Како го замислувате светот по 1 век?

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Внук му на Ахмадинеџад се нашмркал кока и ја потопува Америка
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
После еден век ...................... ?????????
Светот ќе има преку 10 милијарди жители, секако доколку не се случи некоја огромна природна катастрофа или пак не избие некоја трета(нуклеарна)светска војна па да не врати неколку векови или милениуми наназад !
Во случај на мирнодобски услови очекувам дека тогаш веќе ќе има отидено човечка цивилизација во вселената т.е. ќе постојат вселенски колонии !
Транспортот ќе биде далеку побрз, а технологијата, електрониката, медицината и.т.н. ќе бидат којзнае до каде отидени до тогаш !
Значењето на нациите, јазиците, религиите... ќе биде целосно изгубено, а исто и на државите, а расите ќе бидат тотално испомешани ......... повеќето луѓе на планетава тогаш ќе бидат мулати/мелези од сите раси испомешани !
Чисто сумљам дека тогаш ќе постои институцијата брак и исто така неверувам дека поимот семејство ќе значи нешто тогаш ............ анализирајќи го денешниов начин на живот, мислам дека вака ќе се одвиваат работите во иднина !
Инаку светот ќе биде поделен на неколку зони кои ќе бидат владеени од светските сили ......... неколку држави фактички ќе владеат со целата планета и ќе има една светска влада која ќе биде составена од пратеници од сите светски нации и држави, а главни ќе бидат претставниците од светските сили т.е. од поголемите и помоќни држави !
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Како шо тргнале работиве...Не ни очекувам нешто посебно после 1 век... Освен пустош, војни и такви глупости..
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
zamisluvam deka tehnologojiata ke otide mnogu napred...
Технологијата оди напред од ден во ден, а после 100 год. којзнае уште што не ќе биде измислено ...
Но за жал луѓето пак ќе си останат исти ........ пак ќе има поделби на вакви и такви, војни, терор, омраза... овие работи за жал се неискоренливи, таква е човековата(животинска) природа и тоа е тоа ...
Па и денеска технологијата и науката се на солидно ниво па сепак луѓето и не се многу поразлични од тоа што биле да речеме во средниот век и денеска имаш триста поделби на вакви и такви, имаш триста војни, терор, омраза ...
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
На глобално ниво мислам дека технологијата ќе отиде премногу напред ќе има нов вид на војна за ВОДА не како досега што беше за нафта сега тие од Блискиот Исток , Африка ќе доаѓаат накај Европа во потрага по вода и мислам главниот проблем ќе биде водата. А во Европа главна причина за немири ќе биде мултикултурализмот големиот налив на емигранти црнци/арапи и разни муслимани во поголемите Европски држави и ќе започнат немири да прават. Не ја гледам Европа многу среќна :)
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 02:54 ---
Што има ја да му ја мислам за после 100 години, он нека му ја мисли :pos:
Типично размислување за неосвестено македонЧЕ "ќе јадам ќе пијам убаво да ми биде а за тие по мене уво не ме боли"
Епа по ова што го напиша ти и грција се водеше по тој пример па од несовесното трошење на пари виде до каде стаса атина да гори и лета во воздух :) Ама кај нив е економската криза ние мислам дека може и да непостоиме :) " better "
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Типично размислување за неосвестено македонЧЕ "ќе јадам ќе пијам убаво да ми биде а за тие по мене уво не ме боли"
Епа по ова што го напиша ти и грција се водеше по тој пример па од несовесното трошење на пари виде до каде стаса атина да гори и лета во воздух :) Ама кај нив е економската криза ние мислам дека може и да непостоиме :) " better "
Папа донт прич:)

Шала е. Не можеш да кажеш дека сум не совесен кога не ме познаваш. Уште помалку, не можеш ни да донесеш заклучок за нешто такво по само еден мој коментар, пост, што и да е. Опуштено :X3:

Верувам, како и мене што ме знаеш, така ги знаеш и грчките државници што ја раководеле својата држава и поради што и какво размислување, таа се наоѓа на нивото на кое што е сега.

П.С. Гледаш дека има „:pos:“ на крај, што не мора да значи дека сум озбилен па да бидеш толку остар со заклучоците и покрај тоа што, ќе се повторам, ти не ме познаваш.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Типично размислување за неосвестено македонЧЕ "ќе јадам ќе пијам убаво да ми биде а за тие по мене уво не ме боли"
Епа по ова што го напиша ти и грција се водеше по тој пример па од несовесното трошење на пари виде до каде стаса атина да гори и лета во воздух :) Ама кај нив е економската криза ние мислам дека може и да непостоиме :) " better "
Ја цел живот вака живеам и уште ми е супер. Гневот божји никако да ме сотре!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Споменик од мене во центарот на Скопје висок 100 километари.

Во визија гледам како некои деца од Благоевград* трчкаат околу плоштадот они се тука поради некаква училишна екскурзија.
Со прст покажуват кон мене воодушевувајќи се од мојата големина и стаситост.
Учителката им објаснува дека јас сум бил тој лик кој од позиција на неполитичар ја средил државата во економска, културна, политичка и секоја смисла на зборот.

Во Македонија во тој момент ќе живеат 20 милиони луѓе, 15 од нив Македонци, а 5 милиони странци дојдени тука на гурбет за подобар живот.
Меѓу нив ќе има Германци, Американци и Јапонци.
Невработеноста ќе биде 0%.
Минималната плата ќе биде 10 илјади евра, а касиерка во КАМ маркет ќе зeма 12 илјади евра.
Самохраните мајки ќе бидат третирани како бели мечки, а старите луѓе како лордови.

Партии ќе нема бидејќи ќе има само една партија, а таа партија ќе го носи моето име.
Децата уште во породилиштата ќе бидат посетувани од партиските комесари при што на нивните родители ќе им биде врачeна партиската книшка и секако поклон од државата 24 каратен златник со грамажа не помала од 2 килограми.

Фејсбукот нема да постои, децата ќе играат социјални игри во природа.
Во основните и средните училишта како и на факултетите сите ќе пијат исклучително здраво органско млеко добиено од кози кои живеат на надморска височина не помала од 1000 метри.
Правнукот на Џејми Оливер ќе се ожени за Македонка, тој тука ќе живее и ќе готви Македонска храна за основците.

Турбо фолк ќе нема, секој оној кој ќе биде забележан како се поти и поруменува на тие за човечкото уво многу дисонантни звуци ќе биде стрелан на лице место.
Проститутки ќе нема и наркомани исто така ќе нема.

Фудбал, ракомет и кошарка ќе бидеме меѓу првите 5 репрезентации во светот во било кој момент.
Утакмиците на Барселона со Вардар ќе бидат стандардно дерби, ќе бидат играни на стадионот кој ќе го носи моето име.

Секој 20 човек во земјава ќе биде некаков инжинер.
Програмирање, електроника и механика ќе бидат области кои ќе ги владеат и 10 годишните деца.
Децата уште од мали ќе бидат учени на логичко размислување, ќе бидат воспитувани во строг патријахат и почитување на заедницата.

Просечниот животен век ќе биде 110 години.
Македонија ќе биде лидер во светот по квалитетот на човекиот живот.
Македонија ќе биде главна земја во советот за безбедност на ООН, таа ќе одлучува која планета од кое соѕвездие ќе се нападне, а која ќе се насели.

Сите ќе бидат среќни во земјата создадена од мене.
Таа во себе ќе ја содржи мојата ДНК, мојот дух, мојата идеја и мојата енергија.
Луѓето ќе живеат во неа спокоен, смисловен и среќен живот.

*Македонија ќе си ги врати старите делови не по воен пат туку преку економска доминација на Балканот
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.480
Поени од реакции
2.342
Големите сили се во војни за преостанатиот дел од нафтата, како и водата. Популација 2 милијарди луѓе, поради 3-тата Светска војна која што направила големи штети на Европскиот, Северноамериканскиот континент, и најмногу на Азискиот континент . Земјата е премногу загадена планета. Европа е обединета во една држава, кадешто припаѓа и Македонија. Издигнување на Африканските држави, бидејќи луѓето гледаат една нова перспектива во нив. Влијанието на религиите е на најмал степен, луѓето се станати се' повеќе атеисти. Компјутерската технологија е во огромен напредок. За среќа научниците од целиот свет со нивното здружение „Better World - with the science“, собираат голема маса на луѓе против неморалните влади во Европа, Северна Америка и некои држави од Азија, кадешто потоа успеваат да ја уништат владата на Индија и со тоа да создадат добра подлога за создавање на новиот систем за заштита од радиоактивното зрачење, бидејќи претходно Индија била сојузник на Европа, па тука ги создавале најголемите проекти за оружја во Светската војна, и имале големи лаборатории за создавање на тие цели. Кина е голема пустелија, бидејќи била главното бојно поле во војната. Тамошните луѓе кои се занимавале со теории за заговор, сметаат дека тоа било и планот за уништување на големиот дел од популацијата на Земјата, од страна на тајните друштва. За жал планот се уништил со приклучувањето на Јужноамериканските држави во еден сојуз против НАТО што значело голем удар за Европа, САД и Канада. Но да се вратиме во 2112. Македонија има 3,5 милиони луѓе и се сметани за најперспективниот народ во Европа (изгледа тактиката на Грујо сепак дојде со позитивен ефект, мислам за раѓање на деца). Во Македонија се наоѓаат и најголемите научни институции за тоа време, бидејќи по заземањето на Индија од кинески бунтовник, Европјаните се свртиле кон Македонија како планинско место и како место со идеални услови за развивање на научни институ. Како и науката, која сега се обидува да го поправи Светот со новото движење, така и спортот сака со неговата популарност, но за жал не може, бидејќи не постои никаква атмосфера за тоа. Инаку здружението на научниците се' уште се обидува да ги освои институциите во Македонија, кадешто има одлични лаборатории за создавање на лекови против болестите од тоа време. По некое време во Африка има дури популација од 400 милиони луѓе (што е многу за тоа време на еден континент). Африка во сојуз со Јужноамериканска унија и Австралија прави воен план за ослободување на преостанатиот дел од Европа и Северна Америка, како и Азија. Планот се покажал како успешен. Во 22-иот век луѓето без разлика на тоа што ја имале најголемата разединетотст, ја имале и најголемата соработка.
To be continued...
 
M

Muranyi

Гостин
Во поглед на развојот на технологијата и науката би можел да утре да фантазирам и пишувам,а ме мрзи баш во моментов.Инаку и после 1 век ќе има робовладетели и робови,впрочем така е последниве 3000 години,така да во тој поглед нема ништо да се смени.Отприлика,налик на Орвеловата 1984,со некои мали разлики.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Дистописки општества, атмосфера сосема пресликана како од The Element of Crime на Ларс (ф)вон Трир, или па, конечно да не удри некој метеор па да не‘ нема воопшто...

:sneaky:
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Ја цел живот вака живеам и уште ми е супер. Гневот божји никако да ме сотре!
Убао е не викам не :) Али нема да бидам доволно среќен кога гледам тие околу мене да патат затоа би работел за "колективизација" него за индивидуалност :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom