Како го замислувате светот по 1 век?

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Создадете една визија за иднината... Како ја замислувате, дали на човекот ќе му помагаат роботи, ќе има вештачки органи, животниот век ќе биде подолг, ќе се најде лек на многу болести, дали човештвото ќе почне да населува други планети, технологијата каква ќе биде, друг политички систем итн..
Користете ја вашата фантазија, во рамки на возможното. :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
прво сценарио: нема да постои
второ сценарио: ќе се воведе нов систем - безкласно уредување (тие што го гледале Цајтгајст знаат за што зборувам)
трето сценарио: ќе се води војна за водата и нафтата што ќе резултира со првото сценарио
 
Член од
13 ноември 2010
Мислења
242
Поени од реакции
57
Дали човекот ќе му помагаат роботи ? - Да
Ќе има вештачки органи? - делумно да
животниот век ќе биде подолг? -Да
ќе се најде лек на многу болести? - за некои можеби
дали човештвото ќе почне да населува други планети? - хмм дискутабилно :)
Е за техонологијата каква ќе биде е многу тешко да се погоди , хаха
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
прво сценарио: нема да постои
второ сценарио: ќе се воведе нов систем - безкласно уредување (тие што го гледале Цајтгајст знаат за што зборувам)
трето сценарио: ќе се води војна за водата и нафтата што ќе резултира со првото сценарио
борба за ресурси, интересно, реално и можно сценарио :)
 
Член од
13 ноември 2010
Мислења
242
Поени од реакции
57
А што ќе биде со Македонија за 1 век ? Роботи ќе шетаат или ... :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
А што ќе биде со Македонија за 1 век ? Роботи ќе шетаат или ... :)
не, додека во светот роботи ќе шетаат во Македонија допрва ќе стаса експресниот воз што денес го има во Јапонија, како и дигиталните семафори, од тоа повеќе не очекувам :) сепак сме ние 1 век назад
 
S

Sagan

Гостин
Воспоставен контакт со неколку вонземски видови. Регрутирање луѓе во нивните војски, кои војуваат меѓусебе за ресурси, потенцијално и вода.
Човекот конечно осознава дека сите богови во кои верувале предците, се само различни типови вонземјани, кои и претходно ја истражувале планетата. Конечно сѐ добива смисла: египетските, нордиските, хеленските богови... Стариот завет.

За жал - предоцна. Драгоценото време човекот го упропастил на меѓусебни војни, религиски и меѓунационални конфликти, наместо навреме да се усмерел кон вистинската опасност: вонземјаните споменати во религиите како... слуги на ѓаволот.

Беше дозволена фантазија, не мрчете :icon_mrgr:
 
Член од
13 ноември 2010
Мислења
242
Поени од реакции
57
Во секој случај , интересна тема , да не забегуваме со глупости :)
мене искрено ме интересира траспортот и логистиката како ќе се извршува за 100 год (не во Македонија) :)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Во секој случај , интересна тема , да не забегуваме со глупости :)
мене искрено ме интересира траспортот и логистиката како ќе се извршува за 100 год (не во Македонија) :)
Возила на антигравитационен погон. :D

Иначе највеќе очекувам во темава да учевствуваат, некој кој често играат игри...
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
120
Поени од реакции
41
Се си мислам дека се ке се почне од почеток .... Новите откритија ќе ги поништат теориите на досегашните научници ... Луѓето ќе бидат некако подиви , недруштвени , осамени ... Си мислам дека ќе биде поголема катастрофа од што е ;)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Нешо ко бленд на Хајлендер 2 и Блејд ранер.Oh,and sex bots.

Но озбилно,повеќе го гледам светот како оди во сајберпанк правец.Технолошки развој но пропратен со зајакнато влијание на корпорациите кои ги контролираат сите политички субјекти,улични бунтови,теории на заговор итн.
 
Член од
23 септември 2011
Мислења
42
Поени од реакции
0
Интересна тема,сега зависи од кој аспект гледате песимистички или отпимистички :) Ајнштајн рекол "незнам со какви оружја ќе се борат во 3-та светска војна ама знам дека во 4-та светска војна ке се борат со стапчиња и камења" ама во друг случај мислам дека ќе биде добро и ке напредуват технологијата и науката до многу голем степен така што ќе има живот и на други планети и да можеме да патуваме од една во друга планета,да се зголеми просечениот време на живеење на лугето,лек за сите болести,здрав живот,потполно искористување на природните ресурси,како и што гледаме на научно-фантастичните филмови би имале и летачки автомобили уствари цел превоз би се одвивал во воздух... и уште многу други работи да не навлегувам да фантазирам премногу :)) доволно е.
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Едноставно ... Ке умрам нема да можам да го видам .. а фантазија ке биде .. борба за ресурси ке шетаат роботи низ град ... ке биде по практичен животот .. а ништо чудно да ни се симнат пријателчињата од МАРС .. !! :D
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Многу летате, 1 век направивте како да е 1000 години па вонзмески цивилизации лек за сите болести.
Нема да се смени ништо драматично, очекувам електрични возила кои ќе возат сами, комплетна компјутеризација на општеството, кина светска сила, животен век до кај 100-120 години
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Позитивно сценарио:По третата светска војна кон крајот на 21век каде најголемите битки ќе бидат помеѓу САД и Кина(која ќе биде прва светска сила)ќе се создаде една светска држава и светска влада и граници нема да постојат,ракот ќе биде едно далечно минато и примитивна болест на која сите ќе се чудат како во тоа време немало лек за нешто толку трагично во тоа време,во секоја област ќе има воведено нанотехнологија,Марс ќе биде веќе во фаза на тераформирање,веќе ќе бидеме стапени во контакт со вонземски напредни и попримитивни од нас цивилизации кои ќе го споделат барем дел од своето знаење со нас и ќе се воспостават некакви трговски врски како например рецепт за патување низ времето во замена за рецептот од КокПепси кое ќе биде најпродаван пијалак низ универзумот. Земјаните се повеќе ќе бидат свесни дека Млечниот пат во подалечната иднината нема да биде повеќе нивно место за живеење и покрај тоа што Марс наскоро ќе биде колонизиран. Поефтинува хамбургерот во Седмица.Пронајдена гробницата на Александар во Пробиштип.
Негативно сценарио:Земјаните продолжуваат да се самоуништуваат и се повеќе и повеќе Земјата оди кон пропаст што од топење на ледот на Антартикот што од многуте војни кон крајот на 21 и почетокот на 22 век,Северна Америка потонува како Атлантида и тоа е единствена позитивна работа во ова негативно сценарио,пчелите полека изчезнуваат.Скопје го мава уште еден земјотрес така што повеќето работи од Скопје 2014 и Скопје 2088 се рушат.Конечно се стапува во контакт со друга вонземска цивилизација и тоа се гледа како единствена надеж на за спас и можеби селење на друга планета или природен сателит на истата,но вонземјаните(како и да се викаат) немаат баш толку "хумани" намери и ставаат до знаење дека се дојдени како колонизатори а не како спасители и кога човештвото мисли дека неможе да биде полошо се вмешува и друга вонземска цивилизација која е во конфликт со претходната и така Земјата станува воено поле,воено бродови и ужас секаде морталитетот е 95%,а кон крајот на 22 век втората вонземска цивилизација ја разнесува Земја по поразот од минатата битка и така завршува се со убавата сина планета.
Steven Spielberg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom