦИЈА:

- Креирајте акаунт на Windows Phone App Studio (со истата Microsoft сметка која ја користите на вашиот телефон). Ова е бесплатна он-лајн алатка за креирање сопствени Windows Phone апликации, која е едноставна за користење, но не овозможува премногу напредни функции. Уште поважно, со регистрирањето на ова студио за креирање апликации добивате можност секогаш први да ги инсталирате новите верзии на Windows Phone за тестирање :)

- По регистрирањето, добивате мејл со безбедносен сертификат кој треба да го инсталирате на телефонот. Отворете го мејлот од телефонот, преземете го сертификатот и инсталирајте го;

- На вашиот телефон инсталирајте ја Preview for Developers апликацијата преку Windows Store, или пак преку кликнување на следниов линк. Стартувајте ја апликацијата и следете ги инструкциите за вклучување на опцијата за Developer Preview на вашиот телефон;

- Одете во Settings > Phone update и проверете дали има нови надградби. По кратко време, вашиот телефон ќе ги преземе фајловите потребни за инсталација на GDR3. Телефонот ќе се рестартира, ќе почнат да се вртат некои запчаници, ќе се рестрартира пак, па ќе започне миграцијата на податоци (која трае во зависност од големината на податоци кои ги имате на телефонот) и наскоро ќе ја добиете најновата верзија на Windows Phone 8 со GDR3! :)

Нормално, сето ова го правите на сопствена одговорност.


Па, го инсталиравте ли? Како помина?

Кај мене заврши за некои 10-тина минути, се' уште го чепкам, па ќе споделам впечатоци подоцна... :)
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.705
Поени од реакции
32.869
Kakov windows phone. Kupi si android i furaj bez problemi :)
Еј фала друже, не знаев дека може да си купам Android. Што е тоа Android уствари? Јас не знам, никогаш не сум имал Android телефон. Дај не се истакнувај со глупости. Ниту темава, ниту подфорумов се за да си ги мериме помеѓу Android, iOS и Windows Phone, туку се наменети исклучиво за корисниците на овие телефони и Windows Phone оперативниот систем. Ама фала што не посоветува во секој случај, како да си „фураме без проблеми“ :pos:

Ајде сега надвор од темата, се читаме на некое друго место.

Останатите, игнор на вакви пациенти и назад на дискусијата :)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.902
Поени од реакции
10.907
Останатите, игнор на вакви пациенти и назад на дискусијата :)

И како помина?
Мене ми е шубе да го стартувам процесот за да не ги изгубам податоците и фајловите што до сега ги имам.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.705
Поени од реакции
32.869
И како помина?
Мене ми е шубе да го стартувам процесот за да не ги изгубам податоците и фајловите што до сега ги имам.
Глатко, за 10-тина минути по преземањето заврши се... Не гледам никакви проблеми за сега.
Битно ми беше да добијам auto-rotate lock и да си ги гасам апликациите од мултитаскинг чаршавот, највеќе ради тоа го инсталирав :)

Не би требало да имаш фрка, ко што читав, не најдов некој да се жали на било какви проблеми...
@Acid што телефонче зема?
Lumia 920 :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.555
Поени од реакции
1.495
Се мислам дали да го направам ова искрено.
Нели апдејтов треба да дојде кај сите WP телефони?
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.705
Поени од реакции
32.869
Се мислам дали да го направам ова искрено.
Нели апдејтов треба да дојде кај сите WP телефони?
Ако се мислиш, подобро не го прави... :)
Што телефон имаш?
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.555
Поени од реакции
1.495
Ако се мислиш, подобро не го прави... :)
Што телефон имаш?
HTC 8S
За месец дена нов ќе земам, и пак си мислам со windows да останам. Само сега од нокиите некоја да падне.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.705
Поени од реакции
32.869
HTC 8S
За месец дена нов ќе земам, и пак си мислам со windows да останам. Само сега од нокиите некоја да падне.
За 8X веќе почнаа и официјално со апдејтот (во Германија барем) кој што читав... А 8S не сум ни сигурен дали ќе го добие. Ако знаат @Џои и @ErT подоро нека кажат. Така да, можеби е подобро е да не правиш за сега :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.555
Поени од реакции
1.495
За 8X веќе почнаа и официјално со апдејтот (во Германија барем) кој што читав... А 8S не сум ни сигурен дали ќе го добие. Ако знаат @Џои и @ErT подоро нека кажат. Така да, можеби е подобро е да не правиш за сега :)
8s го тргнаа од се.
Рака на срце јас и го зедов како пробен модел дека и поефтин беше.
Али и покрај тоа перформансите се одлични за телефон таква класа. Се е до оперативниот систем.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.075
Апдејтот е одличен. Нема да изгубиш ништо при апдејтирање. Само запази колку батерија имаш на телефонот. Иначе овој е финален апдејт, не e бета, оваа е финалната верзија што ја добија операторите и сега се чека на нив да ги пуштат апдејтите. Ако не ти се чека слободно апдејтирај, нема никаква опасност.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
6.956
Поени од реакции
1.803
Апдејтот е одличен. Нема да изгубиш ништо при апдејтирање. Само запази колку батерија имаш на телефонот. Иначе овој е финален апдејт, не e бета, оваа е финалната верзија што ја добија операторите и сега се чека на нив да ги пуштат апдејтите. Ако не ти се чека слободно апдејтирај, нема никаква опасност.
Викаш ќе се добие нешто плус кај хтц 8есот? И дали воопшто може да се стави
Апликациите да одат на мемориска сигурно не го решиле
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.206
Поени од реакции
265
8s го тргнаа од се.
Рака на срце јас и го зедов како пробен модел дека и поефтин беше.
Али и покрај тоа перформансите се одлични за телефон таква класа. Се е до оперативниот систем.

Ќе го добие и 8S. HTC 8X веќе го доби и кај нас. Иначе, со туторијалот погоре, нема ништо да изгубиш од податоците. Само се 'маркираш' на серверите на МС како 'developer' и update-от го земаш преку Settings -> Phone Update како останатите update-и.
 
Член од
6 март 2008
Мислења
1.645
Поени од реакции
424
Јеп, 8S ќе го добие апдејтот во скоро време. Јес да телефонот има (еден само) проблем со меморија, ама е супер за парите! Веќе 7 месеци на него и топ е! :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.555
Поени од реакции
1.495
Ќе го добие и 8S. HTC 8X веќе го доби и кај нас. Иначе, со туторијалот погоре, нема ништо да изгубиш од податоците. Само се 'маркираш' на серверите на МС како 'developer' и update-от го земаш преку Settings -> Phone Update како останатите update-и.
Фала на инфо.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ErT

Kajgana Shop

На врв Bottom