Како да ги прочитате жените при флертување...

  • Креатор на темата ZeroStyle
  • Време на започнување
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
*Жените можат да бидат навредени ако нападно ги проверувате.
Неможеш да ги проверуваш цело време, целта е ако случајно низ муабет регистрираш нешто да можеш да го протолкуваш.
Интересни се теорииве, најверојатно од истражувачи (со ова не мислам на авторот на темата) кои цел ден преседуваат пред тв или пц, али имаат јаки теории за у пракса :vozbud:

Тефтерче, пенкалце, очила на пола нос и ѕиркај, запишувај... :smir:
 
Z

ZeroStyle

Гостин

Абе мои сигурно не се, само напишав што до сега имам прочитано низ форуми и нет вака. Иако стварно за да се замараш да "откриваш" вакви теории многу веројатно е дека ќе останеш nerd:pos:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ги обожавам ваквиве прирачници, кои несупешно вадат некој статистички просек и ти го продаваат ко правило.

Јбг, мора некој да се окористи и од самците/очајни за врска луѓе.

Али едно нешто е сигурно...што повеќе се пумпаш со теорија и правила (за нешто кое докажано НЕМА правила и шеми на повторување), се повеќе се укочуваш и губиш спонтаност.
А, ко резултат, гарантирано стануваш непривлечен за двата пола.
Првиот пост на темава, то ест темава нема никаква врска со советување и начин на однесување. И не е прирачник, туку едноставно истражување на ова момче кое го пренесува. Правилата постојат сакала ти или не, дури и кај тебе. Пресметлива си, и точно луѓето кои те познаваат ако те проанализираат знаат точно каков лик ќе направиш кога некој ќе те навреди.
Како треба со тебе човек да се однесува понатаму, веројатно спаѓа во муабетот кој го врза, every man for him self. Али ако се земе предвид неуникатноста на луѓето општо, и природата на однесување на сите нас, пак муабетов на Зеростајл доаѓа на свое, дека сите луѓе имаат речиси ист начин на покажување емоции, идеи и мисли. Говор на тело постои, и заради 2% исклучок кои нема да влезат во мнозинството токму можам да кажам дека е правило и можам да се ослонам на него ако има потреба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Абе мои сигурно не се, само напишав што до сега имам прочитано низ форуми и нет вака. Иако стварно за да се замараш да "откриваш" вакви теории многу веројатно е дека ќе останеш nerd:pos:
Затоа и потенцирав, ништо лично, ниту пак за темата, напротив. :smir:Едноставно премногу ситуации, премногу сложени состојби, карактери, навики... за да се стават во неколку реченици.
А што спомна и Виктор, ова не е прирачник туку истражување, така си е. Дојдено е до некој заклучок и тоа е тоа :toe:
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
zenite se mnogu teski licnosti i tie samite ne znaat so sakaat a kamoli pa nie mazite da gi razbereme so sakaat
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Првиот пост на темава, то ест темава нема никаква врска со советување и начин на однесување. И не е прирачник, туку едноставно истражување на ова момче кое го пренесува. Правилата постојат сакала ти или не, дури и кај тебе. Пресметлива си, и точно луѓето кои те познаваат ако те проанализираат знаат точно каков лик ќе направиш кога некој ќе те навреди.
Како треба со тебе човек да се однесува понатаму, веројатно спаѓа во муабетот кој го врза, every man for him self. Али ако се земе предвид неуникатноста на луѓето општо, и природата на однесување на сите нас, пак муабетов на Зеростајл доаѓа на свое, дека сите луѓе имаат речиси ист начин на покажување емоции, идеи и мисли. Говор на тело постои, и заради 2% исклучок кои нема да влезат во мнозинството токму можам да кажам дека е правило и можам да се ослонам на него ако има потреба.
Прирачник, истражување, ватевр...Ги има еден куп вакви низ Космополитан и Тин Шема. Во пакет со истражувањата дека виното продожува живот (јунско издание)...виното не продолжува живот, све е тоа маркетиншки трик (септемвриско издание) итн.

И не, не можеш да ме убедиш дека луѓето се толку предвидливи, а уште помалку дека идентично покажуваат емоции, идеи, мисли.
Шема на повторување може да видиш (и тоа делумно) кај некој кој долго и добро го познаваш. А, таа шема не е универзална.

*Немаат сите жени ист body language!
Највистинитот дел.

За крај, кој што сака нека си истражува.
Мене, во сите теми од ваков тип, не ми е јасен мотивот (ок, делумно ми е јасен, али не ми се свиѓа).
Пак ќе речам, роботизирање.

Ако веќе толкава несигурност е во прашање, платете курви.
 
H

-HRO

:pos2: :pos2: :pos2:
 
Член од
24 јули 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
:) Kako devojka mozam samo edno da vi kazam.Koga osvojuvate devojka morate da bidete malku potrpelivi.Normalno sekoja devojka ne saka da ispadne deka e lesna... taka da i kolku da e lesna malku ke si poigruva so vas.A za znacite za toa koga se trudite da gi zabelezite im uspeva samo na tie sto dosega go napravile toa mn pati.tie sto se pocetnici navistina gi plasat devojkite zatoa sto e mn ocigledno kako napadno (psycho pogled) gi gledaat.Se nadevam deka barem malku od malku ke pomogne napisanovo.
Good luck
p.s. pa i za da legnes neso treba da imas trpenie ne e toa plukni pa zalepi :)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Многу точно е и ова. Затоа напишав кога ја отворав темата:
*Жените можат да бидат навредени ако нападно ги проверувате.
Неможеш да ги проверуваш цело време, целта е ако случајно низ муабет регистрираш нешто да можеш да го протолкуваш. Ете ако забележиш дека минува со прстите низ косата и го "гали" работ на чашата сигурно ќе ти се дигне самодовербата, ама ако буљаш ко манијак во неа после секој кажан збор и те како нема да биде ништо:toe:
:)
Си пројавил интерес за нешто, и се потрудил да го презентираш баш добро, и тоа е за поздрав.
И во истото, сигурно има релативна вистина.
Затоа не сфаќај лично кога као ги "напаѓам" ваквите истражувања.

Она што мене ми смета во нив е фактот дека, прво, ептен генерализираат, па затоа се полу-вистина, а второ на непродуктивен начин сакаат да му дадат самодоверба на мажот.
Чуството дека имаш контрола врз ситуацијата, дека знаеш што партнерката мисли и чувствува, билдањето на твоето его...све тоа е цел на ваквите истражувања, и све испаѓа климаво во пракса.
Има многу поспонтани и поприродни начини да се постигне истото.
 
Soulscar

Uber macedonische
Член од
29 мај 2009
Мислења
154
Поени од реакции
8
Според мене партнерка во флерт која те слуша внимателно се смее на твоите шеги макар и тогаш кога не се толку смешни или најбитното влегува со тебе во конверзација за темите кои ги отвараш без притоа да прави лице колку да се зборува. Едноставно изразот на лицето, треперењето на гласот сето тоа се знаци кои е невозможно да се ппромашат кога некој те гледа како нешто повеќе од другар:)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Прирачник, истражување, ватевр...Ги има еден куп вакви низ Космополитан и Тин Шема. Во пакет со истражувањата дека виното продожува живот (јунско издание)...виното не продолжува живот, све е тоа маркетиншки трик (септемвриско издание) итн.

И не, не можеш да ме убедиш дека луѓето се толку предвидливи, а уште помалку дека идентично покажуваат емоции, идеи, мисли.
Шема на повторување може да видиш (и тоа делумно) кај некој кој долго и добро го познаваш. А, таа шема не е универзална.

За крај, кој што сака нека си истражува.
Мене, во сите теми од ваков тип, не ми е јасен мотивот (ок, делумно ми е јасен, али не ми се свиѓа).
Пак ќе речам, роботизирање.

Ако веќе толкава несигурност е во прашање, платете курви.
Ама вакво истражување е добро за dummies. Момчето кога ќе искочи на состанок со девојката има шанса од 95% (или колку и да е висок процентот на генерализацијата) да ги види овие знаци. Не е работата дека девојките одбираат да ги прават, доаѓаат потсвесно. Како што доаѓа потсвесно да рашириш уста и да покажеш запчиња кога некој кажува нешто што ти се допаѓа, то ест се смееш. Како што потсвесно ги движиш нозете за да стигнеш некаде, то ест одиш. Обично човечко однесување, нема тука ништо страшно, нападно или вулгарно.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
:)
Си пројавил интерес за нешто, и се потрудил да го презентираш баш добро, и тоа е за поздрав.
И во истото, сигурно има релативна вистина.
Затоа не сфаќај лично кога као ги "напаѓам" ваквите истражувања.

Она што мене ми смета во нив е фактот дека, прво, ептен генерализираат, па затоа се полу-вистина, а второ на непродуктивен начин сакаат да му дадат самодоверба на мажот.
Чуството дека имаш контрола врз ситуацијата, дека знаеш што партнерката мисли и чувствува, билдањето на твоето его...све тоа е цел на ваквите истражувања, и све испаѓа климаво во пракса.
Има многу поспонтани и поприродни начини да се постигне истото.
Не се почувствував деградиран или навреден во ниеден момент. Те сфаќам и затоа не ти реплицирам. Алудираш на спонтаност и сето тоа е во ред, но ете сакав да напишам нешто што мислам дека би послужило низ цела таа спонтаност.
Ама вакво истражување е добро за dummies. Момчето кога ќе искочи на состанок со девојката има шанса од 95% (или колку и да е висок процентот на генерализацијата) да ги види овие знаци. Не е работата дека девојките одбираат да ги прават, доаѓаат потсвесно. Како што доаѓа потсвесно да рашириш уста и да покажеш запчиња кога некој кажува нешто што ти се допаѓа, то ест се смееш. Како што потсвесно ги движиш нозете за да стигнеш некаде, то ест одиш. Обично човечко однесување, нема тука ништо страшно, нападно или вулгарно.
Абе и за dummies може да послужи, ама целта ми беше тоа што и го реплицирав и на ада. Низ целиот процес на општење да дојде како одреден вид помош ако случајно забележиш нешто од наведеното, да го протолкуваш правилно и ако е добар знак потсвесно ќе ти се зголеми самодовербата и шансите ти се уште поголеми.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
:)
Си пројавил интерес за нешто, и се потрудил да го презентираш баш добро, и тоа е за поздрав.
И во истото, сигурно има релативна вистина.
Затоа не сфаќај лично кога као ги "напаѓам" ваквите истражувања.

Она што мене ми смета во нив е фактот дека, прво, ептен генерализираат, па затоа се полу-вистина, а второ на непродуктивен начин сакаат да му дадат самодоверба на мажот.
Чуството дека имаш контрола врз ситуацијата, дека знаеш што партнерката мисли и чувствува, билдањето на твоето его...све тоа е цел на ваквите истражувања, и све испаѓа климаво во пракса.
Има многу поспонтани и поприродни начини да се постигне истото.
Болдираното - тоа е и поентата. Можеби е глупости и работи кои немаат врска но типот кога ке излезе во град ке има самодоверба дека знае што мислат девојките а со самодовербата доаѓа и храброста па доста лесно ке може да прииде на девојка во која навидум ги прочитал знаците. Ако го одбие ке оди на картата дека е тешка девојка и зашто има кренато его до небо ке проба со друга зашто несака да се мачи со една која и така е тешка. Едноставно овие упути не значи дека се тотално вистинити но добри се за некаков старт на типците кои немаат доволно самодоверба во себе во врска со започнувањето на комуникација со девојките.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ама вакво истражување е добро за dummies. Момчето кога ќе искочи на состанок со девојката има шанса од 95% (или колку и да е висок процентот на генерализацијата) да ги види овие знаци. Не е работата дека девојките одбираат да ги прават, доаѓаат потсвесно. Како што доаѓа потсвесно да рашириш уста и да покажеш запчиња кога некој кажува нешто што ти се допаѓа, то ест се смееш. Како што потсвесно ги движиш нозете за да стигнеш некаде, то ест одиш. Обично човечко однесување, нема тука ништо страшно, нападно или вулгарно.
А, ако уше малку продужиме да се одалечуваме еден од друг, ќе ни треба и прирачник кој ќе ни опишува и како изгледа допир од друго човечко суштество.

*Ако таа се потпира со брадата на своите раце и притоа нејзините очи изгледаат како замислени, тогаш тоа е лош знак. Односно дека не сте ја импресионирале со својата појава. Во глобала, жените пробуваат да си ги одговорат своите прашање на следниов начин: "Дали тој ме заслужува?", вие го знаете одговорот, но веројатно на дамата и треба време. Ако сакате да и помогнете да го направи вистинскиот избор бидете решителен и учтив. Исто така истакнете ја и вашата смисла за хумор.
*Ако таа седи со нејзините раце во вкрстена положба, тогаш најверојатно таа се чувствува невкусно со својата тежина или е вознемирена. Ова е една од најлошите положби во кои може да се најде потенцијалната партнерка за време на меѓусебното општење. Оваа гестикулација е доказ за фактот дека сте го оставиле најлошиот впечаток и дека таа не ви верува воошто. Тука не помага ништо, никакви шеги, испади или пак развиеното тело. Единственото нешто што може да го направите е да се повлечете, да и покажете дека не сте заинтересирани за неа.

*Истражувачите од оваа област посочуваат на фактот дека кога жените почесто ги прекрстуваат нозете или ги оставаат слободно да "лебдат" покажуваат некој знак на сексуална заинтересираност. Најсилно од сите овие потези е кога таа ќе ги рашири нозете непромислено. Спротивно на ова е кога ќе ги спои нозете.

7. Не ги занемарувајте и стапалата.

*Ако нејзините стапала покажуваат накај вас, тоа значи дека таа е заинтересирана за вас. Но и да не се, започнете дискусија за нешто што би и привлекло внимание.
Цитативе за мене не важат.
Ако напраиме анкета,и женските би можеле да гласаат, онда ќе имам и други истомисленички, верувам.

Не сме животни, ептен сме отцепени од своите инстинкти, за да имаме идентични mating rituals ко шо имаат животните.

Затоа, механизмот на одење, смеење и оној на флертување, не се идентични баш (хеј, fun fact..кога сум многу бесна, се смеам. неуротично можда, али смеење. пак нема правило :( )
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
ама зошто на вас машките се ви зависи од секс се ви се врти околу тоа...
Coz it feels awsome!
Почекај, кога ќе имаш редовен секс и редовни оргазми-ќе сфатиш зошто.

Инаку на темава:
Има точност во овие работи, но како што кажа ада не треба да се генерализира зашто некогаш може жените случајно да направат некои од овие работи-а да бидат протолкувани различно.
Сепак, имам набљудувано многу луѓе за да колку-толку го протолкувам говорот на телото и понекогаш самата потсвест реагира на околината и на моменталните случувања и е мноооогу интересно за следење.
Скрстеноста на нозете, поставеноста на рацете, каде гледа и сл.
Неам сеа време да пишам нешо подетално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom