Како граѓаните на Македонија дошле до сопствената земја

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.519
Поени од реакции
26.011
Малку ми е нелогичен муабетот. Си имало народ по градовите, стари граѓани со стебла со векови си има, кој каде имал куќа се знае, кое место чие било. Ете да земеме пример автобиографијата на Прличев за Охрид, си пишува убаво. Си имало трговци, лекари, богати луѓе наши Македонци. Како тоа не било возможно Македонец да има имот кога имало и богати? Автобиографијата на Прличев опишува и период пред 1850.
За Охрид не сум баш сигурен, меѓутоа мислам дека Охрид го владеат Фанариотите, и дека во Охрид е дозволено Христијанско население. Прличев учи на Грчки јазик и Сердарот му е напишана на Грчки јазик. Не сум сигурен зошто Охрид и Струга го имаат тој статус во Отоманската империја, ама можам да претпоставам дека тоа е по укинувањето на Охридската Архиепископија и инсталирањето на Фанариотите таму како некаков си верски центар.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.519
Поени од реакции
26.011
Иначе за тие што не си ја знаат историјата, немора да читаат доволно е да слушаат.

Македонија од 1767 нема сопствена црква, тоест поточно на 16 Јануари е укината Охридската архиепискпија и фрлен е во зандани во Цариград последниот Охридски Архиепископ Арсениј. Охридската архиепископија е обновена тек во 60тите години на 20 век. Во почетокот територијата на Македонија ја земале вселенската патријаршија и таканаречените Фанариоти, кои служеле на Грчки јазик и воопшто црквата генерално се одвоила од народот. Тек во 1870 е создадена Егзархиската школа (про Бугарска), каде што проповедале на словенски јазик разбирлив на населието, факт кој за среќа, наместо да го асимилира населението бил искористен за организирање на вооружен отпор (Илинденско востание). Претходните 100 години речиси и да нема општонародна верска активност во Македонија поради анимозитетот кон фанариотите, па така нивното влијание било највеќе во Охрид и некои градови во денешна егејска Македонија.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Не знам точно од кога, ама кога моите претци бегале од Турците од село Волино, Охридско на блиската планина, високо горе, било 18 или 19 век, и си запоседнале ничија земја која и ден денес моите роднини ја поседуваат. Истата, се знае границата. И не работеле за феудалец, биле свои на своето.

А тоа дека плаќале даноци, плаќале, која банда како ќе помине низ село. И на комитите им плаќале, на пример.
Каков данок им плаќале на комитие?
Давање на финансии на комитите било за доброто на сите Македонци.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Каков данок им плаќале на комитие?
Давање на финансии на комитите било за доброто на сите Македонци.
Не реков било данок за комитите, туку дека им плаќале. Што и да побарале. И не било секогаш за доброто на сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom