Како го перцепирате вашиот живот? Дали сте среќни?

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Еден начин да си го перцепирате својот живот:


Друг начин да го перцепирате својот живот:


Говорничката во видеото може има обрнато повеќе внимание на врските, но мене темата ми е општо за животот. Всушност, како што кажува во една реченица, главен фактор за тоа дали е некој среќен е неговата перцепција за животот што го живее. Дали некогаш сте се нашле на работно место на кое други вработени се пресреќни што го имаат, а вие не сте, или обратно? Дали во некои други ситуации сте се нашле себеси дека се самосожалувате, наместо да се охрабрувате?
Интересно е како една иста ствар, може да има различно влијание на среќата кај различни луѓе. Нешто како гледање на чашата, дали е полуполна, или полупразна.
Многу често се прашувам како некои луѓе се задоволни во животот во кој се наоѓаат моментално (и пробувам да научам по нешто од нив). Најчесто се работи за тоа дека тие луѓе научиле како да живеат со тоа што го имаат, односно научиле како без разлика на надворешните околности, да ја пронаоѓаат среќата внатрешно во себе.
И секако, тоа како си го перцепираат својот живот ќе го дознаете по начинот на кој одговараат на прашањата за својот живот. Не знам дали беше на Зевзекманија или друга емисија, каде што еден млад дечко што продава на пазар рече дека е задоволен од својата работа затоа што нема газди што го малтретираат и дека добро му оди работата. Можеби друг да беше на негово место, ќе кажеше дека му е неиздржливо, ладно, нема промет итн. Нормално, првиот има поголема веројатност да биде општо посреќен во животот, едноставно подобро да си го пројде животот.

Дали е некогаш подобро наместо да седиме да анализираме како го перцепираме животот, да почнеме да го живееме? Мислам дека разликата меѓу тој што седи и си го анализира животот, и друг што прави нешто со својот живот е тоа што првиот ќе сака објективен заклучок, а вториот ќе се води субјективно по својот инстинкт за тоа што е добро за него, а што не е. Можеби има некаква врска и со начинот на кој сме растени и исслушувани од страна на родителите и блиските. Едноставно, ако повеќе ни верувале во тоа што го зборуваме, поголема е веројатноста во иднина самите на себе да си веруваме и да знаеме што сакаме во животот.



Што вака општо би можеле да кажете дека би ве направило вас среќни? Дали сте задоволни од својот живот? Како одговарате на прашањето како сте, ама не кога ќе ве праша некој странец, туку најдобриот пријател. Дали мислите дека ако се смени нешто во вашиот живот од кое што сте незадоволни, ќе бидете (по)среќни, или пак, ќе има нови извори на незадоволство и нови желби за промени? Дали ако имате бескраен извор на време и пари, ќе смените нешто во вашиот живот? И ако смените, дали тоа ќе ве направи (по)среќни?

Како се справувате со ситуации кои не ви се допаѓаат, дали оставате време за "попаметно" да ги исперцепирате?

Дали мислите дека во пензионерските денови ќе се свртите на вашиот живот и ќе бидете задоволни?

И уште видеа, како да не беа доволни досега ... :)


 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Дали треба да сум среќен?
Каде пишува и што ако?
Овде сме на ограничено време, со цел и функција, добро е да си ја оствариш функцијата и да си пристојно задоволен со оствареното, ама хедонизмот не е неопходен, ниту корисен.

Потрагата по среќа можеби е примитивен човечки биолошки компас, но не и крајна цел.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Дали треба да сум среќен?
Каде пишува и што ако?
Овде сме на ограничено време, со цел и функција, добро е да си ја оствариш функцијата и да си пристојно задоволен со оствареното, ама хедонизмот не е неопходен, ниту корисен.

Потрагата по среќа можеби е примитивен човечки биолошки компас, но не и крајна цел.
Мислам оти го мешаш хедонизмот со среќата.

Репативноста може да ја внесеш во секоја цел и функција. Која е човековата функција и зошто е добро да си ја оствариш функцијата? Што е крајната цел на човекот? Не се функцијата и целта примитивен човечки биолошки компас, како што е и потрагата по среќа?
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Јас дефинитивно имам негативно гледиште врз мојот живот, ама само врз мојот.

Никогаш не сум бил среќен, нема ни да бидам ако вака продолжам, затоа што не е можно да си ги задоволам амбициите и желбите за брзо време, и тоа го сватив оваа година.

Како да живеат две личности во мене, едната е полна со емпатија, поддршка, разбирање, другата е критична, незадоволна, негативна.

Кој и да ме сретне ми кажува колку сум искулиран, и сум, имам разбирање за све, знам дека сите се луѓе, сите имаат свои мисли, желби, амбиции, сите прават грешки, така се расти не ?
Тоа го сваќам и кога зворувам за кој било во мојот живот ги гледам само позитивните работи и тоа што постигнале, небитно колку грешки направиле по пат и за тоа зборувам со нив, колку многу се потрудиле, жртвувале и успеале.

Тоа за нив.

Друга приказна е кога си зборувам сам со себе.
Според другите сум постигнал, сум жртвувал и сум успеал во некои работи.

Според мене ништо немам постигнато, ништо немам направено, ништо незнаам, глупав сум, немам среќа, цел живот ќе се мачам....ниту една позитивна мисла за себе неможам да задржам и веќе ми е смачено.
Ако се судам себеси според критериумот на кој ги судам и гледам другите ќе сум во многу подобра ситуација и подобро друштво кога зборувам за себеси.

Лани и оваа година одев на работа и паралелно работев на нешто друго, тоа ми беше важно и после неколку месеци го добив, бев задоволен, ама среќата траеше пет минути, го отфрлив со мислата дека јас не го заслужувам затоа што не сум се трудел доволно а сум го добил, и тогаш тоа ми беше рационална мисла, сега кога го немам сваќам колку сум бил во грешка.

Све што сум постигнал не било доволно за мене, никогаш не сум биз задоволен, секогаш работам во празно затоа што тоа што го добивам не го признавам го отфрлам и не го користам, и кога и да почнам нова работа ја почнувам од нула, затоа што јас мислам дека толку заслужувам.

Секогаш викам ако повеќе вложам труд ќе добијам повеќе искуство, знаење, вештина, работам, го добивам и наместо да го искористам за да напредувам јас го поништувам со два збора.
И повторно на почеток, цел живот се вртам во круг, многу сум лош и строг спрема себеси, што и да добијам утре нема да биде доволно, никогаш нема да бидам задоволен од себесеи, не додека ги гледам само погрешните одлуки и потези, не паметам ништо добро што сум го направил и во кое сум уживал.

Тоа го сватив оваа година, исполнета со многу работа, жртва и труд, вложување во нови знаења...сето тоа а моментално сум повторно на почеток, исто како да не сум работел ниту еден ден во животот.

Го сватив и моментално пробувам да бидам подобар према себеси, да се сакам повеќе, затоа што ме фати страв, за мене, за моето здравје, за моите врски.
Тело како тело си има граница колку може да издржи, никој не е неуништлив, една секумда може да ти го промени животот на лош начин.

Не ми оди моментално затоа што незнам како треба, но знам што не треба да мислам за себеси, се надевам дека догодина ова време ќе бидам посреќен.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Убава тема.

Сметам дека секоја промена па макар и лоша е еден вид на среќа во животот. Зачмаеноста и секојдневната рутина раѓа зона на комфор кој по себе води кон атрофирање на креативноста воопшто.
Да додадам, скоро и да не можеме да влијаеме 100% на сите промени, но треба да се адаптираме веднаш штом истите се навршат (по некои околности) кон нас. Од друга страна, преголемото анализирање како што кажа Натурал може да биде time consuming и на крај да навлеземе несвесно во онаа гореспомената зачмаеност. Така да не само психички, треба и физички да сме присутни во движното поле. И една многу битна работа е да прифатиме дека во злото секогаш има и нешто добро, и да не го сфаќаме здраво за готово, туку да се адаптираме што повеќе да извлечеме од истото.
Но сето ова убаво делува вака на папир.
Во реалноста е сосема другачие.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Индивидуална е перцепцијата за успех и среќа, од нечија туѓа перспектива може делувам среќно од лично моја перспектива сметам дека се уште немам ништо постигнато од моите зацртани цели, перфекционист сум и тежок самокритичар и претпоставувам дека затоа не сум задоволна.
А сум размислувала и не знам што е полошо/подобро, да си задоволен со малку а духовно среќен или никогаш да не си задоволен со постигнатото и да целиш кон се поголеми успеси? Али која е крајната цел? Да се биде среќен или да се задоволат туѓите очекувања за успех? Затоа што и успехот е релативна категорија.

Многу често мнозинството си поставува цели кои се наметнати од општеството како репер за успех а не водејќи се од сопствените амбиции и така настанува конфузија кај една личност дали таа навистина е среќна иако го постигнува она што општеството го бара.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Middlife crisis...
Ги изгледав видеата и го прочитав убаво првиот пост, а и другите...

Некои мои нафрлени искуства и размислувања.
Штом дојдеш до оваа тема, според мене веќе си во фаза од која нема враќање. Си изградил некоја интелектуална и емотивна база, тврдина, во која самиот си заробен.
Нормално дека се' е во перцепцијата.
Имав прилика да живеам во една држава која е британски протекторат практично, збирштина од народи...кои немаат ниту во еден нанометар допир со нашите сфаќања. Искрено, далекуисточните култури ми претставувале некаков интерес порано, како помлад, некаков предизвик, додека сум ги гледал на екран, од удобна фотеља. Кога тргнав да си ја барам среќата таму со некаква идеја дека имам квалификации и знаење да живеам така (ај да не претерувам, глоубтротерски), сфатив дека тоа ич не ме интересира...не да не ме интересира, туку ми се гади од тоа. Се снајдов во професијата, супер заработував и градев дополнително знаење, контакти...ама гледав дека тотално сум незаинтересиран за тоа. Испадна дека на тоа само визуелно сум во воодушевувал и дека суштински на тој свет би му фрлил напалм-бомби, не заради некакви расно-верски побуди, туку чисто заради пирамидалната поставеност меѓу луѓето, понизноста на едни касти кон други, немањето самопочит, несфаќањето на угнетувањето....тоталната игнорантност и тоталната расипаност и нечовечност на "авторитетите".
Многу скоро читав една книга од Dawkins, кој е еволуционист и многу го почитувам, у која ги опишува двата дијаметрално спротивни начини на одгледување на подмладокот. Во првиот, карактеристичен за инсектите, мајката испушта милиони јајца од кои еден дел само ќе успеат да опстанат, ама и многу ќе изгинат, а на мајката не и воопшто гајле за загинагите. Вториот начин е специфичен за луѓето, па и некои животни. Тие раѓаат мал број наследници за кои мора многу ревносно да се грижат. Ние што пишуваме во вакви теми и размислуваме за истиве, сме така третирани, како да сме центар на Универзумот, најчесто во нас е многу инвестирано во смисол на грижа, образование, внимание од родителите и ако не постигнеме некоја си којзнае каква цел - тоа автоматски значи пропаст, срам, мизерија. За разлика од нас, оние луѓе за кои пишував погоре, ја држат таа еволутивна линија, како инсекти (јас од гнев ги нарекувам бубашваби) - практично немаат идеја како ќе го преживеат денот, што ќе јадат, ама имаат по 15 деца околу себе (и којзнае колку непреживеани). Ги среќаваш, весели, се кљафтаат, се гушкаат и се прашуваш у што им е тоа толку јако што си проаѓаат, а уствари проблемот е во тебе, а не во нив. Често ме лупа дилемата дали е добро да си школуван, да знаеш, да знаеш по кој систем функционираат работите или да си таква бубашваба која само мисли да се размножува? Факт е дека и тие умираат од банални работи и не ретко се дават во сопственото незнаење....нема никогаш да разберат некои големи, убави вистини, нема да сфатат врвна уметност, музика, слика...
Британците убаво викаат "Ignorance is bliss", а нашата стара оди многу подалеку и е многу побрутална "Блазеси му на неродениот"..
Финтата е тоа што нема финта. Мора чоек да се помири дека колку и да има опции во еден момент, на крај ќе избере една и секогаш ќе жали по нешто што можел да има, можел да биде исл. Премногу не набива у ќош опкружувањето. Најчесто имаме афинитет да следиме и да бидеме пријатели луѓе кои си мислиме дека се најпаметни на свет и дека знаат да уживаат и уживаат 24/7 во животот (што многу често не е така), што дополнително ни го ствара овој притисок.
Сакам ова да го напишам како најбитно, а веројатно ќе пишувам уште во темава - штом човек влезе во некоја ваква фаза, таа разочараност веќе не може да ја сокрие од лицето и тоа му се рефлектира во понатамошните постапки и тоа најчесто негативно. Покажува дека нема доволно мотив, а мислам дека луѓето генерално бегаат од тоа. Нормално дека и самиот се гледам у групата која не е среќна....делимично, најубаво ми е кога имам премногу работа, па немам ни време да копам по овие проблем.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Еден начин да си го перцепирате својот живот:


Друг начин да го перцепирате својот живот:


Говорничката во видеото може има обрнато повеќе внимание на врските, но мене темата ми е општо за животот. Всушност, како што кажува во една реченица, главен фактор за тоа дали е некој среќен е неговата перцепција за животот што го живее. Дали некогаш сте се нашле на работно место на кое други вработени се пресреќни што го имаат, а вие не сте, или обратно? Дали во некои други ситуации сте се нашле себеси дека се самосожалувате, наместо да се охрабрувате?
Интересно е како една иста ствар, може да има различно влијание на среќата кај различни луѓе. Нешто како гледање на чашата, дали е полуполна, или полупразна.
Многу често се прашувам како некои луѓе се задоволни во животот во кој се наоѓаат моментално (и пробувам да научам по нешто од нив). Најчесто се работи за тоа дека тие луѓе научиле како да живеат со тоа што го имаат, односно научиле како без разлика на надворешните околности, да ја пронаоѓаат среќата внатрешно во себе.
И секако, тоа како си го перцепираат својот живот ќе го дознаете по начинот на кој одговараат на прашањата за својот живот. Не знам дали беше на Зевзекманија или друга емисија, каде што еден млад дечко што продава на пазар рече дека е задоволен од својата работа затоа што нема газди што го малтретираат и дека добро му оди работата. Можеби друг да беше на негово место, ќе кажеше дека му е неиздржливо, ладно, нема промет итн. Нормално, првиот има поголема веројатност да биде општо посреќен во животот, едноставно подобро да си го пројде животот.

Дали е некогаш подобро наместо да седиме да анализираме како го перцепираме животот, да почнеме да го живееме? Мислам дека разликата меѓу тој што седи и си го анализира животот, и друг што прави нешто со својот живот е тоа што првиот ќе сака објективен заклучок, а вториот ќе се води субјективно по својот инстинкт за тоа што е добро за него, а што не е. Можеби има некаква врска и со начинот на кој сме растени и исслушувани од страна на родителите и блиските. Едноставно, ако повеќе ни верувале во тоа што го зборуваме, поголема е веројатноста во иднина самите на себе да си веруваме и да знаеме што сакаме во животот.



Што вака општо би можеле да кажете дека би ве направило вас среќни? Дали сте задоволни од својот живот? Како одговарате на прашањето како сте, ама не кога ќе ве праша некој странец, туку најдобриот пријател. Дали мислите дека ако се смени нешто во вашиот живот од кое што сте незадоволни, ќе бидете (по)среќни, или пак, ќе има нови извори на незадоволство и нови желби за промени? Дали ако имате бескраен извор на време и пари, ќе смените нешто во вашиот живот? И ако смените, дали тоа ќе ве направи (по)среќни?

Како се справувате со ситуации кои не ви се допаѓаат, дали оставате време за "попаметно" да ги исперцепирате?

Дали мислите дека во пензионерските денови ќе се свртите на вашиот живот и ќе бидете задоволни?

И уште видеа, како да не беа доволни досега ... :)


Ако ме погледнеш ќе видиш ќе видиш еден човек со многу кратка коса, темно кафеави очи, облоги лице, мал и тенок нос и мала и рамна уста и јарешка брада. Очите ми се доста подвижни и гледаат на окулу и во лицето на говорникот поточно право во очи, устата малку ми се движи кога зборувам а ако нешто е многу смешно во најдобар случај ќе чуеш краток кикот сличен на поручник Мамали од цртаните филмови. Насмевка нема повеќе од 5 милиметри на аглите на усните за пријатна вест.
Движењата ми се бавни и да скокнам од место треба бомба да падне или метеор да удри во собата.
Инаку сум презадоволен од животот и речиси ништо не би сменил во него...освен некоја површина шминка и ситници колку да не е статично се.
Мојата среќа, како чувство мислам е 9 од 10. Многу ретко имам краткотрајни грижи за тековни ситуации и речиси никогаш немам негативни чувства...не се сеќавам кога последен пат сум бил тажен а не сум плачел едно 20 години ни ми дошло така да се чувствувам.
Не сум весела личност и несакам прослави...ама сум многу задоволен од себе и ситуацијата во која сум. И се чуствувам задоволно, релаксирано, поприлично безгрижно и освен некоја сериозна катастрофа може да го растури тоа. Ако некој ме праша дали сакам вака да ми е до мојата смрт јас би рекол да и би го чекал крајот без воопшто страв.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Воглавно сум несреќен и незадоволен, пун сум комплекси и фрустрации но барем олеснително свесен сум за нив па се обидувам да се разберам себеси за некои мои постапки, генерално сум анксиозен и субдепресивен посебно зимно време и пун ми е понекогаш од таа моја патетична очајност, самосожалување, негативност и слично. Има и светли моменти, кога се обидувам да не западнам во претерано размислување за све и свашта, зашто сум кон тоа склон, па тогаш се обидувам среќата да ја пронајдам во едноставни работи како мастурбација, живеење во моментот и слични new age bullshit самозалажувања, зашто крајно ко ќе видиш па која е ебаната смисла, ако воопшто ја има, али па што е тоа што те тера секое утро да станеш, да одиш заби да переш, да одиш да ја работиш секој ден истата досадна работа меѓу луѓе кои не можеш органски да ги поднесеш, со ретки исклучоци на таквите, па си викаш имаш ќерка мора за неа да се бориш а јас за самиот себеси не сум се изборил и се осеќам како мало исплашено дете како да имам 18 години, па ете опа се вратила волјата за живот, све е убаво, луѓето се прекрасни иако има и идиоти, животот е чудо и дар и треба да бидеш благодарен на шансата, све ова мора да има некоја цел и некаква смисла и ко ќе ти текне дека ние луѓето во све сакаме да бараме смисла што е ноторна глупост и пак јово наново ни месец дена не те потрајала позитивноста и еланот повторно се враќаш у депресивната реалност. Глеам барем да правам работи кои ме исполнуваат и одржуваат позитивен, ама све е тоа кратко и пролазно. Да, све е ствар на перцепција, ама кога си програмиран многу тешко се менува перцепцијата, борбата со себе е најголемата и најтешката борба и среќата лежи во едноставните работи, а ние луѓето сме склони да ги усложнуваме истите и така у круг, барем за мене.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Во поголемиот дел од мојот живот не бев среќен. Постојано, па и ден денес, имам чувство дека нешто фали и дека секогаш ќе фали. Па дури и во моменти кога на прв поглед се’ изгледа идеално. Тука да ги додадам и анксиозноста и депресијата кои ме пратат скоро цел живот, и се добива целата слика.

За да се елиминираат негативните чувства мислам дека секој треба да направи сериозна проценка на тоа што го прави среќен и да се труди да го работи или прави точно тоа. И многу е важно да не си поставуваме нереални цели. Ѓаволски е тешко да се елиминира мислењето на околината, дури и сметам дека е невозможно, но колку што е можно помалку треба да се мисли на тоа „што ќе речат другите“. Тука јас сум самокритичен и мислам дека во поголемиот дел на мојот живот премногу размислував за тоа како ќе реагира околината на некоја моја одлука или постапка, што сигурно не влијаеше добро на мојата среќа.

И да, се согласувам дека поимот за среќа има различно значење за секого и тука никој не треба да суди за тоа што го прави некого среќен, а што не. Секако ако не се работи за некои девијантни појави. Добар пример што е спомнат и во првиот пост на темава е примерот со работните места. Пред три години работев во фирма буквално пошто немав друга опција. Не ја сакав ни работата ниту бев задоволен од условите. Во истата канцеларија работеше и една колешка која толку многу ја ценеше фирмата што дури и на личниот ФБ профил споделуваше вести и информации за неа. Дури ми беше несфатливо, но сега сум во обратна ситуација. Моментално сум задоволен од својата работа, но еве имам колешка која го работи истото со мака и чека прилика да замине. Се’ е индивидуално и тука нема место за приговор.

Да се вратам на насловот од темата. Во моментов можеби не сум баш „среќен“ како што би сакал да бидам, но сепак чувствувам некаква стабилност т.е. дека работите сега се подобри од порано и дека можат да станат уште подобри. Тоа за мене е голема работа, пошто ништо ми нема паднато од небо. Сум вложил труд и напор да променам некои работи кај мене.

Е сега голема маана кај мене или па последица од сите проблеми и лоши работи што ги имам надминато е што дури и во стабилна ситуација често знам премногу да се грижам без потреба и да размислувам премногу пред да преземам некој чекор, дури и кога тоа не е ништо страшно и нема што да загубам. Кратко речено, премногу песимистички влегувам во нешто иако за тоа нема некоја потреба. Некогаш размислувам дека ако ми се случи нагла промена кон подобро тоа нема да ми се чини природно и нема да знам како да се справам со тоа како што треба.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...мирен до следната животна провокација
...хех,среќата...таа е само една од нашите многубројни анксиозни состојби :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TOT

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Ах среќа.... таа екстатична состојба по која цел свет трага, а е така недостижна и ретка појава, нека не ве залажуваат насмевките на лицата, на вашите пријатели на фб....среќата е состојба што може да се одглуми.......
Се согласувам со @Јаневски , а каде пишува дека мора да сме среќни?
Значи едноставно за да некој биде среќен, пред се треба да направи интроспекција.......а што подразбирам под интроспекција..... значи да се погледне длабоко во нечија психа, ако треба одете и на психијатар, се кладам дека 80% од луѓево се со недијагностицирана состојба, а одкако ќе си ја дијагностицирате вашата да речам пореметеност, т.е дизордер, сеа без навреди, зборам реално, од моја гледна точка,......значи одкако ќе направите детална анализа на тоа што ве прави среќни, е тогаш можете да преминете на втора фаза, а тоа е како да го достигнете тоа чувство на среќа..........

Како што сите прсти на ракава не се исти, дур куцам, така и сите луѓе не се исти, тоа што еден го прави среќен, не значи дека би го направило и друг среќен.........

Е сега малку за мене, јас лично, знам што ме прави среќна, сум била среќна, моментално не сум среќна но не сум ни несреќна, моментално сум во таква состојба на самоспознание, што едноставно сум релакс, имам некоја состојба на емотивна нирвана, така да ја наречам, способна сум да изанализирам некоја личност со само една изговорена реченица, дали е до годините не знам, но мислам дека е..........

Со текот на годините научив доста работи а и читам психологија доста, така што веќе јасно ми е скоро да речам се.....
Е сега, значи јас лично сум била среќна и знам како да се направам себеси среќна, а знам и која ситуација и која личност би ме направила среќна, така што сум способна да проценам, и да пронајдам, би препорачала на сите да читате психологија, и да се проанализирате добро пред да почнете да трагате по среќата.....

Друга работа е тоа што во медиумите ни се пласираат информации во врска со тоа како да ја достигнеме среќата,.....не верувајте на се што ќе слушнете, посебно од медиуми,.....Русите и Американците имаат две спротивни мислења за тоа како да се живее животот, ние сме под Америчко влијание, дефинитивно..... јас повеќе го ценам Руското влијание....според Достоевски, животот е страдање.,

Според Америте животот е постојана потрага по среќа и треба да сме и мора да сме среќни, како би ние постигнале состојба што ете треба и мора да ја постигнеме во животот како крајна цел.......

Сите луѓе живеат живот, водени од нечие влијание, почнувајќи од детството, кога сме правеле се за да ги задоволиме нашите родители, стигнувајќи до денешен ден, кога правиме се за да ги задоволиме општествените норми, за успех и среќа,.......се е фасада, сечиј живот е само фасада, дури и најдепресивните луѓе се насмеани на нивните фотографии, дури и тие што вршат самоубиство а се познати личности еве како Робин Вилијамс, делуваат постојано среќни, Џим Кери е најпознатиот комичар во светот, па се лечи од депресија, затоа велам, нека не ве залажува нечија фасада,....секој си знае најдобро како му е, и нема никогаш да ви признае........
 
Последно уредено:

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Поентата на животот не е да си среќен. Има и други емоции што се подеднакво битни.
Не можеш да си среќен ако никогаш не си бил тажен. Едноставно немаш перспектива.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
За мене среќа е кога имам трпение,самоконтрола и верба во тешки моменти.Се каам многу за многу поминати години без таа состојба на свест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom